Точно. И Галијани има изјавено дека како дете имал чекано автостоп од Монца до Торино, само за да го гледа Јуве. Ама тоа е во минатото. Тие се професионалци, Галијани има докажано дека е огромен фан и поддржувач на тимот во кој работи, исто како и Киело.
Можеби Киелини како дете навивал за Милан (иако изворов спортски.мк е многу нестабилен, ништо чудно да е и измислица, бидејќи изјавава ја нема на никоја поверодостојна страна, а пресна е случката каква фама се крена кога Балотели изјави дека бил фан на Милан, така да сметам дека и ваква изјава на Киелини доколку постои нема да остане незабележана од сериозен медиум), но сега е еден од главните столбови на Јувентус, и како што сам има кажано во „изјавава“ дека нема шанси да не почнеш да навиваш за Јуве кога ќе го облечиш дресот!