Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Па шосторе малер бе, кај е Пепе коќе ти треба.

ЕТЕ ГО ПАДОИН !!![DOUBLEPOST=1414867143][/DOUBLEPOST]
Алегри свика нешто и Лихт му ја пикна раката влице во стил многу зборвиш...
g7.gif
Се мислам дека на Џовинко му велеше после пак се сврти Алегри беше над него а овај се гледаше негде долу на клупа и пак прикажа нешто.
 
Таков беше аголот на камерата, тешко е да се процени кон кого беше упатена.
 
Мора да сеп ризнај после голот ни се дигна некако довербата, дали беше разнишана не знам. Ме нервира што голот ние постигнат од мртва игра, од слободен удар а не од игра кој очај. После то со Тевез почнавме да личиме на нешто, Мората мора да игра против грчињата. Переира мора да има место во тимот а Видал полека полека си се враќа во нормала иако првото беше ужасен. Пирло одличен гол, ама сакам да го видам потаму освен голот во првото и до голот пасовите му беа катастрофа не само него али од него очеквуам дупло поќе, сакам да го видам против Олимпијакос и Атл. Мадрид да игра убо не против никакви мртви екипи ко оваа.
 
сменавме, кога напаѓаме играме 4-3-3.
Бонучи ПРОСЕКУ ![DOUBLEPOST=1414867810][/DOUBLEPOST]ауу кој пробив на Падоин :eek:
 
Буфон да си го пофалиме мора, 2 одлични топки фати, кои сигурно ќе беа гол.
Едната одбиена, и едната сега против кој и да беше.
 
Па добро бе колку треба да си глуп да добиеш црвен во последната секунда од натпреварот.[DOUBLEPOST=1414868602][/DOUBLEPOST]Па коќе видиш дека Евра е повреден и е очај, а Падоин трча ко будала, знај да нафрли, да се позиционира и моментално на тактички план е свелтосни години пред Евра, би го играл 2-3 утакмици како лев бек .
 
Последно уредено:
Како што видовте ни против еден емполи неможеме да се снајдеме кога ке ни играат пресинг(иако тоа го можат 5 или 10 мин)само поради слаба техника бонучи киелини и компанија,кога испадна огбона кој е технички најмногу спремен од одбраната одма се осети поголема сигурност,но дефинитивно бонучи треба да се одмори на клупата и тоа добро,нека се крсти на алегри што игра 3-5-2 инаку со 4ка во одбрана нема да го види теренот покрај (барзали,касерес,огбона) и да се надеваме дека против олимпијакос ке изиграме на ниво бидејки не ни е на арно работата. Форза Јуве
 
Лошо дечки, многу лошо. Веќе сме прочитана книга, се крстиме во индивидуален потег да не спаси, немаме никаква игра. Се надевам дека ќе промени Алегри нешто со Олимпијакос оти со ваква игра немаме што да бараме во ЛШ.
 
Го извадија од гомна мистерот, индивидуалците Пирло и Буфон. Немавме игра во првото и во второ не бевме нешто посебно. Тие шанси ако им ги дозволиме на Олимпијакос пиши пропало.

Нешто што забележав на претходните натпревари, а ми се потврди и денеска е следново. Пасовите на Пирло не се толку прецизни делумно поради негова вина, велам делумно затоа што денеска убаво се забележуваше оти нема синхронизација на теренот меѓу играчите и нивните движења. Пирло ќе ја даде во длабочина, играчот ќе си остане на место. Обратно, ќе ја даде Пирло директно кон играчот, тој ќе тргне во длабочина. Треба да има поголема синхронизација и усогласеност, нешто што го имаше до префекција под Конте. Кога ќе се сетам на тренингот Конте кога ги натеруваше по 100 пати да повторат една иста акција(истото го прави и со репрезентацијата сега) како нема да ја знаат на памет. Чисто се сомневам дека Алегри толку обраќа внимание на движењата без топка и на уфрлањата без топка, што резултира со доста грешки во долги топки кои се повеќе последица на неизвежбани движења без топка, отколку на непрецизни топки.

Пирло знаев дека ќе го даде голот, не можеше да не изневери и денеска. Играше така-така пред голот, но после тоа доби малку замав и почна да си доминира онака како што знае. Видал лошо, додека Мората задоволително. Можеше и подобро, но тоа ќе се случи ако продолжи заслужено да добива шанса од стартот. Видал е казнет за наредниот натпревар во Серија А, но искрено мислам дека не заслужува место во стартниот состав против Олимпијакос, иако мислам дека ќе го добие.

Ситуацијата ако се повредени Огбона и Асамоа во одбраната е алармантна. Би имале 5 повредени, сите од одбрана. Алегри не знае да се снајде со целосен тим, па се прашувам како ќе се снајде со искастрен состав. Кога ќе ми текне дека Џенова некни стартуваа со дете родено 1997 година (кој патем одигра одлично), се прашувам зошто толку многу е страшно во Јуве во натпревар од Серија А шанса да добие некој дечко од примаверата, посебно сега кога сме во критична ситауција со играчи кои недостасуваат.
 
Алегри се мислам со стартувањето на Џовинко и Мората сакаше да види како можи да ги искористи во друга формација со враќањето на Барзаљи и остали.

Конте, Алегри, Марота сите бараа дефанзивец во летото сега знаеме зошто.
 
Се надевам дека ќе промени Алегри нешто со Олимпијакос

Тој несакаше ништо да промени против Палермо и Емполи.... а ти велиш за Олимпијакос нешто рокади да прави

Што те гледам чуден:LOL:
 
Тој несакаше ништо да промени против Палермо и Емполи.... а ти велиш за Олимпијакос нешто рокади да прави

Што те гледам чуден:LOL:

Мора поради повредите да игра со 4ца во одбрана и тоа Лихт,Бони,Киелини и Евра. Е мислам дека не е толку ненормален да импровизира со Лихт ЦБ. А осеќам дека ќе игра 3-5-2 и Љоренте ќе стартува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom