- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Сега цел притисок ќе биди на Марио и ќе сака да се докажи,тоа веројатно ќе резултира со многу погрешни пасови и загубени дуели..типувам дека ќе не исплескаат со 3 парчиња во нашата мрежа..така е тоа со нас,кога ќе изугбиме една не фаќа бродолом
Ова сто посто за против уроци го правиш.Сега недајбоже да дадат Лацио гол кој ќе ги гледа да паничат нашите..второто очекувам доминација на Лацио кај шо ќе не напикаат во шеснаесетникот

Иначе одличен меч, многу подобри беа. Имперсивно е што ваква игра покажаа против Лацио, кои и сезонава се многу добри, иако дербињата годинава не им се јака страна очигледно. Посебно првото полувреме беше огромна разликата меѓу двата тима. Спалети денеска дебело си ја заработи платата, комплетно надиграни Лацио.Потегот со повлекување на полушпицот како трет играч во средината им ја даде средината на тацна, и ради тоа целосно ја контролираа играта.
Жоао Марио беше солиден и добро е што, кога веќе е тука, го користат кога има потреба. Не е воопшто лош играч, така да може неколку улоги да покрие во играта, како вечерва.
Врсаљко исто прави многу разлика за задржувањето на поседот, добар трансфер би требало да биде. Штета што се мачи со повреди, па не може да си фати ритам како стартер.
Перишич моментално не е добар, ама не брзајте со критики. Мислам дека долгото лето му влијаеше на формата, така да очекувам со тек на време да станува подобар. Позитивно е што сега има повеќе играчи кои можат да ја заменат неговата продуктивност во нападот, па неговото влечење по терен не влијае толку многу на резултатите, како лани.