Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој дали ќе се врши пренос на натпреварот утре на телма?

Edit:Lazio - Sampdoria ќе ја даваат :zid: ќе мораме да се справиме со стримови утре.
 
Честито нов играч, Флоро Флорес
 
Замислете Цветко Цветковски се препородува кај нас и дава до крај на сезона 20 гола:pos2:
 
Замислете Цветко Цветковски се препородува кај нас и дава до крај на сезона 20 гола:pos2:

Страв ми е да не не' се разбудам. Бегај таму. Тоа би било лош сон.
Ама ако дојде, со среќа нека му е.
 
Буфон:
“Многу луѓе ми имаат кажано, во изминативе неколку години, дека со друг тим ќе имав можност да освојам многу повеќе титули и можеби тие ја говорат вистината. Но она што фановите на Јувентус ми го дадоа, сигурно нема да го најдам во некој друг клуб“
 
Што фала бе а да частиш торта кифлици ваму таму а а:):)

среќен родеден и секоја година да бидеш се попаметен да се гордее мама со тебе:)

Не заборавај руска салата! :pos:

Среќен роденден Бобо!!
 
Ако беше оставен Диего, во тој случај немаше да биде купен Кваљарела,а Кваљарела во 5 натпревари даде поголем придонес за Јуве, од тоа што го даде Диего за цела мината сезона.Марота беше доста критикуван за тоа што го продаде за 15 милиони Диего во Волфсбург, а според формата на Диего во Волфсбург,се покажа исправен потегот да се продаде.Можеби Диего да останеше во Јуве ќе играше подобро од лани како втор напаѓач, но дефинитивно немаше да биде подобар од Кваљарела.

Јуве само минатото лето направи драстична промена како во играчкиот кадар,во Управата (нов Претседател, Марота, Паратичи итн),така и во медицинскиот тим,нов тренер,нови помошници итн. Промена која што беше очекувана после катастрофалната сезона.Поголема промена неможе ниту да има.Беа продадени голем број на играчи, беа донесени 11-12 нови играчи.

Дури и Ањели и Марота се свесни дека моменталниот Јуве не е оној Јуве што треба да биде (дури тоа го имаат изјавено неколку пати), и што наликува на името и традицијата на клубот. Но, ниту Ањели ниту Марота ниту пак Дел Нери не можат сите работи да ги променат за само 3-4 месеци,посебно од состојбата во која беше клубот минатата сезона (комплетно демотивиран тим,тим без никаква дисциплина на терен).
Како прво Кваљарела не е купен туку е позајмен, и не мора да значи дека немало да биде купен, со Диего ќе имавме уште една опција плус. Гледаме сега каква е ситуацијата па ќе се крпиме со Флоро Флорес. Ние не се засилуваме туку се крпиме. Дел Нери и 5 години да остане во ЈУВЕ нема ништо да освои памти ми го зборот. Не е ништо поарен од Раниери или пак Закерони. Кога човек нема авторитет врз играчите, кога секој играч при излегување од игра прави гримаси и не го ферма ниту два посто, тој човек е осуден на пропаст. Јас знам дека Ањели пробува да го врати ЈУВЕ на старите патеки но со ваква стратегија не верувам колку ќе успее во тоа. Еве ајде прошлата сезона беше катастрофална, но и оваа многу личи на таа, дури имаме 2 бода помалку одошто прошлата сезона во овој период што доволно говори дека работите не одат на напред туку на назад :toe:.

--- надополнето ---

денес за поклон сакам амаури да го напушти јуве !

Среќен роденден :wink:
 
^^ Според твојата филозофија Фелипе Мело беше канта и Јувентус не можел да просперира со такви играчи, нели ?

Епа поради тоа не гледам причина зошто сега оваа твоја тројна теорија (дека Јувентус не чинел, дека Дел Нери бил маскота од тренер, а Ањели и Марота некомпетентни) можеме да ја сметаме како реален одраз на работите во Јувентус:toe:
 
^^ Според твојата филозофија Фелипе Мело беше канта и Јувентус не можел да просперира со такви играчи, нели ?

Епа поради тоа не гледам причина зошто сега оваа твоја тројна теорија (дека Јувентус не чинел, дека Дел Нери бил маскота од тренер, а Ањели и Марота некомпетентни) можеме да ја сметаме како реален одраз на работите во Јувентус:toe:

Секој има свој став, никаде не го спомнав Мело ниту тоа дека Јувентус не чинел. Ти си имаш твое мислење јас мое, ќе видиме за одреден период кој бил во право. Резултатите на крајот на сезоната ќе покажат колку добро работела управата, тоа е единствената мерка. Јас се надевам за доброто на нашиот клуб дека ќе испадне по твое, дека работите ќе се средат, дека Дел Нери ќе освои титула, дека ЈУВЕ повторно ќе владее во Италија, е сега колку е тоа остварливо со оглед на моменталнава состојба останува да видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom