Фан Клуб: Интер

Па до пред 1-2 сезони беше, се вложуваше во клубот, се израдувавме и ние на некој трофеј...
Морати вложи многу во клубот, не смее да се заборават рекордните трансфери на едни од најголемите фудбалски звезди кои играле во клубот кои се доведени во негово време.. и се она што постигна клубот во изминатите 10 години.

Но што се случува последните неколку сезони и каква политика води клубот на никој не му е јасно. Не се секавам на сезона кога Интер не поседувал класа напаѓач име како Заморано, Роналдо, Виери, Креспо, Ибра, Адријано... А сега целиме кон Белфодил, Икарди, Бијабијани...

Но, само што почна трансфер периодот се уште може да се надеваме на нешто добро :)
Вечни оптимисти... фали Џони на темава.

Прво, не се 1-2 сезони. 2009/10 беше последна кога се засилувавме. Заклучно со Пандев кој дојде во Јануари 2010 мислам. Од тогаш наваму ги дадовме сите, а најзвучно засилување од тогаш наваму ни е Форлан. (уз сиот респект кон Мудингаи). Сега сме на прагот на сезона 2013/14. Тоа значи 4 години тонеме непрекинато. Од врвот на Европа до немоќ кога и да играме со Болоња. Луѓе паѓале од карпа побавно.

Клубот моментално не е во сигурни раце. Клубот е во рацете на старец кој нема идеја што да направи и група морони кои го креираат мислењето. Овој Тоир е златна прилика. Прво, бизнисмен кој се разбира од менаџирање, нема шанси да е полош од овие. Второ, не е Арап кој не знае што да прави со парите и ќе му помине меракот.

А и да му помине, ќе дојде некој друг. Не е крај на светот. Моментално се е подобро, зошто овие луѓе не знаат каде тераат и ако продолжи ова уште сезона - две, брзо ќе се израмниме со Јуве по бројот на освоени титули во втора лига. Или полошо.
 
Lo sono..

Ок, нека бидат 4 години, и во никој случај не го бранам Морати за ова што се случува сега, само викам дека не смее да се заборави што има направено за клубот пред тоа.

Јас пишав и порано, ако веќе нема средства и идеи слободно нека го даде клубот на некој кој има.

Само се надевам дека можеби со помош на индонезиецот може да се спаси наредната сезона со барем 2 добри засилувања. За 30% од акциите се спомна голема цифра и плус пари за нови засилувања, барем тоа беа првите шпекулации.

Не дека сум некој голем оптимист ама се надевам дека ја научија лекцијата, ако не игра ЛШ губиме многу повеќе, а за да се пласираме ни треба тим што значи мора да се вложи сезонава...
 
Не знам од каде го црпиш оптимизмот :)
Види, нема да се случи тоа, никој нема да му даде 100 милиони да ги троши како сака. Башка читав пред некое време кога беше во опција тоа, дека ако влезат 100 милиони ќе се појриваат загубите од ланската сезона.

На крај памет не им е да се засилуваат, гледај колку рано купија двајца млади напаѓачи. Покрај Милито и Паласио нема веќе место, а сите знаеме дека ни е потребен искусен и проверен центарфор. Исла и Паулињо да дојдат е како премија.

На страна тоа, не е работата за 2ца, нам 12 ни требаат. Ние упорно тука си замислуваме како да изгледа поставата а забораваме дека сезоната е добра и само со силна клупа може да се издржи. Ќе има натпревари кога ќе немаме напаѓач, или ќе немаме одбрана. А ние имаме толку патетична клупа што мене да ми дозволат да седнам до нив ќе ми биде срам, од трибина ќе гледам.

Не може да му се заборави минатото на Морати но не може да му се заборави ни агонијата, која свесно ни ја продолжува. Порано барем имаше конкуренција, го крадеа, секакви фактори имаше па може и да му се оправдаат грешките. Донесе супер фудбалери и Интер изгледаше како што треба да изгледа.

А ова сега е бедотија невидена, трае со години без никаква надеж дека ќе прекине во скоро време. И се само затоа што немаа муда да ризикуваат како сите други. Имавме комплетна доминација во Сериа А и им ја подаривме на другите. Не го амнестирам. Јонзе беше во право.
 
Морати и Тохир се договориле, останува само официјална потврда, индонезиецот влегува во Интер со 30-40% од акциите. Сакал да ја реновира Меаца но сепак се договориле прво да го средат и појачаат Интер па покасно стадионот. Прв подарок за Интер од новиот партнер би требало да биде Раџа Наинголан.

Исла речиси сигурно доаѓа а официјално се започнати преговори со Драгович од Базел денес потврди и прецедникот на Базел, бараат 10-11 мил Интер нуди 7 па се очекува за околу 8-9 да ја завршат работата.

Киву се враќа у Ајакс, Силвестре у Парма.

Деки најверојатно у Фиорентина.
 
The Indonesian tycoon is ready to contribute immediately on the market, while aiming for the goal of talented young people, rather than experienced players already established
 
InterNews:

According to SM and Sky the Inter owner Moratti and the Indonesian businessman Thohir have reached a agreement for the co-ownership of Inter. The mentioned % is around 40%.

Најидеалниот дил у моментов.
 
Ајде сега Наинголан, Јоветич, Исла и Коларов доаѓаат :D
 
Сме купиле некое детиште од Болоња за 2.5 милиони еура! :tapp:

7300_10201528672205635_91216845_n.jpg
 
Има основа за ценкањето за Исла, сериозен сум за ова, зашто зимаат само 50%, оние кои ги поседува Јуве, после пак ќе треба да дадат пари на Удинезе, а Исла лани не играше скоро ич, така да 2-3м евра не се мала сума на пари за 50% ( клучно во муабетов ) или давање на некој ко Данкан или Барди, тоа е веќе наседнување. Како и да е Исла најверојатно е следен на тапет, за останатото ништо не се знае, све е можно.
 
^ Абе нема врска тоа со 50% е лесен проблем, некој младинец ќе ги покрие тие 50% на Удинезе. Лани за 50% од Хандановиќ плативме 11мил+50% од Фараони за оваа сезона другите 50% да ги откупиме со преостанатите 50% од Фараони.

И од Удинезе изјавија дека нив им е сеедно кај ќе игра Исла, треба ние да си се договориме со Јуве.
 
Има основа за ценкањето за Исла, сериозен сум за ова, зашто зимаат само 50%, оние кои ги поседува Јуве, после пак ќе треба да дадат пари на Удинезе, а Исла лани не играше скоро ич, така да 2-3м евра не се мала сума на пари за 50% ( клучно во муабетов ) или давање на некој ко Данкан или Барди, тоа е веќе наседнување. Како и да е Исла најверојатно е следен на тапет, за останатото ништо не се знае, све е можно.

Епа Јуве плати 9.4м за 50%, а сега бара 7.5. Како што гледаш намалена е цената, што е правилно. Не ја бара истата цена...
 
Сакал да ја реновира Меаца но сепак се договориле прво да го средат и појачаат Интер па покасно стадионот.

Па нели нов стадион ќе градите... што сега му текнало да го обновува стариот?o_O
 
Епа Јуве плати 9.4м за 50%, а сега бара 7.5. Како што гледаш намалена е цената, што е правилно. Не ја бара истата цена...
Aбе и Интер за Џонатан дадоа 5 милиони евра, што не значи дека сега и 3 би било логично да бараат, ја блуреј копија од Gigli не би дал у размена за Џонатан.

Пак ќе кажам, правиме муабет за само 50%, Исла моментално не вреди 15м евра на трансфер берзата, еден Видал поефтино го земаа Јувентус, ланската сезона, целосното губење на првотимскиот статус и повредата си го прават своето. Поентата ми е дека Интер имаат основа да се ценкаат, ај да беше целосен трансфер да, погрешна би била таа постапка на одовлекување и ценкање вака не али у секој случај мора да го донесат.
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 20:40 ---
Па нели нов стадион ќе градите... што сега му текнало да го обновува стариот?o_O
Не бе нема шанса тоа, истиот не е ни во сопственост на Интер, мајка бараат да го обновуваат, Морати си има поставено цел дека у негово време тука мора и стадион да се изгради, ке го изгура тој проект до крај убеден сум во тоа.
 
Пријателе тоа не значи аналагно веднаш дека Исла вреди 15м :D. Интер верувај другиот дел ќе го добие за помалку. Работата е што регистраторските права над Исла ги поседува Јуве и затоа има право да калкулира со неговата цена на 50те проценти. А и нема никаква причина Јуве да го даде Исла за помалку, кога веќе е обновен договорот со Удинезе за 50-50 и можат комотно уште една сезона да го задржат. Што знаеш, можеби ќе се врати. Но, не верувам да се случи тоа и сигурен сум дека Исла ќе си оди летово. Ама тешко Јуве да даде попуст.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom