Тутор, Синстер прво прочитајте го мистерот Мојо Рисин кој секогаш го брани Алегри што напиша, па после помислете дека не е само до мене или до Ширеа.
@Tutor друже а кој треба да влијае врз играчите никогаш во текот на натпреварот да не помислуваат дека истиот е завршен? Трајко, Петко или Алегри? Нормално дека Алегри. И тоа не преку натпреварот туку на тоа се работи со месеци и месеци. Концентрацијата на играчите е клучна работа и на неа треба да укажува секој тренер и тоа постојано. Да е првпат сезонава би било океј, но сети се што ни се деси против Сампдорија и Интер на домашен терен. Исто како и денес и тогаш водевме по 1-0 и необјасниво пристапот на играчите посебно во второто полувреме целосно се менуваше што доведе до тоа да ни израмнат двапати и плус тоа да имаат шанси и за победа. Сигурно се сеќаваш дека Буфон не спаси во повеќе наврати тогаш, а и глупавоста на Икарди и Освалдо кога се испокараа кој да шутне. Да не го заборавам овде и натпреварот против Чезена кој исто така при водство од 1-2 им дозволивме на Чезена пак да се вратат во игра и тоа пак преку тоа повлекување на почетокот од второт полувреме. Не е тоа ветер и магла тоа се аргументи со натпревари кои се одвивале на сличен начин и што е најболно поради слични грешки.
@SinisteR. знаеш која беше разликата меѓу првите 70 и последните 20 минути? Тоа што во првите 70 Рома имаше 11 играчи, а во последните дваесет 10 играчи на теренот и плус негатива од еден гол. При таква разлика Јувентус не смее да си дозволи да игра како првите 70 минути знаејќи дека како што постигнаа гол од прекин така може и да примат гол од прекин. Прекините при затварање и бранење се неизбежна работа. Јувентус нагости против Рома со бројчана предност од еден играч и водство од 0-1 треба да оди да постигне уште еден гол, посебно тоа што до крајот имаше уште здрави 25 минути. И онака имаме 9 бода предност не ја гледам причината да се остане затворен на крајот и да се чува предност од еден гол.