Кајганеро
Немој не ме радуј!
- Член од
- 3 јули 2010
- Мислења
- 2.905
- Поени од реакции
- 2.853
Таткото на Мората: Може да се врати во Реал!
Автор: Петар Кузманоски 05/06/2015 158 Прегледи
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората игра одлична сезона во дресот на Јувентус и беше најзаслужен за пласманот во финалето од Лигата на шампиони откако постигна два гола против Реал Мадрид.
Мората во Јувентус пристигна минатото лето токму од Реал Мадрид, а во неговиот договор постои клаузула со која „кралевите“ можат да го вратат на „Сантиаго Бернабеу“ за 35 милиони евра.
До пред извесно време самиот напаѓач изјавуваше дека не ни размислува за враќање во Реал Мадрид, но сега со доаѓањето на Рафа Бенитез работите се променија.
Денес неговиот татко Алфонсо Мората за медиумите потврди дека постијат големи шанси Мората ова лето да се врати во Реал Мадрид.
„Не ја исклучувам можноста мојот син да се врати во Реал Мадрид. Тој е професионалец и е приврзан за тој клуб. Во фудбалот се може да се случи во текот на 48 часа. Ќе видиме што ќе се случи ова лето, сега размислува само за финалето во Лигата на шампиони“, изјави таткото на младиот напаѓач.