Буфон ѕверетино, добродојде назад! По незнам кој пат си докажа зошто е најплатен голман на светов! Ме фаќаше страв на секоја одбранета топка кога ќе помислев што ако не беше тој. Фаца на натпреварот, браво!!!
Џовинко иако кратко играше, ме остави без зборови кога се залета така брзо накај голот. Мало мало, ама техничарче. Ќе го биде детулево, иако ми е мака кога влегува на местото на Дел Пјеро. А тој па ... леле колку се накурчи што излезе, леле! Ама добро, остатокот од екипата во последно време не е за плашење да се остават сами ...

Прекрасен натпревар, се надевам дека ќе биде еден од оние поважните за избивање на прво место.
А коментаторот ... го слушавте??? Леее гнаса! Фиорентина заслужи барем нерешено, Фиорентина ова, Фиорентина она. Буфон одлично одбрани, ама Фиорентина заслужува подобар резултат. Хелоууу! Глупак ... преголема нервоза ми правеше!
Forza Juve!!!

