Во клубот се е slowly. Како да се навикнаа сите на сивилово и го прифаќаат како нормално. Кој замина од Јувентус играч стана. Кој доаѓа му паѓа и форма и се. Костич лани баш го пратев искина дечкото и тоа со сериозни екипи, дојде овде под водство на експертов, како некој друг човек е. И најмногу од се ме нервира што тие што се најслаби на терен најмногу галамат, нема ни ред ни дисциплина. Квадрадо нејзнае кај тера а на сите им вика, Сандро исто. Перин, Бремер, Гати, Данило, Паредес, Фаџиоли, Мирети,Погба, Киеза,Костич,Влахо и Милик би ги оставил а се останато би продал. Локатели исто би го продал зошто не е ни упола од тоа што беше и играше во Сасуоло. Ако веќе правиш rebuild се прави од тренерот ама не, ние се вративме назад, на нешто што знаеме дека нема да има успех секако. Човекот пак да стигне до финале ЛШ пак ќе го загуби. Незнам само зошто не запнаа по Зидан, секако би се сложил на платата што ја зема експертов а неверувам дека не би сакал да биде тренер на Јувентус, клуб кој го направи играч.