Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Карлос Тевез во Јуве, Сериа А: 179 изиграни мин, 3 шута во голот, 2 гола. :)
 
Сериозно ова Погба што побарал пет пати повисока плата? :eek:
 
Па и ова новинариве, ако тие не ти ја извртат приказната, нема кој. Пред неколку дена имаше вест дека Јувентус ќе му понуди нов договор на Погба, а во него вклучува и зголемување на платата. Незнам сега од каде го извадија ова дека самоволно барал покачување
 
Па и ова новинариве, ако тие не ти ја извртат приказната, нема кој. Пред неколку дена имаше вест дека Јувентус ќе му понуди нов договор на Погба, а во него вклучува и зголемување на платата. Незнам сега од каде го извадија ова дека самоволно барал покачување
Искрено кажано, не ме чуди, бидејќи сепак се работи за Мино Раиола :). А да бидам искрен според мене ова беше само прашање на време кога тоа ќе се случи.

Погба на Конте заедно со Видал летово му беа недопирливите, така да Раиола (доколку е вистина ова на Спортмедиасет) пробува да извлечи што е можно повеќе плата за неговиот играч. Искрено, не верувам дека Раиола почнал со таа цифра, ама да се биди реален, Погба ако продолжи со онаа игра што ја игра, веднаш ќе се понуди тим што не 4, 6 мил. ќе му дадат, така да сметам дека во корист на Јуве е што е можно побрзо да ја одработат работата и да си се договорат со Погба. Мислам дека платата во никој случај нема да биде испод 3 мил.
 
Гледам никој ништо не пишал колку потрошил Јувентус овој трансвер период... Информацииве ми се од transfermarkt
Сме потрошиле 28.248.000 £, а сме добиле 32.340.000 £ од продавање/позајмување играчи.
4 милиони во плус сме, благодарение на...
bth_trollface.png


kikomcjuve и јас сум за зголемување на неговата плата, несмееме таков талент да изгубиме, ако ништо друго ќе ќути во наредните 2-3 години.
 
Марота изјави нема продавање на Погба барем додека не го исполни својот потенцијал.
 
kikomcjuve и јас сум за зголемување на неговата плата, несмееме таков талент да изгубиме, ако ништо друго ќе ќути во наредните 2-3 години.
На Погба ќе се прават пари. Само Марота треба да изигра правилно, како што своевремено изигра Моџи со продажбата на Зидан. Очекувам сега да добие продолжување на договорот кој сигурно во себе ќе содржи откупна клаузула, со плата над 3 милиони.
 
Лихт двоен стрелец за Швајцарија.
tumblr_msnl05ANvA1qevds0o1_400.gif
 
Погба е најквалитетниот млад играч што сум го гледал. Таква физичка способност и самодоверба немам видено во друг 20 годишен играч. Добива неверојатно дуели и вреди многу пари на пазарот. Сакам да остане колку е подолго во Јуве, но таков тим сме што мислам дека за некоја сезона ќе го продадеме за огромна сума(се разбира ако продолжи вака). Затоа сега нека седне Марота и нека му го продолжи договорот како знае и умее, другото ќе биде лесно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom