Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.031
- Поени од реакции
- 61.958
Вечни оптимисти... фали Џони на темава.Па до пред 1-2 сезони беше, се вложуваше во клубот, се израдувавме и ние на некој трофеј...
Морати вложи многу во клубот, не смее да се заборават рекордните трансфери на едни од најголемите фудбалски звезди кои играле во клубот кои се доведени во негово време.. и се она што постигна клубот во изминатите 10 години.
Но што се случува последните неколку сезони и каква политика води клубот на никој не му е јасно. Не се секавам на сезона кога Интер не поседувал класа напаѓач име како Заморано, Роналдо, Виери, Креспо, Ибра, Адријано... А сега целиме кон Белфодил, Икарди, Бијабијани...
Но, само што почна трансфер периодот се уште може да се надеваме на нешто добро![]()
Прво, не се 1-2 сезони. 2009/10 беше последна кога се засилувавме. Заклучно со Пандев кој дојде во Јануари 2010 мислам. Од тогаш наваму ги дадовме сите, а најзвучно засилување од тогаш наваму ни е Форлан. (уз сиот респект кон Мудингаи). Сега сме на прагот на сезона 2013/14. Тоа значи 4 години тонеме непрекинато. Од врвот на Европа до немоќ кога и да играме со Болоња. Луѓе паѓале од карпа побавно.
Клубот моментално не е во сигурни раце. Клубот е во рацете на старец кој нема идеја што да направи и група морони кои го креираат мислењето. Овој Тоир е златна прилика. Прво, бизнисмен кој се разбира од менаџирање, нема шанси да е полош од овие. Второ, не е Арап кој не знае што да прави со парите и ќе му помине меракот.
А и да му помине, ќе дојде некој друг. Не е крај на светот. Моментално се е подобро, зошто овие луѓе не знаат каде тераат и ако продолжи ова уште сезона - две, брзо ќе се израмниме со Јуве по бројот на освоени титули во втора лига. Или полошо.