Некој бара воспитна за Погба кој играше без грешка цело полувреме и со неговото влегување во игра Јувентус едноставно танцуваше по таа десна страна .Сепак се греши иако имаше уште 2 играчи од одбраната .
Како и да е надигран беше Милан имаме добра сезона до сега во Сериа А .
Погба стварно изигра без грешка се до 90тата минута, или кога и да го примивме голот. Дечкото едноставно толку е талентиран, што и голман да го стават ке биде добар.
Ама, не смее толку да лета у облаци и да мисли дека може тројца да издрибла, цела средина и лева страна му беше слободна да проигра, он идеше да изнуди фаул(или да издрибла, незнам кој му беше намерата). Џабе му е и 90 минути без грешка да ги изигра, ако направи ваква грешка на крај. Добро е што имавме 3:1.
А, се согласувам дека можеше и одбранта да изреагира подобро. Не памтам сега убаво, ама мислам дека Барзаљи требаше да тргна да ја болкира таа топка. Бонучи го имаше Матри одма на него и несмееше да мрда, а човекот на Барзаљи беше нешто подалеку. Да не зборам на памет, ке ја погледнеме снимката, ама јас мислам вака отпрлика дека беше.
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 23:49 ---
Да не беше некој од тука на собиранкиве што ги прават ЈувентусМк во Велес, Охрид и Скопје?

Јас бев во Скопје, т.е. скоро секоја утакмица сум, ама денеска имаше посебно добра атмосфера.
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 23:56 ---
Видал последни 30тина минути наш најдобар играч, покажа како се игра со срце, иако цел натпревар губеше топки, пробуваше постојано на прва да игра, а не му успеваше. Последната третина од натпреварот ја изигра без грешка, дури имаше и една ситуација каде што ја изгуби топката и го бркаше играчот 10-15 метри и си ја врати.