Мора да се исчисти тимот од играчи како Бонучи, Сандро, Ругани, Де Лигхт(затоа што знае дека ќе си оди после прва сериозна понуда), Рамзи, Артур, Бентакут, Бернардески, Кулушевски, Рабиот(Евра пред некој ден му порача дека нема повеќе оправдувања), Мората, Кин...
Значи да бркаш резултат против Верона и да мора да редиш играчи како Мекејн и Бернардески стварно нема смисла.
Не дека е оправдување, ама тие не ни имаат желба за надигрување, желба за победа, Мората вчера беше очај, не доби ниту еден дуел, сите ги изгуби, исто и другите, освен Дибала.
Против Сасуло видов зошто го бараа Скамака, ги крена на клоци и Бонучи и Де Лигхт кој беше очај против Сасуоло.
Не очекував титула, но очекував тимска игра, борба за секоја топка, ама овај тим губи поради истите причини кои беа присутни и лани.
И нека не се споменува Пирло, пошо со него против Барселона, Аталанта, Интер, Милан, Кротоне тимот изгледаше буквално аматерски.
Против Барса и Аталанта топка не чепнаа 90 минути така да...