Имам инфо од момче од Торино,еден од водачите на помала група на Други Ултрас, дека следново лето се очекуваат промени во Јувентус, независно од исходот на сезонава.
Андреа Ањели заминува од Претседателското столче во Јуве,и се преселува на челната позиција во Ферари, кој е исто сопственост на Ањели.
На Претседателското столче најверојатно застанува Павел Недвед, а се споменува и Дел Пиеро. Ако Недвед стане Претседател, на неговото место ќе бил поставен Марота, а Паратичи ќе биде поставен на местото на Марота. А, се споменувало дека Џираудо ќе биде ослободен од сите обвиненија и можно било да добија некоја улога. Изминатиов месец постојано бил во друштво на Ањели и Марота.
И според неговите информации, Конте наводно се враќа во Јуве после ЕП2016, наводно скоро се било договорено, и ќе добија менаџерски статус во Јуве, нешто налик на Англиските менаџери. Сам да си одбира играчи,и да учествува во купувањето.
Колку е ова вистина, ќе видиме следното лето.