Не знам како не ви е јасно дека агентот секогаш го искажува ставот на својот клиент, сака нов договор, сака ова, сака она, во конкретниов случај, станува збор и за негова жена, и за негов агент.
Он јавно не го навредил клубот тоа е факт, кал врз истиот фрла жена му, ама ни тоа не беше проблем скоро година дена, проблемот настана кога она удри по неговите соиграчи, и тука изби куршлусот, тука спалети пресече, тука играчите пресекоа, зашто Икарди бабанот не сакал да се дистанира од тој став на неговата сопруга и агент, човек кој е капитен на тие играчи.
Така да не ми е јасно како е можно некој што навива за еден клуб, да се става на страна на играч во една ваква ситуација. Ако приметивте, никогаш немаше проблем со Икарди на терен додека беа муабетите за неговиот договор нити пак имало некаков проблем со неговата капитенска лента, он има 2 години до истек на постоечкиот, си има (мала) откупна клаузула, ама апсолутно ништо тука не го држеше на сила, можеше да си оди кога и да посака, и да лапа пари и све, факт е дека Интер не се во ситуација да му ги даваат парите кои би ги давале пример ПСЖ.
Проблемот настана кога неговата сеоска кардашијан се реши секоја недела да гостува на тоа тики така шоуто на телевизија, и да кажува работи што НЕ СМЕЕ да бидат кажани во јавност, зашто удри директно на неговите соиграчи на кои утре на терен он треба да им е Капитен и Лидер.
И не е управата таа која пресече за ова, туку Спалети ко тренер, а ја у принцип сите знаете каков став имам за него али во овој случај целосно е во право, нарочито со изјавата у која буквално исцрта што е проблемот, а рече,
ова е одлука која е во корист на екипата, а не во корист на еден единствен индивидуалец.
@Io Sono Interista
Не знам со кој памет мислиш дека оставањето на капитенската лента ќе било позитивно кога играчот ја има спукано со 80 - 90% од соиграчите, стварно не видов едно асално објаснување на тоа како ова ќе се одрази добро за Тимот, ако клубот застане позади 1 индивидуалец, нарочито што истиот е профил на играч кој е многу зависен од останатите. Еве, просветли ме, како ова ќе се одразеше добро за клубов кога според секое логично размислување, она спротивното ќе се случеше, хаос, кој сега е минимизиран и ограничен само околу 1 играч. Дади едно рационално објаснување и ти и оние 2-3ца што се на страната на Икарди, како е изводливо покрај све што е извадено на површина, он и понатака да е Капитен на тимот а без притоа да се извини или дистанцира од тие ставови, а чим не се дистанцира, целосно е согласен со истите.
И никој не го ни негирал фактот дека Икарди се оставал на теренот, ама апсолутно никогаш нити он нити било кој друг фудбалер, нарочито Капитен на екипа, нема да има кредит за да си дозволи ваков луксуз ко ова што сега Икарди, односно неговата сопруга го прави, јавно.
Еден пример наведете каде агент на Капитен од екипа, јавно кажува дека неговите соиграчи се срање а притоа тоа поминало ко ништо да не се случило. Ова е погрешно on so many levels, дури и глупо е да се дискутира од што е очигледно каде лежи проблемот и глупо е да се дискутира каков проблем внатре во екипа можат да направат таквите изјави и у меѓувреме, оставањето на играчот да биде капитен ко апсолутно ништо да не се случило.
Не е ни случајно што 95% од фан базата е на страната на Кимот, не управата, не тренерот, не играчите, туку Клубот, нешто над кое сака да се стави Икарди, колку сака нека паламуди, у право е дека не е до парите, бар за тоа се слагам со него, фактот што измисли нов левел на папучарење е причината за ова што сега се случува.