Системот ни е комплетно нефункционален. Тука е проблемот. Исто како и лани.
Мојот став за Мацари е непроменет, уште од кога го избраа мислам дека ја покажав доволно, и преку мислењата тука, мојата љубов за него, така да не очекувам апсолутно ништо од него. Али ај да глумиме непристрасни навивачи и да му дадеме некој формален benefit of the doubt, барем првиве месеци, главно ради тоа што Интер е сигурно заглавен со него сезонава. Иако, повторно, според мене, веројатноста да стане тренер кој е ниво над ова (каков што ни треба) е многу многу мала. Премногу е конзервативен, како сите италијани
Констатацијата од првата реченица ми е затоа што, играчите цело време, на цел терен ни се доведени во ситуација, да прават ризични потези. Дури и кога си ги вршат своите најосновни задачи, како обичен пас од 10 метра до слободен играч. Тоа е најсигурен сигнал, дека имаш системски проблем во играта. Ако сите играчи ти се во ситауција да носат цело време тешки одлуки, тогаш проблемот не може да биде индивидуално во нивната способност, него во тоа што немаат алтернативи. Ако после 10 секунди пресинг ти стига топката да голман, или ако контрола на топка и дриблинг за задржување на посед ти е 50-50 цело време, и ако ова се однесува на цел тим, проблемот е во системот, односно во тоа како тренерот ја организира играта.
Се забележува тоа многу лесно, посебно што во Интер тоа е постојан проблем.
Мацари го нема тој квалитет, ни мислам дека има капацитет да го развие. Класичен италијанец е, премногу фокус на тактика и детали, премалку на фундаменти и систем. Добар систем прави огромна разлика во перформансот, затоа не смееме да губиме премногу време со некој ко Мацари, што не може да не однесе на друго ниво.
Ми доаѓа да не навивам за топ 3 финиш, зошто знам дека така ќе остане и ќе изгубиме плус неколку години со него (играчки прогрес нема да има).
А во исто време, па, ако не навивам тогаш зошто ја гледам оваа демонски лоша игра?
Толку многу прашања.... Што да правам? Животот никогаш не требаше да биде толку комплициран на овие години.
Не паничам! Ебете се!!!
I think i'm gonna take a shower.