acermk
лавот во сенка
Се на се добар натпревар тактички видовме дека Алегри е способен тренер самите сме си криви за голот сепак не фати некој голем замор на крај Рома изгледаше посвежо од нас на сите позиции доста се истрошија играчите...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ај објасни ова издоминиран во последните 20 минути? Која беше разликата во играта на Рома пред фамозната 70та минута и во последните 20 минути? Освен шо се осоколија и шо трчаја појќе, створија некоја стопроцентна шанса? Изиграја акција за Жервињо или било кој? Абе шут на гол немаја 90 минути освен хедерот на Манолас (единствен шо покажа нешто малку од малку) Јувентус играше на контри и пред 70та минута, играше на контри и после 70таОваа сезона има две околности во Италија. Едната е добра за нас, а тоа е фактот што оваа Рома во споредбата со Рома од минатата сезона изгледа не подобро од Киево на пример. Другата се разбира е лоша, а тоа е фактот што Јувентус оваа сезона губи бодови на начин што минатата сезона не можеше ниту да се смисли. Не смееше да си дозволат играчите на теренот да примат гол со играч повеќе во последните дваесет минути. Исто пак не смееше Алегри да си дозволи неговиот тим да биде издоминиран во последните дваесет минути знаејќи дека има бројчана предност. Мораше да тргнеме кон втор гол.
Знам дека повеќете ќе сте задоволни од резултатот и од играта, а и јас бев задоволен се до 70та минута. Не може да останам задоволен знаејќи дека победата ни беше во рацете, а исто и предноста од 12 поени. И не може да останам нем пред она што и порано го имам забележано и кажано овде, а тоа е делумната кукавичност во тактиките на Алегри и пристапот кон играта. Што сакате кажете но тоа во никој случај не е добро.
bas toa sto sakav da go kazam, i aman u kurac vekje so to 'lani ova ona' ako nisto drugo ligata e daleku pojaka od lani ali dobro Allegri nie trener normalno e samo da se pluka jasno e vekje toa..@Scirea @Mondonico Mоже да објасните како тоа сме се повлекле последни 20 минути? Кукавички сме се повлекле? Дајте малку анализирајте , објаснете... смени формација Алегри? извади напаѓач внесе дефанзивец? Како се повлековме кукавички? Се остана исто по голот , се сменија две работи, едната е што некој од нашите играчи ако не и сите помислија дека е готово нели предност и играч повеќе психа јебига лоша работа у секој случај , а другата и најбитна ствар која се смени е РОМА , играта на Рома со 2 клучни измени и едноставно тргнаа во офанзива и тоа доста прецизно одчучно и агресивно, нашите тука им се фатија нозете и се случи тоа што се случи, Алегри нема апсолутно ништо згрешено тука и ако сакате да продолжете да плукате како по секое нерешено сезонава поставете аргументи, не само ветер и магла чаршиски муабети...дрн дрн...
Aко не ја гледаш причината јас ќе ти ја кажам, четврток играме со Фиорентина, па уште пет утакмици (меѓу кои реванш во лш) во три недели.Тутор, Синстер прво прочитајте го мистерот Мојо Рисин кој секогаш го брани Алегри што напиша, па после помислете дека не е само до мене или до Ширеа.
@Tutor друже а кој треба да влијае врз играчите никогаш во текот на натпреварот да не помислуваат дека истиот е завршен? Трајко, Петко или Алегри? Нормално дека Алегри. И тоа не преку натпреварот туку на тоа се работи со месеци и месеци. Концентрацијата на играчите е клучна работа и на неа треба да укажува секој тренер и тоа постојано. Да е првпат сезонава би било океј, но сети се што ни се деси против Сампдорија и Интер на домашен терен. Исто како и денес и тогаш водевме по 1-0 и необјасниво пристапот на играчите посебно во второто полувреме целосно се менуваше што доведе до тоа да ни израмнат двапати и плус тоа да имаат шанси и за победа. Сигурно се сеќаваш дека Буфон не спаси во повеќе наврати тогаш, а и глупавоста на Икарди и Освалдо кога се испокараа кој да шутне. Да не го заборавам овде и натпреварот против Чезена кој исто така при водство од 1-2 им дозволивме на Чезена пак да се вратат во игра и тоа пак преку тоа повлекување на почетокот од второт полувреме. Не е тоа ветер и магла тоа се аргументи со натпревари кои се одвивале на сличен начин и што е најболно поради слични грешки.
@SinisteR. знаеш која беше разликата меѓу првите 70 и последните 20 минути? Тоа што во првите 70 Рома имаше 11 играчи, а во последните дваесет 10 играчи на теренот и плус негатива од еден гол. При таква разлика Јувентус не смее да си дозволи да игра како првите 70 минути знаејќи дека како што постигнаа гол од прекин така може и да примат гол од прекин. Прекините при затварање и бранење се неизбежна работа. Јувентус нагости против Рома со бројчана предност од еден играч и водство од 0-1 треба да оди да постигне уште еден гол, посебно тоа што до крајот имаше уште здрави 25 минути. И онака имаме 9 бода предност не ја гледам причината да се остане затворен на крајот и да се чува предност од еден гол.
Кога се сите играчи истрошени зошто не направи порано замени? До 80та минута, а може и покасно не направи нитуедна замена. Колку и да ни фалат играчи, сепак подобро Падоин, Пепе или Љоренте да ги внесе порано и да избалансира малку. И не беа до толку истрошени играчите жити господ, па Рома играше нагости ЛЕ во четвртокот не може тоа да биде оправдување.Aко не ја гледаш причината јас ќе ти ја кажам, четврток играме со Фиорентина, па уште пет утакмици (меѓу кои реванш во лш) во три недели.
Со кој да тргниш по втор гол кога сите играчи ти се истрошени? треба да бркаш резултат? Ти си тој на кој му гори под нозе?
E знајш шо? ако го клаеше Пепе или Љоренте порано ти ќе речеше види го, го вади Мората/Тевез го клава Љоренте/Пепе наместо да оди на втор гол. Со Падоин ќе бркаш втор гол? Во право си, не беа истрошени, ама какви касапи испаднаја Рома цела среќа некој шо не се повреди, па да останиме без негоКога се сите играчи истрошени зошто не направи порано замени? До 80та минута, а може и покасно не направи нитуедна замена. Колку и да ни фалат играчи, сепак подобро Падоин, Пепе или Љоренте да ги внесе порано и да избалансира малку. И не беа до толку истрошени играчите жити господ, па Рома играше нагости ЛЕ во четвртокот не може тоа да биде оправдување.