Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
@Mondonico Знам ти знаеше италијански, можеш да преведеш што збори Конте во клипов?
 
Многу го мразам трансфер периодот и затоа не ги коментирам овие глупости. Договори, преговори, позајмици, плати, доплатувања, 50-50, 10-90, можност за откуп, бла бла, дрн дрн. Да ти е*ам глупостите.
 
Што толку го сакате Гуарин па нели тој не е ниту Роналдо ниту Меси а вие само за него зборувате
 
Што толку го сакате Гуарин па нели тој не е ниту Роналдо ниту Меси а вие само за него зборувате
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 19:55 ---
Што толку го сакате Гуарин па нели тој не е ниту Роналдо ниту Меси а вие само за него зборувате

вие сте тие што го сакате вучинич така да и наше право е да го сакаме Гуарин
 
@Mondonico Знам ти знаеше италијански, можеш да преведеш што збори Конте во клипов?

Го гледав на фејсбук го имаа постирано цело видео од 10мин, каде што се коментираше и ситуацијата Бенатиа-Џовинко.

Инаку на почетокот овде новинарот вели дека според асистентот овде топката го напуштила теренот. Конте се смее после тоа и вели дека добро е ако е според судијата, да не е според нив така кажано затоа што него му изгледа дека топката е внатре во теренот и тоа не за малку. Новинарите таму се согласуваат со неговата констатација дека топката го нема напуштено теренот и фактички на Јуве му бил поништен гол. Сепак после Конте вели дека судијата има право да згреши и дека нема намера да се меша во нивната работа.

На крајот вели (цитирам): Добро е ова што се случи против нас, а не во наша полза затоа што после кој знае што ќе се случуваше со оние помагања кои ги зборуваат за нас (ова се однесува на зборовите на Тоти пред Јуве-Рома кога кажа дека Јуве добивал помош или на италјански кажано "aiutini".
 
фала богу ништо друго и не му преостанува да каже освен тоа :)
 
Што толку го сакате Гуарин па нели тој не е ниту Роналдо ниту Меси а вие само за него зборувате
Па подобра замена од Падоин е. Мора некој и во купот да ни игра, а не вака Пелусо да го ставаат во средина како крило.
 
фала богу ништо друго и не му преостанува да каже освен тоа :)

За жал Тоти уште пред да почне Јуве-Рома зборуваше за помошта која ја добивал Јувентус и на тој начин се меша во работата на судиите. Покрај тоа не е единствениот, до лани Морати, сега оваа сезона Мацари, па Алегри и Галијани отсекогаш си земаат големо право да ги коментираат и критикуваат судиските одлуки единствено кога не се во нивна полза. Не му текна на Алегри да изјави за лани дека неколкуте смешни пенали кои му ги досудија на Милан влијаеа во борбата за трето место, како што изјавуваше дека голот на Мунтари имал влијание врз победникот на Сериа А таа година.
 
Колку жолти картони треба за да му се даде на играч суспензија од еден меч во Сериа А .Знам дека и Тевез е на 1 жолт до суспензија .
 
Дали Марота на пресот изјави дека го има голот на Пелусо у мобилен?
 
Значи да го заклучиме веќе овој муабет со трампата еднаш засекогаш

Марота вчера ја изнесе вистината на дело... Нема веќе потреба од новинарски шпекулации како што милуваат Интерашите да викаат. Ањели добил порака лично од Тохир дека го има неговото "ДА" за трампата Вучиниќ - Гуарин. Играчите ги договориле условите со клубовите, а челниците задолжени за трансверот (Марота и компанија - Бранка и компанија), нашле заеднички јазик за целиот трансвер да се реализира. Трансверов што е планиран "не е од вчера", туку од декември, кога Интер како клуб воспоставил контакт со Вучиниќ... истотака Марота стапил во контакт со Бранка и компанија за трампа на играчи со цел поевтино да поминат на трансвер пазарот. Тохир може да им лиже гз сега колку сака на нивните навивачи, но Марота си го кажа своето, дека оние медиумски шпекулации дека претседателот на Интер незнаел за оваа трампа се лажни. Јувентус како клуб испадна каде-каде пофер од секогаш чесните Интер.
Значи што можеме да заклучиме од ова...

Јувентус:
- Јувентус како тим ништо не губи од ова, иако Интерашите си милуваат да кажат дека Тохир ги истролал ( :pos: ) до немајкаде.
- Јувентус моментално е стабилен клуб, и е на добар пат да го освои третото последователно скудето, клуб кој долговите му се сведени на минимум, пред се благодарејќи на Марота, кој успешно си ја врши својата работа.
- Што се однесува до Вучиниќ, Марота на пресот кажа дека тимот целосно стои позади играчот, иако сакаше да премине во најлутиот ривал. Јувентус го цени, она што Мирко го дал за клубот, иако сакаше да се префрли во Интер... во текот на преговорите не чувме/прочитавме ништо со кое Вучиниќ го оцрнил на некој начин тимот.
- Јувентус сеуште се активни во тоа да му најдат во што побрз рок нов тим на Мирко, па дури и на крај да остане кај нас, сеуште ќе биде опција во нападот. Пофер од ова Амин

Интер:
- Нивната неспособност уште еднаш се докажа на дело... а да не збориме за лагите што произлегоа од нивните простории за тоа дека Тохир незнаел за трансверот. Дали е Морати, или Тохир, исто ти се фаќа. НЕСПОСОБНОСТ!!!
- Интер како тим моментално се дави во споствените гомна. Очигледно финансиски сеуште се катастрофа, иако "тролот" Тохир, како што пишуваат нивните фанови, покрил голем дел од долговите.Формата им е катастрофална, и моментално се борат со Верона за излез во Европа.... штета што го укинаа Интертото купот :place:. Внатре во редовите владее анархија.
- Другото е тоталната непрофесионалност кон нивниот играч Гуарин. Не ме ни чуди што човекот реагирал така кон нивните челници (ама ај, како што велат Интерашите, медиумски шпекулации). Тоа се докажа и вчера кога не се појави на тренинг со тимот, и наводно излегоа шпекулации ( :love: ) дека му дале два слободни дена.
- Моментално кај нив не се знае што ќе се прави со играчот, незнаат дали да го задржат или ќе го продаваат, а МИСЛАМ дека Интер како клуб не излезе со соопштение каква е реакцијата на Гуарин по оваа трансвер сага
- Јако не истролале :pos:
_____________________________________________________________________________________

Ќе заборавев за малце, сакам само да му дадам едно големо :cuc: на господинот
market_8588_1372716001.gif
, што како голем професионалец не испаничи, и го направи најдоброто во овој случај за клубот и Мирко. Сега кога ќе помислам на неговата пресконференција, сватив дека не даде премногу информации за Гуарин, пред се на шпекулациите што кружеа за неговото однесување. Иако е играч на Интер, тотално се однесуваше ферски кон него, а верувајте можеше многу лесно да направи дополнителна драма и да откриеше нешто повеќе за овој случај.

Respect original troll :cuc:
 
^ Се што кажа Марота е на место ама јас уште се чудам како успеа да ги убеди на чиста трампа. Знам дека Марота е бог за трансфери а Бранка од Интер е алипен ама ова е веќе претеризам. Почнувам да се сомневам дека се занимава со хипноза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom