Фан Клуб: Интер

И тоа два пати. :) Никој друг не сакал изглеа....

Него Ковачич каков талент е човече.:cuc: Злато имаме во раце, злато i say!!
Абе тоа сакав да прашам сеа, добар ли е малиов? Јас колку што можев да заприметам додека ми сецкаше скапаниот стрим не ја добиваше многу многу топката во нозе така да не можев да оформам мислење за него. Кузманович беше океј според мене, доста пасови даде човекот и си ја заврши неговата работа во средината, е сеа што останатите од тимот ни се инвалиди тоа е друга работа.
 
Ги победија Јувентус и Милан а од најумрените екипи губат не само во госи и на домашен терен.
Наместо за скудето за Лига Европа ќе се борат.
 
Гревчиња се овие,а и ние заедно со нив!
Толку.:facepalm:
 
Треба да се започне со петиција со собирање на потписи до Морати, да му се каже дека повеке ја нема подршката на навивачите, да си оди и тој и сите негови пајташи, а проектот да се спали, да не случано пак се појави од негде.
 
Ја гледав скоро цела,можам да кажам со овој преседател тим и тренер ке бидеме во рангот на Сиена и слични тимови толку. :facepalm:
 
Каков бунар е овој Скиелото... до кога бе со овие играчи ? до кога?
 
И Новара лани два пати не победи и потоа одпадна од лигата.Така да фанови на Сиена не се радувајте многу на победава you are going down
FORZA INTER
 
Не ја гледам, ама знам дека сме биле мизерни, само ќе прашам Ковачич дали добро изиграл и дали ќе биде од него нешто.
 
Не ја гледам, ама знам дека сме биле мизерни, само ќе прашам Ковачич дали добро изиграл и дали ќе биде од него нешто.
Моментално не знам да ти кажам дали е тој добар или другите се толкави дрва што тој изгледа како Рекоба во најдобри денови... ама се гледа дека малиот разбира фудбал. Не за џабе Хрватите викаат дека Ковачиќ е Бобан, Просинечки и Крањчар во едно.

Ако го упропастиме и него доживотно ќе ги бојкотирам.
 
Абе тоа сакав да прашам сеа, добар ли е малиов? Јас колку што можев да заприметам додека ми сецкаше скапаниот стрим не ја добиваше многу многу топката во нозе така да не можев да оформам мислење за него. Кузманович беше океј според мене, доста пасови даде човекот и си ја заврши неговата работа во средината, е сеа што останатите од тимот ни се инвалиди тоа е друга работа.
Па ќе видиме и натаму како ќе игра, ама талентот е таму. Мое мислење е дека заедно со Балотели се најталентираните млади играчи што сме ги имале последниве 10ина години после Пирло. Тактички е интелегентен уште сеа, се гледа дека има сенс за тоа каде треба да ја насочува играта, каде одбраната е лошо позиционирана, има страшна техника, ретко видена за негови години. Лесно ја контролира топката, без мислење, без напор и при прием и кога се движи со неа, знае да игра под притисок, веројатно подобро од било кој друг наш играч освен Касано. Добро се движи. Само на пасовите треба да работи ама млад е многу.
Да би играл во Барса или Баерн за неколку утакмици би станал хит. Не е за кај нас и мислам дека и сам ќе го види тоа набрзо. Веројатно нема да знаеме да го искористиме како што треба. А паметен тим би пробал да гради игра околу него. Али ипак ова е една утакмица ќе видиме натаму како ќе иде. За сега ја сум импресиониран.

Кузманович исто добро изигра, не е лош со пасовите, солидна техника, ама најголем дел од играта му беше на сигурно. Ваков играч (и подбар, а такви имаше секоја сезона за малку пари) ни требаше кога го имавме Снајдер. Сега пак ќе имаме проблеми во организацијата на играта ради идиотиве. Али и за него ќе видиме зошто и Гаргањо беше добар на првите неколку натпревари.
Него смешки живи, сега пак тренерот е крив. 5 тренра еден по друг скоро идентичен приод имаат со тимот, опортунистички. Се гледа кај е проблемот, само пак ќе се маскира сеа со некои "опасни" изјави по медиуми од сенилниот. :)
 
Најискрено, незнам што очекувате од практикант кој еден ден треба да стане тренер и кој моментално го води најслабиот Интер у задњи 15 години, и ко капак на Се, му забранија да го игра најдобриот тим во периодот по Јуве со оглед дека Снајдер не смееше да го користи у тим ...

Страмачиони падна на притисокот од фудбалските '' експерти '' од Скај Италија, почна да го форсира системот што секоја трета екипа го користи во оваа земја, со 3ца назад, што значи сигурно имаш 3ца стопери у стартен тим плус двајца бекови, под дифолт, 5 дефанзивци, и плус средина со Камби, Занети и Гаргано ...

433/4321 или 4231 е идеална формација за овој клуб ама практикантот никако да го увиди тоа и почна да се губи, у секој случај, со оглед на се тоа што се дешава во клубов, он и понатаму ќе ја има мојата подршка зашто докажано е дека во овој клуб смената на тренер не е секогаш она вистинското решение, драстична промена треба да претпрпи друг дел од овој клуб, сега за сега тренерот не треба да се чачка, пример, Мурињо никогаш не би се ни согласил да води клуб со вакво раководење од горе, и било кој друг голем тренер. Страма е убедливо најмалиот проблем за Интер моментално.

Инаку прво не го гледав, од нетов разбрав дека првиот гол бил минимален офсајд, дека Занети и Скелото кумувале за првиот, односно, вториот гол, второ шта речи, после она со Киву дефакто мечот беше изгубен али у секој случај не треба да се занемари фактот дека Роки и Гаргано влегоа во игра, можете да замислите само како се осеќал Алварез кога пред него, избор беа старец кој не дал 11 месеци гол, и Гаргано миџетот.
 
Па уште и Ливаја го дадоа... не гледаат да земат некој напаѓач, и тој што го има го даваат... Беда, очај, плач, тага... Скелото :facepalm:
Јесда цел тим не играше добро, ама овој не ни играше, го прочитавме само во стартни 11...
Не може бе човек Занети, Нагатомо, Скелото да ги играш у ист тим, НЕ МОЖЕ...
Ние станавме мала екипа која се мотивира против големи екипи, и пробува да им скине бод, а против малите го јадеме и им служиме за поткревање на морал... Васиљ убаво рече и Сиена самите не веруваа дека ќе се спасат, ама ние им ја вративме вербата... ТОТАЛНО спротивна сезона од Мурињо е оваа, ТОТАЛНО. По позицијата и играта сме дури послаби и кога бевме со Раниери. Не е 100% вината на Страма, ама младичу ако сакаш да опстанеш, а не знам што би правел, како би менувал, ама менувај нешто... МЕНУВАЈ БРЗО !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom