Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на формата на Гуарин и моменталната вредност на пазарот, ако се десеше овој трансфер, за мене ке беше број 1 во ерата на Марота, единствено на ниво на Видал.
Не ги сметам тука Пирло, Љоренте, Тевез и Погба, зошто кој се мачеше се форма, кој беше замрзнат од клубот, кој беше тотално непознат младинец, така да овие играчи му ги препишувам пред се на Конте што успеа да ги врати во игра.

И јас искрено се чудам како успеал да го убеди Бранка да мењаат чисто, без пари, за мене моментално Вучинич вреди 0(јебига, малку е субјективно ова, ама тоа е :P).

И да, секоја чест за Марота за тоа што го кажа за Вучинич. Мило ми е што му излегоа во пресрет и што нема да го остават на цедило, и да го шитнат и да го задржат нема што да изгубат, браво, прав професионализам. (y)
 
Според повеќе медиуми, Мацари вршел притисок да му се донесе Вучинич. Интер го имал Флокари како бекап план ако не успееле да го убедат Јувентус да го продаде Вучинич.

Но се споменува дека Јуве за Вучинич сега ќе бара чисти пари, без рати,позајмици итн, а на тоа да претходи објаснување директно од Тохир кон Ањели за настанатата ситуација.

Тохир доаѓал утре во Италија, а во Сабота се очекувала средба со Ањели, после која средба многу детали ќе биле појасни.

Исла и Џовинко може деновиве да имаат нови клубови. После Куп натпреварот со Рома најверојатно овие двајца го искористиле последниот џокер за да останат во клубот.
 
Аман бе, на крај ќе останеме без играчи :LOL:
 
Аман бе, на крај ќе останеме без играчи :LOL:
Тоа им е работа на медиумите, порталите и весниците. Ако не пишуваат вакви работи ќе нема кој да ги чита :) Па подобро Џовинко нека си замине него ли Вучинич и Кваљарела. Капацитетот на Џио се покажа. Испод нулата..
 
Moggi: "Inter are like a theater, they are there to make you laugh."

:icon_mrgr:

_6d9d9b4c2fb0c02fd82560a1aa9dff61.gif
 
Зашо бе волку бош број му дале...29:cautious:
А каков господски број си носеше кај нас, да не го знае некој, ке си рече ааа овој 11, мора да е носителот на играта. :icon_lol:
 
23.01tab3.jpg


Јуве е во профит од 272 милиони евра од минатата година... И на лето пак ќе немаме пари за трансвери
market_8588_1372716001.gif
 
Сме земале на заем некој тинејџер мислам Lorenzo Granatiero од Манфредонија.
[
 
23.01tab3.jpg


Јуве е во профит од 272 милиони евра од минатата година... И на лето пак ќе немаме пари за трансвери
market_8588_1372716001.gif
Кога ќе ми текне дека пред Фарсополи во сезоната 2005/2006 само Барса и Реал имаа поголем профит од Јуве :place:.Уствари пред 2006 Јуве скоро цело време е во топ 4 линк,а и општо сите Италијански екипи добро котираат на овие табели,што само укажува дека после Фарсополи целиот италијански фудбал отиде у к*рац.
Еве табела на кое подетално се прикажани бројките за сезоната 2012/2013
Deloitte-FML-2014.jpg


Јуве има најголем профит од влезници од сите Италијански екипи,но во споредба со Англискиве и Германскиве екипи изгледа смешно.А профитот од спонзори е многу мал во споредба со другиве големи екипи,Галатасарај и Шалке имаат поголем профит на ова поле од Јуве.
Златен Гадафи,во негово време со Тамоил го имавме еден од најаките спонзори во Европа,не е ни чудо што во 2006 бевме веднаш зад Барса и Реал на оваа табела.
Дефинитивно треба да се поработи на нови спонзорства,Адидас влага во Јуве од 2015/2016 што е голем плус,али треба да се донесе и нов главен спонзор.
 
23.01tab3.jpg


Јуве е во профит од 272 милиони евра од минатата година... И на лето пак ќе немаме пари за трансвери
market_8588_1372716001.gif

Не е ова профит, ова е приход. Што би било доколку сме во профит 270 милиони, за Меси ќе преговаравме сега :icon_lol:
 
Toa e целокупниот буџет со кој располага клубот, тука се вклучени парите за трансфери, платите на играчите и стручниот штаб, бонусите и други разни трошоци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom