тактичка анализа на играта на Јуве од страна на многу добар постер т.е. Миланез од мојот форум кој има време нека прочита мн разјаснува работи
Многу добра анализа.Читам и тука некој не се задоволни од играта,сме немале посед,немало шанси итн

.Не знам што што очекувавте побогу,не гостуваме кај Пескара,па ај ќе се отвори игра,да се дадат што е можно повеќе голови.
Одлична тактичка поставеност од страна на Конте,се играше доста претпазливо,после голот на Маркисио уште во третата минута,се затвори играта,се играше типичното катанаџо од времето на Липи,кое му донесе голем успех на клубов во минатото.Свесно се препушти играта,Селтик имаше повеќе посед на топка,али далеку од тоа дека висеше голот.Создаваа шанси,али освен оние маказици во првото полувреме,на една рака можеше да се избројат сериозните шанси на Селтик.
Од друга страна Јуве трпеливо си ја чекаше шансата и скоро сите шанси на мечот,освен онаа на Вучко(кога го издрибла голманот) се искористиа,и на крај дури и убедливо славеше Јуве со 0-3,резултат кој ретко кој го очекуваше.
Пак ќе кажам,се гледа дека Конте и помошниците добро ја имаат проучено играта на Селтик,ништо не случајно,или на среќа.Имаат увидено дека отворената игра,налик на Барса,не поминува во Глазгов,тоа го осети и самата Барселона,па затоа и ја прилагодиа играта према противникот.Се играше старото добро катанаџо кое беше претпознатливо за италијанските екипи,стил на игра на кој не сме навикнати да го глеаме Јуве во Серија А,али тука се покажа како доста успешен.