Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
де бе нели биде некој трансфер веке:tapp: или немат план за такво нешто:tapp:
 
За натпреварот секоја чест за нашиот број еден Џиџи се враќа во форма меѓу стативите.И имавме и немавме среќа на овој натпревар немавме во нападот каде што можевме повеке шанси да реализираме а немавме во одбраната која е преполовена со повредите сепак трите бода се наши:vozbud::vozbud::vozbud:нека се пазат Интер утре зашто сме гладни за титулата.:vozbud:
п.с Дел Пиеро на крајот на натпреварот изјавил нешто во стил Il Capitano:"i throw the jacket because they gave me the wrong size". и "they always give me giovinco's coat, and he's small':pos2:
 
Многу многу важна победа, ке признаам дека се спасивме во финишот но и тие имаа среќа во неколку наврати, но како и дае 3 бода си имаме. Буфон покажа зошто екипите нудат по 100 мил евра за него, Маркизио уште една блескава партија од него, а за пеналот на Јоветич беше пенал нема што но дали забележавте во истата акција кога со недосуден фаул беше запрен Дел Пиеро зш тоа не се спомнува од никого, али нема врска нека си зборуваат луѓето што сакаат ние сме на врвот моментално:smir:
 
де бе нели биде некој трансфер веке:tapp: или немат план за такво нешто:tapp:
Нц, Бранко Илиевски од Телма е изгорен по Милан, доволно е да гледаш еден меч на Милан, после на Јуве и на Интер, и минатата недела за Интер се остави, а на мечот Милан - Фиорентина удри доста самозадоволителни партии .

п.с. Честито триумф
 
Фиорентина не измачи, и како така стигнавме до победа..Се виде зошто е Џиџи нумеро уно голман во светов:) Да не беше тој немаше да го гледаме резултатов овој што е официјален... Искрено, играта не ме бендиса многу, ама тоа е фудбал, некогаш ќе имаш супер игра ќе загубиш или ќе биди нерешено, а некогаш ќе играш бледо, па ќе победиш..Најслаби на терен беа Занети и Недвед, а и Де Чеље некако многу збунето ми делуваше, ама имаше и некои добри потези..Како крило повеќе го бива, ама недостаток на играчи :toe:
Џиџи - Но Комент..Нумеро Уно...Се гледа зошто е најдобар голман на светов..И се гледа што значи да го имаш меѓу стативите Спајдермен...
Де Чеље - не беше максимално сконцентриран денеска, не покриваше навремено, имаше добри потези, но сепак не изигра денеска на ниво на кое сме навикнале да го гледаме..
Мелберг - Јас мислам дека изигра доста солидно..Неколку пати се снајде со доста побрзиот од него Јоветич, играше максимално посветено и секоја чест..Се искупи за онаа грешка на минатиот натпревар со Фиорентина каде во 90 мин примивме гол поради негов кикс...
Легро - Имаше некој кикс, но сепак добро изигра..
Григера - Не изигра лошо..Трчаше се трудеше, помагаше во одбраната, имаше еден проектил кон голот на Фреј но Фреј успеа да го скроти..Тоа му е силно оружје, силниот шут од далечина..
Маркизо - Мен оф д меч..Реализаторот на голот на Јуве..Максимално посветено, дриблинзи дриблинзи.. Неколку пати ги прати по бурек играчите на Фиорентина..
Занети - Најлошиот на теренот денеска..Потполно изгубен, без никаква идеа, креативност, распуцуваше насекаде каде што ќе му текнеше, и мислам дека требаше да биде сменет од Поулсен многу порано.. Да беше Сисоко на овој натпревар ќе беше поинаку, но сметам дека Раниери погреши што го остави до 88 минута Занети во игра а беше изгубен..Требаше да излези многу порано
Недвед, со сета почит за она што го има направено за Јувентус, ама се гледа дека го стасаа годините и дека не може да трча како порано..Се гледа дека дава се од себе, дека се труди да е максимално сконцентриран, но некако не е креативен, не внесува свежина, едноставно како да се плаши да шутира на гол, а во добри сеќавања ни се неговите проектили, по што беше наречен и Чешката Фурија..Жално, но вистинито..Од прво добро игра, ама нема иста кондиција да го издржи цел натпревар во исто темпо, впрочем и тоа нормално е, 37 години има..
Маркиони - Просечен натпревар за него..Не ни покажа нешто посебно, не ни потфрли..Рутинирано..
Амаури - Цел натпревар се трудеше многу, ама секогаш беше удвојуван, го чуваа двајца, и мислам дека извлече максимум од тоа што му се укажа како шанса..
Дел Пиеро - Пинтуричио (онака како што го викаше Ањели),може не покажа којзнае што на мечов, ама искуството си го прави своето..Имаше потези кои му годеа на цел тим, и го одлучија (асистенцијата до Маркизо)..Заприметив, кога Фиорентина почна жестоко да напаѓа, при еден не толку сериозен старт врз него, тој падна на земја, и лежеше, при што идеше амбулантна кола..Стартот врз него не беше којзнае колкав, ама мене ми се чинеше како намерно да прави така за тимот (одбраната) да се одмори, и да го згасне жарот со кој напаѓаа Фиорентина..
Џовинко - Се гледа голем напредок во неговата игра, и сигурен сум дека ако се насочи правилно дека од него ќе биде новиот Пинту!!

Раниери
- Забелешка ми е тоа што не го изваде Занети побргу, да го стави Поулсен побргу, да освежи малку средината...

Конечно да го видам Јувентус прв, макар тоа да било и за еден ден (се надевам дека таму ќе остани)...
 
Нц, Бранко Илиевски од Телма е изгорен по Милан, доволно е да гледаш еден меч на Милан, после на Јуве и на Интер, и минатата недела за Интер се остави, а на мечот Милан - Фиорентина удри доста самозадоволителни партии .

п.с. Честито триумф

aaaaaa грешка си .... интераш во душа е бранко ..... ако не веруваш најди го на фејсбук и се ќе ти стане јасно.

е да и да не биде оф топик .... честито победа !!! не ја гледав утакмицата така не знам што како било пенали или не , верувам дека јуве заслужи да победи
 
Ако фаќате OBN глејте ја на тој канал,ако сакате да осетите натпревар на ниво со коментатори кој ќе те кренат до максимум....

Инаку случајно свртев на Телма да видам тој нашиот шо збори...и пуштам и 5мин молк...и наеднаш тивко и заспано изусти: "И еве шанса за Амаури"....и одма вртам на OBN а таму коментаторите урлаат...така да кој има услови нека гледа обавезно на OBN!!!
:smir:

И за крај НЕКА НИ Е ЧЕСТИТО ПОБЕДАТА,И НЕКА ПРВОТО МЕСТО ЗА НАС БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО,ЗАТОА ШТО НАС НИ ПРИПАЃА!!!
 
Честито Победа:vozbud::vozbud::vozbud:Како само личи табелата со најдобрите и најтрофејните на 1 место.
Иначе коментаторите остајте ги ... сите се против најдобрите.
 
ајде нека ви е честита победата :smir:
само така продолжете .. и да земете титула ... да се врати на деле алпи :helou:
 
aaaaaa грешка си .... интераш во душа е бранко ..... ако не веруваш најди го на фејсбук и се ќе ти стане јасно.

е да и да не биде оф топик .... честито победа !!! не ја гледав утакмицата така не знам што како било пенали или не , верувам дека јуве заслужи да победи

Ајдеее и тој ли има фејсбук бре?? 100 милиони години има, а фејсбук си направил. Сака да се дружи:pos2:. Жива досада е човекот, вчера ми го отупе максимално...

ајде нека ви е честита победата :smir:
само така продолжете .. и да земете титула ... да се врати на деле алпи :helou:

Мислиш Комунале...
 
За натпреварот секоја чест за нашиот број еден Џиџи се враќа во форма меѓу стативите.И имавме и немавме среќа на овој натпревар немавме во нападот каде што можевме повеке шанси да реализираме а немавме во одбраната која е преполовена со повредите сепак трите бода се наши:vozbud::vozbud::vozbud:нека се пазат Интер утре зашто сме гладни за титулата.:vozbud:
п.с Дел Пиеро на крајот на натпреварот изјавил нешто во стил Il Capitano:"i throw the jacket because they gave me the wrong size". и "they always give me giovinco's coat, and he's small':pos2:
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: Леле ѕвер е капитенов хахахаха
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom