@Io Sono Interista
Никаде не го негирам тоа што го кажа, напротив, и ја истото го спомнав, секако губиме со неговото неиграње, ама ништо немаше да добиеме и со неговото играње, ако нештата останеа статус кво, он да беше капитен, а притоа да не се извинеше на тимот и соиграчите, т.е., многу полоши ќе бевме од сега.
Да не ги набројувам сите мизерни изданија и на тимот и на Икарди, кога он беше дел од истиот, а проблеми горе доле и немаше.
Тоа ми е мене муабетот, дека штета секако трпи тимов со неговото отсуство, ама одлуката на спалети и останатите е да застанат зад тимот, а не зад еден играч, така да со него на терен постоеше голема веројатност уште полоши да се, бидејќи не се мириса со повеќе од пола тим и невозможно е Интер од тоа да има било каква корист.
Затоа и ти реков, гледаа што помала штета да има за интер, а колку и да ти звучи апсурдно, во една ваква ситуација во која што е икарди со соиграчите, штетата е помала ако он не е дел од тимот, односно, не е Капитен.
Инаку ФАКТ е дека без него, нападот ни е дупло послаб, нема што многу ова сеа да се разглаба, и воопшто, Интер без него се многу послаби, ама збориме за оној Икарди што беше лидер на тимов и капитен у права смисла на збор, а не лигле папучарско.
И пак доаѓаме до тоа што некако го одбегнуеш во цела оваа дискусија, каде е тука неговата професионалност. неговите лидерски карактеристики, капитенски и слично, он
Одбива да игра, а не дека клубот го казнува, како можеш да го оправдуваш со тоа што Не сака да игра и да биде дел од тимот во можеби и најделикатниот дел од сезоната, само зашто не е капитен. Тука си еден од најстарите навивачи на Интер, знаеш и сам што значи да си Капитен на овој тим, со сила слеп се правиш на фактот дека он се измоча на таа капитенска лента и дефакто моментално не ја заслужува, а кога некој не заслужува капитенска лента, логично е и да не ја носи.
Зашто едноставно не се однесува он на начин со кој повторно истата ќе ја заслужи, па истото беше и кога ја извади биографијата и фрли тон кал врз навивачите, па покажа и докажа дека може да ја оправи. Сеа тоа не е случај, и за тоа не е крив клубот, управата, спалети, соиграчите, крив е он, и само он.
За преговорите веќе се изјаснив, на клубот е да му понуди нов договор, и истото ќе го направат, негово е дали ќе прифати или ќе побара трансфер, ко што е и негово да игра на терен и да дава све од себе Се додека го носи овој дрес, а ова со договоров да си го остави да се решава надвор од истиот, ко што треба да направи било кој друг професионален фудбалер.
Тоа од него го очекуваат и навивачите, а и на крај краева и сега зима милиони за плата, за да игра фудбал, а не да одбива да биде дел од тимот, како некое пичлеме размазено, или да се влече на терен и да го бојкотира клубот на мизерен начин.
Тука ќе се види најдобро дали му е до Интер или не, баш овој период кога сме во криза, дали ќе седне со цел тим, и марота, аусилио и соиграчи и тренер, и да гледа да ја реши работава како што притоа и доликува на еден нели, Капитен, или ќе тера инат ќе глуми некоја егоманијакалност, и всушност ќе докаже дека курчич го боли за Интер.