Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Другар го следам Јувентус од 1997 и знам кој беше Јувентус од периодот 1997-2006,
Генерација сме по тоа коа сме почнале за Јуве да навиваме 96/97 :) Само работата е што тој период Јуве беше комплетен тим кој се одржуваше со по еден-два поважни трансфера секој година, а откоа се вративме од Б комплетно нов тим.. не моеш да очекуеш страв и трепет да бидеш во ЛШ после тоа. Марота и Конте ни ја вратија доминацијата во серија А(каква и да е) после 2 години на очај, сеа се обидуеме да бидеме константно и во завршницата на ЛШ, а финалето е добар почеток за тоа ;) Мора трпение за овие наши големи очекувања, да се направи помлада база и да игра заедно долго време... од друга страна не смееме да бидеме елитен Удинезе, тоа ме плаши само(Погба, Мората), али тоа за жал многу зависи од јачината на лигата
 
Oвa кaкo свеснo дa се oслaбувaме или пa не верувaaм декa немaме пaри.
Првенствoтo е дoлгo ќе видиме дo крaјoт ...
 
Ај здраво и од мене. Ме немаше некое време ама кога можев ве пратев во рид онли мод.
Искрено и незнам дали е поарно или полошо шо имав лимитиран пристап

Ај назад на Јуве,
- Формата. Искрено не ме чуди после она шо го гледав од пријателските. Она шо ме чуди е како успеавме да го тепаме Лацио за супер купот.
Се гледа дека тимот е раштиман и дека се осеќа отсуство на авторитет. Навистина има премногу трансформации ама не смее се што сме граделе до сега да се распаѓа.
Ај нека се затвори трансфер роков и мистеро нека турва масло на машината.

- Трансфер рокот. Ќе го парафразирам Моџи. Нема да е лесно да се покрие дупката зад Видал. Типот играше како за двајца па има доста за работа онај кој ќе го замени.
Пирло е преголам проблем да се замени исто. Едноставно нема многу такви играчи и неможи туку така да се замени играч како Пирло.
Не му замервајте на Марота дека го испуштил Дракслер од раце или дека го заебале. Нема да судам спортски директор по еден трансфер туку по целокупна работа.
Едноставно премногу промени се направија во тимот. ОВА е она што му го замервам на Марота. Едноставно не смееше да дозволи во ист трансфер период да му заминат толку клучни играчи. Со години трубам за постепена транзиција на составот. Со години кажвам дека Пирло е при крај, дека Видал и Погба сакале или не сакале ќе заминат и дека треба паметно да се изигра таа транзиција. Проблемот во моментов е шо немаме уиграна средина и поголемиот проблем е што неможиме да ја играме 352 бидејќи го немаме Пирло.

Кога веќе ја немаме оваа формација губиме многу на комбинаторики во составот и треба да се мисли нова основна формација и како истата ќе се трансформира во други во текот на мечот.

Ако се прашувам јас за следниот меч би одел со

Мората/Манџо
Дибала/Мората - Хернанес/Дибала/Переира - Квадрадо
Погба - Маркизио
Сандро - Киелини - Бонучи - Лихт
Буфон​

Заборавете на Пирло и негов наследник ни треба нова формација. Ако играме со АМЦ а интересот за Хернанес и Дракслер ми се предзнак дека така ќе играме тогаш заборавете на онаа позиција која ја играше Пирло. Бонучи ќе биди тој кој ќе дели такви топки.
 
Не е Манџукич замена за Тевез, не знам колку пати треба да се пише у фан клубов. А и кого да го донесат, Агуеро? А и Видал никој не го знаеше (барем не тие што не пратат бундес лига) па испадна клучен играч.
Само едно ке ти кажам Марота нема капацитет да го повтори легендарниот Каморанези кој беше непознат дете од втора лига Италија, не може да донесе играч од калибарот на Ибрахимовиќ кој во тоа време беше вундер кид цел свет го бараше а овој го донесе за факинг 15 милиони, никогаш нема да има капацитет да го заебе нашиот најголем ривал Интер Канаваро за 3 голман:pos:, играч од калибарот на Виеира го донесе за дјабе а имавме доста конкуренција за негов потпис тоа лето. Само провери какви тренери сме имале за време на Моџи филозофу
 
Последно уредено од модератор:

Кои тренери бе? Липи и Капело само. Анчелоти го сметаш за успех? 2-3 место и со Раниери бевме. Капело освои 2 скудета ама што направи во ЛШ? Значи остануваме само со Липи како „подобро“ (кој патем за воља на вистината од 4 обида само еднаш го доби финалето во ЛШ).
Марота го донесе Пирло за џабе. Го донесе Љоренте за џабе. Барзаљи за кило семки. Погба кој сега не го даваме ни за 100 милиони исто е донесен за џабе. Врвен напаѓач како Тевез донесен за само 9 милиони. Со просеци беше одземена титулата од Милан на Златан и Силва (и Алегри, патем). Ако ова за тебе не е успех, во услови кога најдобрите играчи бегаат од Италија ко ѓавол од крст, немам што повеќе да додадам. Па нека дојде Моџи со овој буџет нека работи ебате.
 
Мондо батец поентата е ако тебе не ти се бендисват шпекулации и нешто слично некој сака да ги чита е сега тебе ако не ти се читат не ги читај, јас разбирам револтираност али со тој коментар погоре ми го исмеваш трудот и се сериш на истиот не знам како си го мислиел али очигледно воопшто не си мислел како зигледа кога си го пишел или свесно си го пишал не знам.

И другото е тоа што погодија трансфер гуруата во Италија и Алегри вчера кажа дека имале договор и го чекале Дракслер и дека кажал дека ќе пристигни прогуглај малце ќе најдиш. Е сега ти што веќе 2 сезони чекаш да фејлни екипата за да си задоволиш его и да испадниш во право е друга работа.
Како прво ја исмевам работата на новинарите и трансфер експертите. Ти само го копираш тоа, јас не ни смеам да ти кажам што да пишуваш, а што да не пишуваш на форумот. Мене ми пречат шпекулациите и верувај ги скокам твоите постови со тие работи, само во око ми влезе тоа за Дракслер бидејќи мислиш наш играч беше веќе. Дракслер може стварно беше трансфер цел на Јуве и бевме блиску до потпис, но никогаш, ама баш никогаш не беше наш играч како што овие Ди Марцио и не знам ти кој го напишаа. Имаше еден куп наслови со "e fatta" што ќе замолам еден Интераш само да преведе што значи тоа, ако не чита секако.

Инаку јас да чекав да фејлне тимот сега дома ќе скокав од радост дека имаме два порази и ќе правев слава за тоа. Ама баш напротив косата ми побеле вчера, до црвениот картон како некој мајмун се дерев мислиш ќе ме слушнат на теренот.

Еве и после два порази не можам да се задоволам со помалку од прво место, едноставно реков порано и пак ќе кажам 10 пати по ред да освои Јуве и 11ти ќе барам со иста желба без нималку да ми опадне ентузијазмот. А не барам прво место без основа, бидејќи иако Јуве загуби играчи летото и тоа многу битни играчи сепак потроши преку 100 милиони на пазарот и ги замени тие играчи, а сега останува на теренот да успее тренерот да ги среди и вклопи.

И немојте сега повеќето да ми се вадите со муабетите дека ќе сте задоволни со второ место и дека Јуве е ослабен кога еве конкретно ти, а и речиси сите други трубавме на цел форум дека не сме ослабени, како така не биле битни Видал и Пирло.

Еве барем ти не поставувај двојни стандарди во постовите каде што летото тврдеше дека Јуве не е ослабен, туку дури и напротив покриен на сите позиции дури и подобро од лани, а сега да се вадиш со тоа дека фалеле Видал и Тевез и дека е нормално тоа што стартуваме вака катастрофа. Кај и да е уште да прочитам од тебе дека Пирло ни фали, играчот по кого плукаш цела мината година за да го достигнеш врвот на двојни стандарди во постовите.
 
Кои тренери бе? Липи и Капело само. Анчелоти го сметаш за успех? 2-3 место и со Раниери бевме. Капело освои 2 скудета ама што направи во ЛШ? Значи остануваме само со Липи како „подобро“ (кој патем за воља на вистината од 4 обида само еднаш го доби финалето во ЛШ).
Марота го донесе Пирло за џабе. Го донесе Љоренте за џабе. Барзаљи за кило семки. Погба кој сега не го даваме ни за 100 милиони исто е донесен за џабе. Врвен напаѓач како Тевез донесен за само 9 милиони. Со просеци беше одземена титулата од Милан на Златан и Силва (и Алегри, патем). Ако ова за тебе не е успех, во услови кога најдобрите играчи бегаат од Италија ко ѓавол од крст, немам што повеќе да додадам. Па нека дојде Моџи со овој буџет нека работи ебате.

Еј карајте се за Моџи и Марота колку сакате ама Липи не го чепкајте. Човекот во 8 сезони има исто финалиња во ЛШ колку Ферги. И за Алегри не е среќа да се стигни ЛШ финале, треба знаење да се изигра цела сезона на ниво за да се стигни до финалето, без разлика кои ни беа противници.
 
Ако ништо друго барем поинтересна ќе биди сезонава за пратење. Лани осеќам дека изгубивме кондиција кон февруари откако се виде кој е кој.

То се бара малку жар на форумов, само без лични навреди.

Инаку шпекулации мислам дека се добредојдени. Особено оние кај шо има малку чад. Е сега кој сака да си прај бајрам со умо нека крои фантази фудбал состави со Кавани, Хазард и Меси.
 
Не ви е досадно малце ова муабетиве со Моџи и Марота...? Споредувате различни времиња, јачина на лигата, и финансиска моќ на клубовите во Италија... катастрофа ви е дискусијава...

Хернанес ќе потпише 3 годишен договор со годишна плата од 2,7 милиони по сезона
 
Dortmund stigna do finale LS, se unazadija sledna sezona so transferite, Atletico isto taka, po mene slicno scenario i vie ke imate, bukvalno site igraci so gi zemavte se tri klasi poslabi od vidal pirlo i tevez :) ama aj moze alegri ke menja formacija ili nesto ke smisli pa ke se sklopat nekako
Добар си за човек кој се регнал на форумов со јузер инспириран од величината Бориело.

1CaCU0O.gif
 
Како прво ја исмевам работата на новинарите и трансфер експертите. Ти само го копираш тоа, јас не ни смеам да ти кажам што да пишуваш, а што да не пишуваш на форумот. Мене ми пречат шпекулациите и верувај ги скокам твоите постови со тие работи, само во око ми влезе тоа за Дракслер бидејќи мислиш наш играч беше веќе. Дракслер може стварно беше трансфер цел на Јуве и бевме блиску до потпис, но никогаш, ама баш никогаш не беше наш играч како што овие Ди Марцио и не знам ти кој го напишаа. Имаше еден куп наслови со "e fatta" што ќе замолам еден Интераш само да преведе што значи тоа, ако не чита секако.

Инаку јас да чекав да фејлне тимот сега дома ќе скокав од радост дека имаме два порази и ќе правев слава за тоа. Ама баш напротив косата ми побеле вчера, до црвениот картон како некој мајмун се дерев мислиш ќе ме слушнат на теренот.

Еве и после два порази не можам да се задоволам со помалку од прво место, едноставно реков порано и пак ќе кажам 10 пати по ред да освои Јуве и 11ти ќе барам со иста желба без нималку да ми опадне ентузијазмот. А не барам прво место без основа, бидејќи иако Јуве загуби играчи летото и тоа многу битни играчи сепак потроши преку 100 милиони на пазарот и ги замени тие играчи, а сега останува на теренот да успее тренерот да ги среди и вклопи.

И немојте сега повеќето да ми се вадите со муабетите дека ќе сте задоволни со второ место и дека Јуве е ослабен кога еве конкретно ти, а и речиси сите други трубавме на цел форум дека не сме ослабени, како така не биле битни Видал и Пирло.

Еве барем ти не поставувај двојни стандарди во постовите каде што летото тврдеше дека Јуве не е ослабен, туку дури и напротив покриен на сите позиции дури и подобро од лани, а сега да се вадиш со тоа дека фалеле Видал и Тевез и дека е нормално тоа што стартуваме вака катастрофа. Кај и да е уште да прочитам од тебе дека Пирло ни фали, играчот по кого плукаш цела мината година за да го достигнеш врвот на двојни стандарди во постовите.
Моно немам план да ти реплицирам на цело ова оти знам дека ќе се вртиме во круг така да бецелно е а имам попаметна работа - да се спремам за на одмор.

Изворот беше директно од Торино од hq овој пат.
 
Сега со доаѓањево на Хернанес бар Бонучи нема да го мачиме со фри кикс :D ...сем ако првиов не ја забораил таа мајсторија :cautious:
 
Сега со доаѓањево на Хернанес бар Бонучи нема да го мачиме со фри кикс :D ...сем ако првиов не ја забораил таа мајсторија :cautious:

Јас мислам дека на полусезона ќе го вратиме Пирло, барем за слободните да ни се најди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom