Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Задоволен сум од утакмицата. Посебно од Соренсен кој со своите 18 години покажува дека има одлична иднина и мора да добива шанси во текот на шампионатов. Аквилани истотака одличен во првото полувреме, по паузата делуваше малку изморено и не беше ангажиран во акциите како во првото полувреме. Мислам дека тука и го загубивме поседот на топката и затоа ни падна и нивото на играта. Маркизио стандардно одличен и борбен. Кваљарела покажува уште еднаш дека е најдобриот напаѓач што го имаме и мора да биде откупен на крај на сезона! Јакинта иако постигна убав гол мислам дека не заслужува стартерско место во тимот во никој случај, едноставно премногу 90-100% шанси промашува. За да даде еден гол треба да му бидат направени 10 шанси.
Траоре според мене имаше позитивно деби, не знам што видовте лошо во неговиот настап денес, за промена добиваме супербрз дефанзивец. :)
Киелини гладијатор! Си го рашамара културно Бориело :pos:

За Рицоли... Суди на дерби утакмица од најжесток карактер, свири пенал зa играње со рака кое е апсолутно ненамерно инстинктивно движење за да се заштити од удар во глава! Да не го коментирам фактот што пеналот е досуден после судиското продолжение од една минута...




мотај на 1:30 ----> Ова не е пенал.

мотај на 0:30 ----> А ова е!
 
lelele koa kaza komentatorot eve go amauri vleguva kako zasiluvanje za juventus hahaha daj be ne me zezaj :)
Inaceee toa penalot so go dosudi se mu ebam se kriese pepe ( mislam deka on bese ) nesakajki e tova !!!
A chielini nez stvarno kakva borbenost iskina covekot BRAVO :) Forza Juve!!!!!!!!!!!
 
MEXES: “Siamo superiori alla Juve. Per lo scudetto dipende da noi.

Рома се супериорни од јуве :pos2: море земаа бод и одма биле супериорни :) кај ја виде Мексес супериорноста на Рома на оваа утакмица жити се.
 
Рицоли или е слеп, или е ќорав, или не гледа дека Пепе беше точно на линијата од 16 метри, што би значело слободен удар од тоа место. Не е работата дали Пепе оправдано или не играл со рака, туку тоа што не било внатре во 16-ник.
 
Задоволен сум од утакмицата. Посебно од Соренсен кој со своите 18 години покажува дека има одлична иднина и мора да добива шанси во текот на шампионатов.
Браво за Соренсен,а пред се за Дел Нери кој му укажа доверба,и му даде шанса на 18 годишниот дефанзивец да биде стартер на еден ваков дерби натпревар. Тоа не беше одлика ниту на Раниери ниту на Ферара,а добар потег прави Дел Нери што им дава шанса на младинците да играат а особено на еден ваков натпревар.По денешните перформанси Соренсен најверојатно ќе добива уште повеќе шанса во првиот тим на Јувентус.Дефинитивно денес изигра доста добро како десен бек,и е далеку покорисен од Мота кој прави доста грешки во одбраната.

Ернесто Бронцети, ФИФА Агентот кој помага при трансферите во Италија и Шпанија, изјави дека договорот меѓу Јуве и Атлетико Мадрид за Форлан е постигнат.Веднаш после тоа Марота го демантираше тоа изјавувајќи дека Форлан е играч на Атлетико Мадрид и е сигурен дека тоа ќе биде и во иднина. линк
 
Тоа е тоа идемо даље основна цел годинава е да се вратиме во лш доста е густа табелата
 
За Рицоли... Суди на дерби утакмица од најжесток карактер, свири пенал зa играње со рака кое е апсолутно ненамерно инстинктивно движење за да се заштити од удар во глава! Да не го коментирам фактот што пеналот е досуден после судиското продолжение од една минута...




мотај на 1:30 ----> Ова не е пенал.

мотај на 0:30 ----> А ова е!
Па добро бе брат, зарем не забележа дека таков случај само на Јувентус му се суди? :jaj:
 
Дечки не сакам да се правам праведен или пак нешто паметен но од судиски аспект ситуацијата на пепе се свири пенал бидејќи топката оди кон голот и се запира со отворена очигледна рака без разлика во која положба играчот беше завртен..е сега дали беше внатре или беше надвор тоа треба помошникот да увиди но помошникот си држеше линија за офсајд..а некој како apidrone што очекува судијата да е компјутерски програмиран и да ја види секоја можна (не)ситуација и да досуди правилно тогаш кај му бил крајот на човештвото воопшто..разберете како што прават грешки фудбалерите така прават и судиите бидејќи се човечки суштества фала богу..само на судиите од публката не му се признава бидејќи не знаат всушност каква професија е таа а од страна е лесно да се коментира...а вие тука можете до утре да му карате се живо и диво на рицоли кога тоа на пепе беше чист пенал и тука скоро сите не се кадарни да зборуваат за таа случка бидејќи рицоли убаво ја погледна раката и има судено над 500 натрпевари во неговата кариера и сигурно повеќе од нас знае што е пенал а што не..гледајте малце реално на работите а не само да се контра...!..поздрав
 
Тоа што е досудено е досудено. Натпреварот е завршен и нема веќе назад колку и да се дискутира на таа тема. Пепе ги држеше рацете далеку од телото што во таква ситуација во 16 метри, тоа е класичен пенал. Проблемот кај Рицоли е тоа што во прв момент воопшто не свиреше, туку некоја секунда подоцна кога Тоти реаѓираше како да видел жив диносаурус. Подпадна под реакцијата. Прегледајте ги снимките уште еднаш. . .

Најголем виновник беше Јакинта кој до пред голот имаше 2 одлични шанси. Со world class напаѓач на негово место (тоа што ни фали) ке имавме, ајде не мора 3 но 2-0 во прво полувреме. Премногу шанси му се потребни за да постигне гол. И Дел Нери потсети дека требаат да бидат многу поубоити во нападот и максимално да ги користат шансите.
Добро за тимот ке биде Траоре да остане фит што подолго. Маркизо на неколку пати одлично му даде топки во празно на Гросо, но овој не успеа ниту еднаш да го претрча противничкиот играч. На Траоре ке му требаат 7-8 натпревари за да влезе во ритам со оглед на фактот дека имаше 2 повреди едно по друго и активно нема да играно околу 3-4 месеци.

Марота и Дел Нери го пофалија Соренсен и јас им се приклучувам во пофалбите. Од младинците на Јуве кои играа до сега, Соренсен е нејзрел да игра во првиот тим. Ја има смиреноста на скандинавците без паника интервенира без разлика дали во негова близина има противнички играч. На неколку пати одлично се постави против Вучинич и ниту еднаш не дозволи да биде поминат од играчите на Рома.

Овој натпревар Јувентус требаше да го добие, со оглед на фактот дека наредните два натпревари ги играме против Џенова и Фиорентина. Таму мора да победуваме. Во случај на победа на Милан вечер, ке ни се одлепат добри 6 бода што е релативно голема разлика во овој дел од шампионатот.
 
Соренсен е одличен во дефанзивните задачи, киксира од време на време ама за искуството и годините шо ги има е еден од најдобрите трансфери на Јуве летово. Уште памтам дека се заебававме со Марота овде кога го донесе во последниот ден од летниот рок. Сигурно има добри скаутчиња лево десно ко знаел да го донеси дечиштево.
Мала грешка на ДелНери е шо го играше како десен бек, а не централен бек, сепак го постави на позиција каде неговите потенцијални грешки би биле помалку страшни. Е сега грешката дојде до израз во офанзивните задачи со тоа што речиси и да немавме напад повлечен од него, имаше многу неточни подавања и тн и тн, јасно дека е централец и каде каде ова е надвор од негов домен, ама еве на пример Бонучи е ѕвер за дриблање па сметам дека подобра формација би му била со Бонучи десно а Соренсен средина.

Форлан - колку шо разбрав јас имале сериозни несогласувања околу цената.
 
Аквилани и Кваљарела дефинитивно заслужуваат да го носат дресот на Јувентус и мора да се купат.Аквилани донесе креативност во средината на Јувентус,нешто што недостигаше 2 сезони,плус Јуве ќе го ангажира за 16 милиони (каков што е договорот со Ливерпул, 16 милиони на 3 годишни рати),што е одлично издејствувана сума за Аквилани.Кваљарела е прв стрелец на Јувентус и заслужува да биде откупен.Најподвижен е во нападот,и е прв стрелец на Јувентус.

Марота за пеналот досуден од Рицоли изјави:

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]“At that time they let it go, here they did not. It is not fair to draw like this. Some people say we have been favoured by referees, but look at the Milos Krasic affair and tell me where these advantages are.”[/FONT]
„Некогаш тие го оставаат неказнето, овде тоа не се случи. Не е фер вакво однесување. Некои луѓе викаат дека ние сме биле фаворизирани од судиите,но погледнете на ситуацијата со Милош Красич и кажете ми каде се тие предности??“

Исто така Бепе Марота,изјави дека верува дека видео доказот ќе се употреби и против Бориело.линк
 
Има ли место за мене во тимот на Јуве фан клуб?
 
Дечки не сакам да се правам праведен или пак нешто паметен но од судиски аспект ситуацијата на пепе се свири пенал бидејќи топката оди кон голот и се запира со отворена очигледна рака без разлика во која положба играчот беше завртен..е сега дали беше внатре или беше надвор тоа треба помошникот да увиди но помошникот си држеше линија за офсајд..а некој како apidrone што очекува судијата да е компјутерски програмиран и да ја види секоја можна (не)ситуација и да досуди правилно тогаш кај му бил крајот на човештвото воопшто..разберете како што прават грешки фудбалерите така прават и судиите бидејќи се човечки суштества фала богу..само на судиите од публката не му се признава бидејќи не знаат всушност каква професија е таа а од страна е лесно да се коментира...а вие тука можете до утре да му карате се живо и диво на рицоли кога тоа на пепе беше чист пенал и тука скоро сите не се кадарни да зборуваат за таа случка бидејќи рицоли убаво ја погледна раката и има судено над 500 натрпевари во неговата кариера и сигурно повеќе од нас знае што е пенал а што не..гледајте малце реално на работите а не само да се контра...!..поздрав


kako tvoj kolega miki brat :) ....vidi gi dvete snimki od roma i milan i se ke ti stani jasno kako so velese drugarceto nase ( moe i tvoe) sudite na milan skudetoto mu go davaat :( , ama juventus gi zaeba ednas vo Milan - Juve , sea pak ke gi ebi oti se p* nevideni a ona berluskoni sramota e ostavka neka si daj ne biva onakov premier ....hmmm SErija B ? .....inace ...toa ne bese penal tuku sloboden udar ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom