Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.332
- Поени од реакции
- 18.783
Мака ми е кога го гледам Лихштајнер како централен дефанзивец. Што сакате кажете за Исла дека бил подобрен, дека не знам што друго, ама швајцарецов е цар. Не е тој за централен дефанзивец и иако мислам дека Конте го игра таму поради тоа што сеуште им дава одмор на репрезентативците, според мене треба да го врати на неговата природна позиција да го гледаме како турка и турка напред се додека може. Исла каков играч нека сака да биде, Лих си е Лих и јас го сакам тој да продолжи да биде тоа што беше до сега. После се што направи за Јуве, не заслужува да биде седнат на клупа заради некој како Исла кој никогаш не покажал зошто треба да го носи овој дрес.