Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Nemame pobeda vo Neapol od 2000 god. a isto taka treba da im vratime za "porazot" vo Doha.

I toa so dobra igra, i borenje 90minuti a ne 50 min.

BRAVO za Allegri najprvo i za celata ekipa za pobedata! Od 2000 nemavme pobedeno tamu, redno beshe, ama igrata pak ne mi se dopagjashe...!
 
CARUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUU MOJ!!!!

NAJDOBAR CAROT vecerva.. i sekako vleguva vo forma posle serija povredi iako sepak toj se borese sekogas i so povredi i se. I Kielini vecerva bese dobar, so Caceres imame srekja, sekogas koga igra toj pobeduvame :D
 
Не изигравме којзнае што, ама така и треба на дерби натпревари нагости. Ми се допадна тоа што Алегри не ги пушти играчите да трчаат како муви без глава уште на почетокот бркајќи рани голови, туку остави да се смири работата и после тоа да се обиде да дојде до резултат. Пишав и во Серија А темата, а ќе пишам и овде дека имавме малку среќа. Посебно што Де Гузман промаши еден на еден со Буфон во првото полувреме, па после шансата на Игуаин кога Киелини го блокираше и на крај тој црниот лик од Наполи кој се реши да глуми пенал или што и да беше :pos:

Двата тима направија грешки во одбрана и тоа големи, но ние многу подобро ги искористивме и затоа постигнавме три гола, а Наполи само еден. Од друга страна не ми е јасно како остана Бритос сам при корнерот :eek:, па дури немаше ни директен чувар. Од овој натпревар треба да ги земаме бодовите и да заборавиме се друго. Не извлече индивидуалноста, но од другата недела потребно е свртување нов лист и многу поквалитетна игра. Сега имаме три натпревари по ред на домашен терен од кој еден во купот против Верона, па потоа во лигата против Верона и против Киево. И во трите натпревари ни се потребни победи и тоа без да примиме гол. Алегри ќе мора многу да внимава со изборот на играчите, посебно што наредните два натпревари се играат во рок од три дена. Во купот треба да им се даде шанса на Џовинко, Коман, Падоин и слични. Се надевам дека на Касерес не му е ништо, бидејќи му требаат натпревари да се врати во играчка форма. Евра во последно време се консолидираше и успеа да внесе некој баланс во својата игра. Се надевам дека така ќе продолжи.
Маркизио по не знам кој пат за мене е играч на натпреварот, бидејќи неверојатно добро игра на двете страни на теренот. Видал и Љоренте имаат пролазни оценки, додека Тевез не одигра ништо. Алегри исто има пролазна оценка, пред се поради смирениот пристап во играта, но уште многу има за работа.
 
Не ја гледав утакмицата, знам резултат ама не планирам да читам мислења, кажете само страна од кај да спуштам торент да ја изгледам. По пат сега си купив чипси, пиво и чоколадо, ќе ја гледам на рајат.
п.с Според резултатот и стрелците #pobednicki #mentali #tet сме покажале
 
@DeviAngel Ме дементираа играчите, успејаа да се вратат во игра ама пак не сум задоволен со Алегри. Премногу им дозволија на Наполи на почетокот на второ полувреме, исто се деси и со Интер. Да не беше голот на Касерес, Наполи ќе продолжеа со тоа темпо и ќе дадеа гол и немаше шанси да се вратиме
Победа во Неапол немаа 14 години, ти веројатно задоволен ќе бидиш кога ќе имаат 99% посед на топка, и 123 шута кон голот :). Неапол на Јуве му е најнезгодниот гостински терен за играње, а резултат 1-3 е и тоа како одличен, така да супер.Нормално дека ќе има периоди од натпреварот каде противникот ќе има иницијатива, особено кога играш во Неапол против Наполи. Победа, и повторно си ја вратија разликата со Рома.

Наредно коло играме со Верона дома, не очекувам никаков проблем, а Рома гостува на Сицилија во Палермо, кој секогаш знае да изигра одлично дома. Впрочем, 5ти е на листата на домашни натпревари. Дома има постигнато 5 победи, 3 нерешени и 1 пораз.
 
Наредно коло играме со Верона дома, не очекувам никаков проблем, а Рома гостува на Сицилија во Палермо, кој секогаш знае да изигра одлично дома. Впрочем, 5ти е на листата на домашни натпревари. Дома има постигнато 5 победи, 3 нерешени и 1 пораз.

Играме првин во купот со Верона во четврток па потоа и во првенство,после ни идат Киево дома и Удинезе на гости мислам,треба да заредиме една серија да одиме на 5-6 бода плус.
 
Не ја гледав утакмицата, знам резултат ама не планирам да читам мислења, кажете само страна од кај да спуштам торент да ја изгледам. По пат сега си купив чипси, пиво и чоколадо, ќе ја гледам на рајат.
п.с Според резултатот и стрелците #pobednicki #mentali #tet сме покажале

Почекај малце, тука ќе ја има. За гледање, без потреба да ја симнуваш.
најверојатно во секаков квалитет. 720, 480, 360.

http://livefootballvideo.com/fullmatch
 
Играме првин во купот со Верона во четврток па потоа и во првенство,после ни идат Киево дома и Удинезе на гости мислам,треба да заредиме една серија да одиме на 5-6 бода плус.
Нека се фокусираат во Италија и ЛШ што е можно повеќе да стигнат, во купот може да му даваат шанса на Примавера составот.
 
Слатка вечера имавме, за жал и ја не ја гледав... замислете сега од љутина, Везув да еруптира :D



Еден мал детал... не знам за вас, али мене стварно ми се свиѓа оваа комбинација на дресовите и шорцевите:drk: сонувам да ја имаме стандардно како домашна постава:pipi:
 
Го дупчи Тоти али точен превод? :D

10930090_780491188691810_7779936476118142306_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom