Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
На 14 Декември на мечот против Сасуоло,ќе присуствува и Трезеге,да се поздрави со навивачите прв пат откако си замина од Јуве.Нејќам да зборам лошо за управата на клубот на чело со Андреа Ањели,затоа што извонредно си ја вршат работата во клубот,но доблесно е да се признаат и некои грешки кои ги направија до сега.
Продавањето на Давид Трезеге беше една од првите грешки на оваа управа,особено при таков мизерен напад и без соодветна замена за напаѓач од негов калибар.
Од денешна гледна точка,смешно и жалосно е што во тој тим им се даде доверба на дрвоно Амаури:facepalm: и Јакинта,а за докажан напаѓач кои 10 години беше во тимот и кој статистички даваше во просек по 17 голови по сезона,немаше место во тимот на Дел Нери.Таа грешка со пуштањето на Трезеге,се покажа и како кобна во текот на сезоната,Јакинта се повреди,Амаури не знаеше што е тоа гол(па беше позајмен во Парма),единствено Дел Пиеро и Кваља го држеа цел напад.Па по повредата на Кваљарела се крпеше нападот со Тони и Матри.
Јувентус после Трезеге не успеа да најде ваков бомбардер кој ќе гарантира минимум 15 гола по сезона.Љоренте е одличен напаѓач,полека со вклопува во концептот на Конте и дај боже да постигне барем дел од успехот кој го имаше Трезеге со Јувентус.
Grande TrezeGOL!

^Огромна грешка, го дадовме нашиот најдобар напаѓач последните 10 години за зимата да го позајмиме Тони. Не дека тогаш Тони беше многу послаб од Трезеге но имаше договор од 4 милиони кој ние ги ислативме.

Овде ги има сите голови на Трезеге во Серија А, нема постигнато гол со повеќе од 2 допири, вистински убиец.
 
1425273_10151688519056227_1376428460_o.jpg

One and Only ... Алесандро Дел Пиеро :)
 
Iaquinta e мн потценет на овај форум ... чудо невидено ...
Сплет на околности, повреди итн.Стварно ми е жал за тој играч, мислев дека ќе успее многу повеќе, но ете.. Инаку, тој добиваше лани и пред 2 години понуди од Фулам,Норвич и слични екипи од Англија, но ги одбиваше, а во Јуве не добиваше шанса. Сега не знам дали поради платата или поради тоа што не сакаше да замине од Италија, сепак се согласувам дека Јакинта беше доста потценет играч, од сите тренери во Јуве. Почнувајќи од Раниери, кај кој реално добиваше добра минутажа, па се до Конте.
--- надополнето: 31 октомври 2013 во 17:59 ---
FUERTE APACHE!!! CARLITOS TEVEZ!!
X4RnCK0.jpg

Браво!! Grande Tevez! Никогаш не заборава од каде доаѓа...
 
Мислам дека во видеово се гледа цела мајсторија на Трезеге и Јакинта, можеби најубавиот гол после Калчополи.
Embedded media from this media site is no longer available
 
Iaquinta e мн потценет на овај форум ... чудо невидено ...

Ако ова се однесува мојов пост погоре,каде напишав дека Амаури и Јакинта никако не заслужија да добијат место во тој тим на Дел Нери пред еден Трезеге,тогаш си стојам на мојот став.Нигде не го потценувам Јакинта,напротив солиден играч е,кој немаше среќа со повредите,али во никој случај не може да се споредува со напаѓач како Трезеге.

Башка на крај Јакинта испадна и право ѓубре.Знаеше дека не е во плановите на Конте и остана 2 години да лапа плата од клубот,иако не изигра ни минута во тие години.Да му се играше фудбал можеше да замине во Англија,каде доста клубови беа заинтересирани за него,али одлучи да си зима плата од клубот и да си седи дома.Од друга страна Трезеге кога дозна дека не е во плановите кај Дел Нери,одма си замина од клубот и отиде да игра за факинг Херкулес,иако имаше уште една година од договорот.И он можеше да остане во клубот уште една сезона,да зима плата од клубот и да си седи дома,али Трезеге не испадна таков човек,каде парите му се пред фудбалот.
 
дали заслужиле или не е ствар на форма и слично и нема да се расправам за то нешто.

Ама за Јакинта морам да те поддржам. Последните две години се заебаваше за трансферр периодите. Цело време збораше дол е трансфер рокот чекаме понуда бла бла бла , па на крај стигна да се крие зад децата. Наводно не сакал да му ја расипва средината за учење и слични фори. Мислам дека со ова понашање си ги потроши сите кредити кај навивачите и речиси се што имаше направено му пропадна во вода. За разлика од него еве ќе го земам Брацо кој ден денес е другарче со играчите поради нековиод коректен однос.
 
Не е нормално она што го прави Пирло, едноставно не е !! Како само успева така да го контролира телото и да се движи на таков неверојатен начин сеуште не можам да сфатам. Убавина е да се гледа како игра, а покрај тоа исто така ефикасно игра што е многу важно. Нека му го продолжат договорот таму и нека не се заебаваат, бидејќи таква класа нема на друго место.

Ќе коментирав за Јакинта нешто, ама кој ќе се расправа. Се на се тој е дел на минатото и тоа на не толку славното минато на Јуве и ќе биде запаметен како што е. За него само ќе кажам дека го погреши тајмингот на заминувањето.

Додека колку и зборови да се потрошат за Трезеге нема да бидат многу. Срамен беше начинот на кој дозволи управата да си замине. Тој исто како Недвед и Дел Пиеро заслужуваше последен натпревар, последен гол и standing ovation. За мене Буфон, Дел Пиеро, Недвед и Трезеге се играчите кој најмногу го карактеризираат Јуве во последните 15 години и сите заслужуваат исто место во историјата на Јуве. Жално е што управата дозволи Трезеге да си замине како остаток, како непотребен, наместо да имаше исто како на Дел Пиеро и Недвед, овации, аплаузи, солзи, емоции и сите други работи кои испливаат на таквите денови.
 
Ако ова се однесува мојов пост погоре,каде напишав дека Амаури и Јакинта никако не заслужија да добијат место во тој тим на Дел Нери пред еден Трезеге,тогаш си стојам на мојот став.Нигде не го потценувам Јакинта,напротив солиден играч е,кој немаше среќа со повредите,али во никој случај не може да се споредува со напаѓач како Трезеге.
Далеку од тоа. Јакинта е класи-класи подолу од Трезеге, тоа е без сомнение, иако неговиот скор не е толку лош за играч од негов калибар (86 натпревари - 30 гола).

Тоа што Дел Нери се одлучи да ги зачува Амаури и Јакинта, наместо Трезеге и тоа може да се констатира како голема грешка, која гарантирано немаше да се случи ако Антонио Конте беше на клупата на Јуве, каде што и самиот имаше изјава дека е богатство да се има таков напаѓач во својот тим.
 
Мислам дека во видеово се гледа цела мајсторија на Трезеге и Јакинта, можеби најубавиот гол после Калчополи.

IAquinta едноставно сакаше да се докажи во клубот за кој искрено даде се и заслужи мн повеќе од други да добие шанса, ги одби сите трансфери поради проста причина што на 32 години неќеше да оди во англија да се преселва со цела фамилија и стлано ама стлано го подржуваше Јуве и ништо лошо не рече. Отиде во Чезена само за да си ја врати формата и целта му беше да му се наметне на Конте и во новиот Јуве но кобната повреда му ја заврши кариерата интересно е што сеуште ги посетува Јуве и ги сака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom