Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
A kako uspeal da se povredi na toj nacin?
ех како успеал успеал некако :/ лесно е да се повредиш тешко е да се опоравиш после било каква повреда јас имав слично искуство како него али кај мене се работаше за скршеница на рака ..
 
Romulo: "Allegri has asked me to do what I did in Verona"

We talked before the game with Pogba, we agreed on changing positions often, to create confusion in the opposing team.
 
Колку ми е мака што го пропуштив лотото:vozbud: , (тоа е втора смена на работа и тоа во недела, упм:()
Немам коментар..., само искрено се надевам дека овај Јувентус од денес па натака ќе биде само ваков и никако поинаку. Доста ми е нервози, кршење и лупање по маса:LOL: . Денес на боранијава им беше извадено соопштение во кое се вели; да не се надеваат на титула во калчово и годинава :sleep:
 
Последно уредено:
Сме ги ги испердашиле а? А? :D

Баш ми е жал што фатив ептен малку, дајте видео од головите. :cool:
 
Осеќам дека Ромуло ќе ни биде екстра засилување за сезонава. Ептен сум задоволен од тоа што го прикажа вчера на терен... само во иднина Алегри да продолжи да го игра на оваа позиција и се ќе биде во ред. Видовме колку е ограничен во некои наврати кога го ставаа како крило во 3-5-2 формацијата, па затоа треба Алегри да извлече поука дека најдобро е човекот да го остави во средината на теренот...истото важи и за Асамоа.
Падоин :cuc:. Дојде време кога сите ќе се сложиме дека човекот заслужува да биде прва опција кај левата бековска позиција. Кај беше бре сине сите овие години? Малце фалеше летово да го шитневме во некое клубче во Италија.
Љоренте е екстра корисен кога е најистурен во нападот

Вака кога ќе видиме, и клупата ни е страшна, само нека продолжи да ја користи оваа 4-3-2-1 формација

Прв тим
Буфон: Лихтштајнер, Бонучи, Келини, Падоин: Маркизио, Пирло, Погба: Видал, Тевез: Љоренте

Втор Тим
Сторари: Касерес, Барѕаљи, Огбона, Евра: Асамоа, Ромуло, Переира: Џовинко, Коман: Мората

+ Рубињо, Мароне, Мота, Пепе, Матиело

:drk:
 
Парма не е некое мерило иако вакво истурање е за поздрав сепак после вчерашниов натпревар мислам дека со новиве сили би играле подобро отколку со проверениот наш состав..ова го велам најмногу поради Видал кој мислам дека летово психички се промени и не е тој Видал од претходните сезони презаситен е од Јуве плус знае дека ужива голем респект а и повреди го мачат па некако се загуби во последно време додека играчите кои не добија шанса овие години и новиве играчи кои сеуште не изиграле цел натпревар се желни за докажување и надигрување па според мене вчерашниот тим може да се тера почесто во понатамошните натпревари...
 
Абе дај не заебавајте со Падоин, од една утакмица против последно пласираниот тим во Италија, заклучивте дека треба да биде прва постава, и тоа на сосема неприродна позиција за него?

Чекајте малку другари, ајде да го видиме против Атлетико, или против некоја појака екипа...немам јас лично ништо против него, кога и да играл давал се од себе, ама прва постава, и тоа на лев бек?

Мило ми е што конечно имаме повеќе од 2ца играчи во форма во напад. Не е работата само да имаме замени што се тотално ван форма и неможат да ги предизвикаат Тевез и Љоки, сега и Мората го имаме и тоа во форма, па на слатки маки ќе е Алегри кого да стартува во напад.

Истото важи и за другите позиции, додуше одбрана моментално нема и многу избор, ама средина Видал незнам дали заслужува да стартува сега за сега, Переира е во одлична форма, еве гледам пофални зборови за Ромуло, така да...
 
@Scirea во никој случај не би го играл Пирло во прв состав.. Маркизио е покорисен на неговата позиција отколку да игра во средината полево или подесно или пак како полушпиц (таму па ич не е корисен) .. Дојде времето да кажеме дека Маркизио сосем солидно го заменува Пирло на неговата позиција ..
 
Уште да има кој слободни да изведува.. Вчера Пирло надвор од составот, Тевез сменет, па Погба ја испрати топката у 12ти ред. Ако сака Погба да научи да изведува слободни удари (нормално зборам за позиции во зона на шут), мора да работи на тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom