Ај здраво и од мене. Ме немаше некое време ама кога можев ве пратев во рид онли мод.
Искрено и незнам дали е поарно или полошо шо имав лимитиран пристап
Ај назад на Јуве,
- Формата. Искрено не ме чуди после она шо го гледав од пријателските. Она шо ме чуди е како успеавме да го тепаме Лацио за супер купот.
Се гледа дека тимот е раштиман и дека се осеќа отсуство на авторитет. Навистина има премногу трансформации ама не смее се што сме граделе до сега да се распаѓа.
Ај нека се затвори трансфер роков и мистеро нека турва масло на машината.
- Трансфер рокот. Ќе го парафразирам Моџи. Нема да е лесно да се покрие дупката зад Видал. Типот играше како за двајца па има доста за работа онај кој ќе го замени.
Пирло е преголам проблем да се замени исто. Едноставно нема многу такви играчи и неможи туку така да се замени играч како Пирло.
Не му замервајте на Марота дека го испуштил Дракслер од раце или дека го заебале. Нема да судам спортски директор по еден трансфер туку по целокупна работа.
Едноставно премногу промени се направија во тимот. ОВА е она што му го замервам на Марота. Едноставно не смееше да дозволи во ист трансфер период да му заминат толку клучни играчи. Со години трубам за постепена транзиција на составот. Со години кажвам дека Пирло е при крај, дека Видал и Погба сакале или не сакале ќе заминат и дека треба паметно да се изигра таа транзиција. Проблемот во моментов е шо немаме уиграна средина и поголемиот проблем е што неможиме да ја играме 352 бидејќи го немаме Пирло.
Кога веќе ја немаме оваа формација губиме многу на комбинаторики во составот и треба да се мисли нова основна формација и како истата ќе се трансформира во други во текот на мечот.
Ако се прашувам јас за следниот меч би одел со
Мората/Манџо
Дибала/Мората - Хернанес/Дибала/Переира - Квадрадо
Погба - Маркизио
Сандро - Киелини - Бонучи - Лихт
Буфон
Заборавете на Пирло и негов наследник ни треба нова формација. Ако играме со АМЦ а интересот за Хернанес и Дракслер ми се предзнак дека така ќе играме тогаш заборавете на онаа позиција која ја играше Пирло. Бонучи ќе биди тој кој ќе дели такви топки.