Едниствен проблем со Спалети е ротацијата, мислам дека повекето можеме да се согласиме со тоа. Далберт , Марио и Кансело мора да добиваат повеке шанса. Имаш екипи како Аталанта, Спал, Беневенто што не се некоја закана. Континуирано форсирање на истите 11 се одрази лошо против Торино, па не дај боже да се повреди Скриниар или Миринда е тек тогаш сме го јаделе , нема никаква алтернатива во одбраната. Уште малце па имаме куп натпревар каде што очекуем да излезе со 50% различен тим чисто да им даде шанса да осетат малце фудбал, ако Спалети продолжи со истите први 11 и со послаби тимови или пак во куп тек тогаш ке биде јасно дека нема да издржиме со вакво темпо до последно коло.
Јануар се вртат имиња како Рамирез, Тешеира и Пасторе, и сите тројца да дојдат не верувам дека Спалети ке ги имплементира во ротација туку ке му бидат чисто ако се повреди некој да има замена. Истите тие замени што ги имаме и во моментиов верувам дека се во очајна форма поради недостаток од играње првотимски фудбал, така да челави почни да ставаш играчи од клупа ко стартери дека црно ни се пишуе.