по еден кикс на одбраната но највиновен за голот без сомнение е Манингер
Манингер? Манингер да не беше ќе примевме 3 гола...Манингер беше на прва статива, Григера требаше да го покрија Мунтари, ама не го покри...И се одби топката од него... Манингер дефинитивно не беше ниту ронка виновен, не е волшебник цел гол да го покрија...Нејсе, беше што беше...Многу слабо одигран натпревар..Освен Сисоко, и Киелини кој беше најдобар во нашата екипа другите сите потфрлија на чело со Маркиони..Човекот беше дефинитивно, ИЗГУБЕН ВО СВЕМИРОТ!! Не знаеше кој пат да го фати...Фати ја топката, и без никаква идеја.. И Раниери тука згреши, требаше Каморанези да го стави, покреативен е, побрз, влезови, нафрлања...Интер, посебно напаѓаше од страната на Молинаро, тука ја виде Мурињо дупката во одбраната..Требаше на негово место да влези Де Чеље...Пораз си е пораз..Заслужено победија...Многу се нервирам постојано што местеа офсајд стапици, една недосудена и голема шанса, како таа на Ибрахимович, ама за среќа промаши..Ибрахимович кога беше чуван од Киелини просто НЕ МРДНА, а се мена чуварот и доаѓаше до израз.. Легро беше многу нервозен, несконцентриран, Григерана исто така..
6 бода е моменталната разлика...Наредно коло Интер го пречекува Наполи, а Јуве ја пречекува дома Реџина..Се надевам дека ќе го заборават овој пораз што побргу, и дека ќе и се одмаздат на Реџина за ланскиот меч во кој имаше многу сомнителни ситуации...
Продолжуваме понатаму, оваа битка ја изгубивме, но треба да бидеме со кренати глави, и да не потклекнеме, туку што е можно побрзо да се заборави овој дебакл и да се фокусираме на останатиот дел од сезоната...
И Јувентинит, не смее ни да се помисли на криза..