Фан Клуб: Интер

Nema teorija da dojde murinjo, ne se vraka pa sto saka neka e
A za ova so spaleti ziti sve kaj ima napisano deka imal vakva klauzula u dogovor : )))
Prv pat vakvo nesto da procitam za vakva klauzula, ne jebi :D
Абе на комшиката некоја колешка имала тетка во Италија која била омажена со некој Италијанец чива сестра работела во трафика пред стадионот во Милано и некој висок извор купувал весник и и кажал за клаузулата и дека намерно ќе изгубат за да дојде Мурињо...

Се заебавам за клаузулата правам филмови за полесно да го прифатам поразов, претпоставував дека баш ти ќе се упецаш и ќе побараш извор :D. Али длабоко во себе си верувам дека има таква клаузула и дека ќе дојде Мурињо во Понеделник.
 
На векијасињора форумот, Алегри сериозно го поврзуваат со Интер на лето, и дека не е само шпекулација. И тоа навивачи што се доста упатени околу клубот.
 
E добро бе Ио, што очекуваш да направат?
Ништо. Требаше да не прават ништо. Сега е касно.

Да го трејда пола тим за Икарди да биде среќен?
За сите да бидеме среќни.

Еве, просветли ме, како ова ќе се одразеше добро за клубов кога според секое логично размислување, она спротивното ќе се случеше, хаос, кој сега е минимизиран и ограничен само околу 1 играч.
Не Syn, веќе е хаос. Нема ништо ограничено во хаосот што го направија кога му ја одземаа лентата. Ако се сеќавам добро, јас и ти сакавме Спалети да се отпушти за да се средат работите. Наместо тоа, тие удрија по капитенот. Резултатите и сам ги гледаш.

он и понатака да е Капитен на тимот а без притоа да се извини или дистанцира од тие ставови
Ако мислиш да му се врати лентата, не сум затоа, тоа се стори.
Ако мислиш дека требало некому да му се извинува за да не биде казнет, тоа е друга работа. Мојот став не е дека не треба да биде казнет за нешто, туку дека казната е драстична и како што реков на почетокот, ќе доведе до полошо. Кој беше во право, јас или вие? Се сеќавам на почетокот сите бевте воодушевени, како сега Марота ќе донесел ред во куќа. Еве ви го редот, уживајте сега.

јавно кажува дека неговите соиграчи се срање
Срање се.

Е арно ама братчево начекува погоден момент на СРЕД СЕЗОНА и не уценува.Или ќе дадете 9кк или сезоната у неповрат.
Преговорите се почнати од лани летото. Беа одлагани и одлагани, прво од Аусилио после од Марота, кои секогаш наоѓаа начин да избегнат состанок. Аусилио изјавуваше многу пати дека ќе биде, дека ќе седнат... додека Икарди не сфати дека си играат ташак со него. Интер нуди близу 7м од почетокот и никогаш не се помрдна од тоа нагоре. Икарди бараше 10, 9, па 8... тоа преговори се?


Ако ја читавте поезијата што ја објави некни Икарди, видете го делот со ФФП. Тука меѓу редови ви кажува дека долги години нему му е ветувана плата со образложение дека ФФП е проблем, кога ќе се ослободат од ФФП ќе биде. И сега кога се ослободуваат од ФФП јасно е дека немаат намера да му компензираат за она што не можеле да му го платат порано. Ова е класично изигрување на играч, ветувања и многу ветувања, купување време.

Сфатете една работа: ако сакаме успех ни требаат многу играчи од калибар на Икарди и Шкринијар, не само еден-два. Ако сакаме такви играчи, треба да ги платиме, треба други играчи од нивен калибар да видат дека се грижиме за најдобрите за да размислат да дојдат кај нас. Во спротивно ќе играме со 33 годишни бивши ѕвезди и просек играчи во обид.

Не ви се смачи од 8 години пост? Мене ова ми е втора бантер ера, една веќе преживеав. Навивачите требаше да застанат на страната на силен Интер, требаше да направат притисок да му се даде договор на дечкото и да се избркаат мизериите кои тој, Шкринијар и 2-3 други ги носат на грб. И да се донесат нови силни играчи. Според мене, навивачите подлегнаа на медиумска хајка, која зеде замав на интернет преку мороните од Курва Норд кои дочекаа момент да ги израмнат сметките со Икарди. Колективно сите застанавте на страната на играчи како Перишиќ кои до вчера ги плукавте од сабајле до вечер, затоа што жена му на капитенот им кажала тоа што илјаднии други им кажуваа секој ден: дека се гомна. Па се увредиле луѓето и не можеле да играат повеќе, почнале да плачат на управата.

А бе тие се гомна затоа што се гомна, не ни треба Ванда да ни каже дека се гомна. Марш од Интер од еден до последен, уште ќе ми плачат. Што Тасе има играч што не одиграл добар натпревар од Јуни 2018 да ми се жали дека бил увреден. Тој треба заедно со Далберт и Асамоа и таквите да седи на магарешка клупа и да ќути, дури не одигра нешто. Икарди, Шкринијар, Де Вриј, Ханда, Брозо... тие може да кажат нешто. Ем шути ем бодат.


За да не се изгубиме во преводот, мојот став: Хаосот го создаде управата со неконтролирани прекумерни казни врз најдобриот фудбалер и капитен, затоа што не сакаше да игра како што му свират. Никако не го оправдувам одбивањето на Икарди да игра, едноставно мора да се врати и да ја доврши сезоната. Но секако ги обвинувам оние кои не можеа да предвидат тоа што јас преку тастатура го предвидов, дека со вакви казни ќе дојде до тотален хаос. Во сериозна компанија таквите ќе беа отпуштени. Сега и местото во ЛШ ни е под знак на прашање. Сето ова лесно можеше да се избегне.

And that is all I have to say about that.
 
@Io Sono Interista
Не сфаќаш очигледно дека капитенската лента, во било кој клуб, има огромна тежина, во клуб каде што Факети и Занети биле Капитени, сега не може едно папучарско лигле да поставува вакви мизерни стандарди за Капитен, во пакет со неговата жена.
Ја се согласувам со тебе дека играчите се лоши, тоа од старт и јас го кажувам кога Ванда истото го рече, ама едно сме ја и ти, друго е она, Капитен и Лидер на една екипа секогаш треба да застане пред играчите и да ги штити, какви и да се, а не да застанува позади неговата жена која вели дека се тие мизерни.
Еве си напишал долг пост ама апсолутно никаде не објасни каде ја гледаш логиката дека тоа е допустливо, ако он останеше Капитен, Интер како клуб ќе се насереше на таа капитенска лента, буквално ќе ја изгубеше секоја смисла истата и вредност, едноставно Икарди постапи крајно некапитенски и единствената можна солуција која резултираше од тие негови постапки беше таа.
Не е он избркан од тимот, тргната му е капитенската лента, и друго решение после зборовите на неговата жена, зборови од кои он не сакал да се дистанцира, е тоа, нема друго.

Значи батали договор и слично, проблемот не настана со договорот, доаѓа лето, се седнува на маса и ќе се види на што се, Интер дефакто му нуди повеќе пари, не дека му дава 200 000 евра поише со новиве понуди што циркулираат низ медиумиве. Негово е дали тоа ќе го прифати или не, нит сме прв клуб нит сме последен што глави во вакви преговори, ама еве одговори ми, каде е тука неговата професионалност, тие работи да ги тргне на страна а на терен да гази ? На терен он е мизерија оваа година, дупло полош од лани, во меѓувреме, неговата жена причината за тоа ја гледа во неговите соиграчи велејќи дека не и е ни до пари, ама сака бољи играчи од овие ( да, точно е ова, факт е ова, ама не си ти таа која треба да го посочи, нарочито не Јавно ). Многу беден изговор и од нејзина страна, изговор кој нанесе огромна штета на тимот, зашто на крајот од денот секако губиме бидејќи он не игра, а не игра не зашто клубот тоа му го забранува, туку зашто он не сака, со други зборови, покажува Нула лојалност и професионалност, и Нула капитенски карактеристики, зашто, ко што реков и погоре, Капитенската лента не се заслужува само со добри игри или со фактот дека некој X играч е најдобар во екипата. .

И во една ваква ситуација да се ставам на негова страна ? Апсолутно никад тоа нема да го направам, на крај краева го бранам спалети, човек кој го мрзам и не сакам да го глеам во Интер више скоро година дена.

п.с. Toa полошо за кое збориш, чоек, види какви бевме и со него на терен. Не дека он е крив за тоа и слично, знаеме каде лежи вината, ама муабетот ми е дека и со него на терен Интер не беше сјаен, а баш он откако одби да игра подигнаа форма, е сеа истовремено без него, изгубија и доста на квалитет, нападот ни е дупло послаб тоа секако ќе ни се одразува и ќе има утакмици ко вчерашната.
 
Последно уредено:
Пишав и во Арматa, ќе пишам и овде, Спалети мора да е некој крт во тимов, нема друго објаснување за ваквото водење на еден клуб кој со квалитетот е топ 4 екипа во земјата. Значи човече, губиме 2 1 од Каљари, си викаш ајде полувреме е таман сега ќе смени нешто, ќе ги стиснеме малце ама нееееее бе, ние искачаме на терен тродупло полоши од прво полувреме.
Друга ствар, губи 2 1 и класика прва измена 75 минута и тоа Валеро го става... Абе смрдеж, Мурињо кога губеше 5 напаѓачи ставаше, да и го ставам на мајка ти копиле едно никакво. И јаготката на шлагот трета измена Ранокија :pos:

Каков очаен тренер еј, и лани и сега докажа дека врска нема од менаџирање во битни ситуации, не знае како да се постави према играчите, да ги мотивира... Ќе се самоубијам ако случајно ни биде тренер и следната година, што уствари кога ќе видиш и нема да е лоша ствар.
 
И после сакате таленти да просперираат
Интер губи 2-1, на клупа еден единствен играч со напаѓачки карактеристики, нема ниеден друг ни приближно до таа позиција, си викаш еве ги моите 5 мин шанса, нешто за кое сонувам од копиљ, и доаѓа време за задња измена, и гледаш дека Ранокија влага во игра, стопер, на позиција каде Колидио и без една нога би бил покорисен од него, всушност ранокија и на својата природна позиција не е корисен, а не па во нападот.


Каков докторски потег на спалети, штета не го ногираа реков и вчера, кога беа раат на третата позиција, од глава ќе им се удри таа одлука а одговорност ќе нема, једино аусилио да летне у пакет со спалети али недоволно, со евентуално неодење во ЛШ неопправлива штета ќе му се нанесе на тимот и у таква ситуација све е јалово веќе.
 
Од оваа перспектива само чудо можи да се случи за да завршиме Топ 4...а тоа чудо е Милан или Рома или Лацио да губат се до крај и да бидат катастрофални..замислете допрва следат тешки дерби натпревари со Милан,Лацио,Рома,Наполи и Јувентус..а ако го поминиме Франфуркт тогаш пак исцрпувачки натпревари и сред недела бидејќи Спалетио стручњакот ќе ги игра сите битни играчи и таму..и кога ќе видиш сезоната бродолом,а во ноември имавме 100 бода предност пред Рома и Милан и мислевме дека ќе се бориме за второто место со Наполи:pos:
 
Само Балде може да ни ја спаси сезонава..

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
На векијасињора форумот, Алегри сериозно го поврзуваат со Интер на лето, и дека не е само шпекулација. И тоа навивачи што се доста упатени околу клубот.
Операција инфилтратор 3 :icon_lol:
 
Непотребно и неочекувано се создаде ОГРОМЕН проблем, во прашање е пласманот за ЛШ.

Без ЛШ заборавете на големи имиња како Ракитич, Лукаку, Модрич...
Финансиските загуби ке бидат огромни.


Имаме далеку подобар тим од Милан, Рома и Лацио и без Икарди. Само треба келавиот да ги мотивира играчите да покажат што знаат.

Ако се секавате, на почетокот на сезоната не сметаа за прв ривал на Јувентус. Според многу фудбалски критичари, според најголемите фудбасли имиња во Италија, Интер беше анти-Јувентус екипата која може да го симне од тронот.

Не е можно истит тим да падне толлу многу и да заборават да играат фудбал.

Мора да се врати самодовоербата а работите кои се случуваат надвор од теренои да си останат таму.
 
Апсолутно не го оправдувам неиграњето. Имаше време да го амортизира шокот, два натпревари беа доволни, па да ја доигра последната сезона во клубот и да си замине.

За целава ситуација апсолутно ја обвинувам управата. Реков на почетокот кога му ја одземаа лентата дека ова нема да заврши добро. Јас сум практичен човек, не сум емотивец како вас, па љубов, па лојалност и што ти ја знам. Кога носиш одлука треба да има позитивен ефект од истата. Ако предизвикаш негативен ефект тогаш си погрешил. И еве што се случи, му ја одзедоа лентата и сега гледаме циркузи и играме без најдобриот играч.

Јас во Марота гледам со недоверба, еве му давам година две да ме демантира. До сега ефектот од неговото доаѓање е бура во тимот и наскоро продажба на најдобриот играч, можеби и во јувентус.
dobro napisano:aplauz:
 
Еве си напишал долг пост
Краток сакав да напишам ама ме понесоа емоциите :pos:

Не сфаќаш очигледно дека капитенската лента, во било кој клуб, има огромна тежина, во клуб каде што Факети и Занети биле Капитени, сега не може едно папучарско лигле да поставува вакви мизерни стандарди за Капитен, во пакет со неговата жена.
Сфаќам, и не викам дека тој треба да ја носи, туку дека не требаше на сред сезона да му се одзема. Ако ме прашаш мене, Шкринијар треба да биде капитен.

Еве си напишал долг пост ама апсолутно никаде не објасни каде ја гледаш логиката дека тоа е допустливо, ако он останеше Капитен, Интер како клуб ќе се насереше на таа капитенска лента, буквално ќе ја изгубеше секоја смисла истата и вредност
Ништо немаше да се случи до јуни. После нека правеа што сакаат. Можеа да му ги дадат парите и да му кажат нема да си повеќе капитен, па ако не му се свиѓа може и на трансфер. Или дирекно на трансфер ако сметале дека работата е до таму дојдена.

п.с. Toa полошо за кое збориш, чоек, види какви бевме и со него на терен. Не дека он е крив за тоа и слично, знаеме каде лежи вината, ама муабетот ми е дека и со него на терен Интер не беше сјаен, а баш он откако одби да игра подигнаа форма, е сеа истовремено без него, изгубија и доста на квалитет, нападот ни е дупло послаб тоа секако ќе ни се одразува и ќе има утакмици ко вчерашната.

За ова:
ako-ne-rafinha-da-go-vratime.PNG


Дај не ме заебавајте дека подигнале форма, па тој натпревар што го одиграа со Сампдорија ќе умреа од трчање и едвај победија. Со тоа темпо 2-3 натпревари и толку е. Колку вредат покажува и фактот што 102,3% кога даваат, се мачат да победат со дно екипи. Точно е дека не бевме сјајни во последно време ама сега не чека бродолом. Со Мауро некогаш и без игра ќе се извадевме.

Се надевам дека ќе се врати, под итно ни е потребен и нема изговор за неиграње, да не се повторувам. Јас не сум ни за ни против Икарди, јас сум против штетните одлуки кои се донесоа и поради кои сега тонеме. Според мене Спалети требаше да биде избркан, Перишиќ бетониран на клупа, негде околу декември. Убеден сум дека ќе беше подобро. Но тоа е веќе што би било кога би било...
 
Ништо немаше да се случи до јуни. После нека правеа што сакаат. Можеа да му ги дадат парите и да му кажат нема да си повеќе капитен, па ако не му се свиѓа може и на трансфер. Или дирекно на трансфер ако сметале дека работата е до таму дојдена.
Io moram na latinica, sorry. Doagame do ovoj moment, verojatno Ikardi ja ima skarano so mnogu igraci od timot, gleas javno go rugaat, sakaat ironicno da proslavuvaat golovi, nikoj ne mu cestitase rodenden osven Lautaro itn itn. Znaci ne e problemot samo vo dogovorot, ocigledno ima nekoj problem povekje, problem koj ja nateral upravata da ne ceka do juni, nego vednas da prezeme merki.
 
@Io Sono Interista
Никаде не го негирам тоа што го кажа, напротив, и ја истото го спомнав, секако губиме со неговото неиграње, ама ништо немаше да добиеме и со неговото играње, ако нештата останеа статус кво, он да беше капитен, а притоа да не се извинеше на тимот и соиграчите, т.е., многу полоши ќе бевме од сега.
Да не ги набројувам сите мизерни изданија и на тимот и на Икарди, кога он беше дел од истиот, а проблеми горе доле и немаше.

Тоа ми е мене муабетот, дека штета секако трпи тимов со неговото отсуство, ама одлуката на спалети и останатите е да застанат зад тимот, а не зад еден играч, така да со него на терен постоеше голема веројатност уште полоши да се, бидејќи не се мириса со повеќе од пола тим и невозможно е Интер од тоа да има било каква корист.
Затоа и ти реков, гледаа што помала штета да има за интер, а колку и да ти звучи апсурдно, во една ваква ситуација во која што е икарди со соиграчите, штетата е помала ако он не е дел од тимот, односно, не е Капитен.
Инаку ФАКТ е дека без него, нападот ни е дупло послаб, нема што многу ова сеа да се разглаба, и воопшто, Интер без него се многу послаби, ама збориме за оној Икарди што беше лидер на тимов и капитен у права смисла на збор, а не лигле папучарско.

И пак доаѓаме до тоа што некако го одбегнуеш во цела оваа дискусија, каде е тука неговата професионалност. неговите лидерски карактеристики, капитенски и слично, он Одбива да игра, а не дека клубот го казнува, како можеш да го оправдуваш со тоа што Не сака да игра и да биде дел од тимот во можеби и најделикатниот дел од сезоната, само зашто не е капитен. Тука си еден од најстарите навивачи на Интер, знаеш и сам што значи да си Капитен на овој тим, со сила слеп се правиш на фактот дека он се измоча на таа капитенска лента и дефакто моментално не ја заслужува, а кога некој не заслужува капитенска лента, логично е и да не ја носи.
Зашто едноставно не се однесува он на начин со кој повторно истата ќе ја заслужи, па истото беше и кога ја извади биографијата и фрли тон кал врз навивачите, па покажа и докажа дека може да ја оправи. Сеа тоа не е случај, и за тоа не е крив клубот, управата, спалети, соиграчите, крив е он, и само он.

За преговорите веќе се изјаснив, на клубот е да му понуди нов договор, и истото ќе го направат, негово е дали ќе прифати или ќе побара трансфер, ко што е и негово да игра на терен и да дава све од себе Се додека го носи овој дрес, а ова со договоров да си го остави да се решава надвор од истиот, ко што треба да направи било кој друг професионален фудбалер.
Тоа од него го очекуваат и навивачите, а и на крај краева и сега зима милиони за плата, за да игра фудбал, а не да одбива да биде дел од тимот, како некое пичлеме размазено, или да се влече на терен и да го бојкотира клубот на мизерен начин.

Тука ќе се види најдобро дали му е до Интер или не, баш овој период кога сме во криза, дали ќе седне со цел тим, и марота, аусилио и соиграчи и тренер, и да гледа да ја реши работава како што притоа и доликува на еден нели, Капитен, или ќе тера инат ќе глуми некоја егоманијакалност, и всушност ќе докаже дека курчич го боли за Интер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom