Фан Клуб: Интер

374192_415177538569321_942800331_n.jpg

Страма со солзи после натпреварот со Сиена.
 
Не е бе луѓе ни до тренерот, ни до формациите и тактиките... сменивме еден куп тренери и формации. Само една работа е константна во Интер - руководството наше најмило.

Бене, немој да си почнал ќе те пукам жими се :)
 
Не е бе луѓе ни до тренерот, ни до формациите и тактиките... сменивме еден куп тренери и формации. Само една работа е константна во Интер - руководството наше најмило.

Бене, немој да си почнал ќе те пукам жими се :)


Сакаш да кажеш дека тактиката е океј ? :icon_lol:
 
Сакаш да кажеш дека тактиката е океј ? :icon_lol:
Тактиката не е ок ама кога го тепаа Јуве со истата тактика никој А не кажа ...
Ви текнува на муабетите по Јуве ? Сеа уште и Снајдер кога ќе се врати, па кога ќе се вклопи во тим со Касано, Милито и Гуарин. мхм, се деши баш тоа, во тој момент започна она што сега на некој начин и кулминира.

Формацијата секако не е у ред, ама со Снајдер во истата, миџетот Гаргано аут, и со соодветни засилувања овој период, полесно ќе се играше против ваквите тимови и немаше да се загубат тие драгоцени бодови. Кузманович и Ковачич, поготово вториов, ќе бидат од корист за тимов, првиов има потенцијал за тоа, вториов со сигурност можам да кажам дека е иднината на клубов. Скелото не го гледав денес ич, али треба у секој случај да се земе во предвид фактот дека ко бек нема играно со години со оглед дека крило играше у Аталанта а и Чезена ако не се лажам, и прв пат мислам дека игра во ваков формат, може и прерано беше пуштен ко првотимец.
 
Точно.
Нема што да му замеруваме на Страмачиони, после тоа како се одвиваа работите првата полусезона. И денеска проба да го игра она што јасно е дека сака да го игра и за што јасно е дека е ставан под притисок да не го игра. Првата утакмица со Сиена исто ја изгубивме на сличен начин и после тоа, човекот комплетно за 360 степени го смени стилот на игра од тоа што го играше минатата сезона и што го играше до Рома и Сиена оваа. И тоа го смени во стил што скоро сите освен Леонардо делумно тренери го играа со Интер после Мурињо. Мислите дека тоа е случајно? Што не отстапуваме од нашата "традиционална" игра и дека тоа е секогаш избор на тренерите.
Да го оставеа Страма да греши и да учи уште од тие утакмици со Сиена и Рома, а не да му се става притсок за резултати по секоја цена и идејата дека очигледно "проект", значи да го направевме тоа што го направи Јувентус лани, до сега ќе имаве разработен стил на игра и јасна идеја за тоа како играчки ќе тераме понатаму. Јас за тоа сум сигурен. Грешка негова е што дозволи да го лажат и им поверува на говедава, тука испадна мутав.

Он проба сега да го модификува тимот како што сака, ама тоа не се прави за една утакмица со нови играчи и со претходно опортунистички приод. Не можеш паралелно да бркаш резултати и да работиш на играта. Тоа се прави на лето или во прв дел од сезоната. Да му остават сега да работи на раат, ја мислам дека има потенцијал во тимов да се спреми ако ништо друго за следната сезона. Ама штом му дошло и да цмиздри на утакмица, знаете сите веројатно што носи на грб и што ќе се случува следно.
Пазете сеа каква форамција ќе имаме следниот натпревар и обрнете посебно внимание на изјавите што ќе се даваат по медиуми.
 
Светла точка денеска е што Лацио исто изгубија па ни дава каква таква надеж за третата позиција. Очекувам другото коло и Милан да не помине лол. Второ место тешко против овој тим на Наполи, ги гледав вчера како играат, рутински. А за трето место искрено мислам дека имаме шанси, само не смееме да го пропуштиме возот и да делиме бодови на екипи пред испаѓање.
 
Јас сега со опстанок и непласман во ЛЕ сум задоволен, а вие прајте си бајрам со умот :)
 
Страмачони добро си беше да останеше тренер во примавера дете е уште за голем тим.

Како знае умее да не донесе до место во ЛШ а потоа 2-3 класа фудбалери.
Се разбира и нов тренер од лето моја желба а и се шпекулира бившиот наш фудбалер
Диего Симеоне.
 
На почетокот на сезоната ве сметав за појаки од нас и дека ќе имате подобар пласман од Милан, ама сега го сменив мислењето, т.е. го сменив од коа го доведовте Роки :icon_lol:.
 
Тактиката не е ок ама кога го тепаа Јуве со истата тактика никој А не кажа ...
Ви текнува на муабетите по Јуве ? Сеа уште и Снајдер кога ќе се врати, па кога ќе се вклопи во тим со Касано, Милито и Гуарин. мхм, се деши баш тоа, во тој момент започна она што сега на некој начин и кулминира.

Формацијата секако не е у ред, ама со Снајдер во истата, миџетот Гаргано аут, и со соодветни засилувања овој период, полесно ќе се играше против ваквите тимови и немаше да се загубат тие драгоцени бодови. Кузманович и Ковачич, поготово вториов, ќе бидат од корист за тимов, првиов има потенцијал за тоа, вториов со сигурност можам да кажам дека е иднината на клубов. Скелото не го гледав денес ич, али треба у секој случај да се земе во предвид фактот дека ко бек нема играно со години со оглед дека крило играше у Аталанта а и Чезена ако не се лажам, и прв пат мислам дека игра во ваков формат, може и прерано беше пуштен ко првотимец.


Мене лично никогаш не ми се свиѓала таа тактика со тројца назад.За таа тактика треба ментално јаки играчи што ќе го покриваат половина терен и ќе трчаат цело време,што ќе се позиционираат одма без грешка,што ќе биде лидер на одбраната.Во Интер нема такви моментално,а ни со Самуел кога ќе се врати не очекувам нешто повеќе,пошо не е тој истиот од порано.
Сеуште не ми е јасно зошто се доведе Силвестре,Гаргано,Мудингаи,Роки и ред другите такви фудбалери кога нема никаква корист од нив.
Најубаво за Страма,а и за нас,да се врати на онаа позната тактика на Интер 4-2-3-1 со која што Интер беше доминантен во Италија.
Играчи за таа тактика има.

Ханда


Переира Ранокиа Хуан Нагатомо (Занети)

Гуарин Кузмановиќ


Паласио Ковачич Скелото

Касано


Нешто во овој стил,со тоа што Гуарин и Кузмановиќ ќе бидат поповлечени и повеќе ќе помагаат на одбраната,а кога ќе станува збор за напад,и тие ќе тргнат,посебно Гуарин.
Со тројца играчи во одбрана нема успех во Италија,многу пати е докажано,бидејќи јаката одбрана на една екипа конкурент за скудето+бодови против малите екипи како Сиена=скудето.

Переира мора да си ја поврати формата од Порто и мислам дека не може да ја поврати кога игра на погрешна позиција.
На лето треба да се доведе Белханда,на местото на Паласио,класично крило,а не импровизирано крило како Паласио.

Не знам,мислам дека ако формацијата се смени во онаа погоре и Страма покаже авторитет пред играчите,ќе донесе успеси тактиката.
Треба да се смени тактиката веќе против Киево.
 
Интеров ќе тоне се додека не се одврзе ќесето .....


Не знам зашто ни плакнат очи со тоа ФФП правило ?

Да не заработува Челзи х200 од нашиве пари па да троши секое меркато по 4-50милиони за играч ? или нешо а у ?


+ уште не е воведено тоа правило ...ако сега не се изнакупат играчи .....нема кога ? (за ова не сум сигурен , ама ако добро памтам , од 2014/15 ќе биде воведено истото ? )

Они ни го даваат Скјелото,Роки,Силвестре,Кузмановиќ(не е лош) и да ...купуваме два голмана а го имавме ЦЕЗАР што за моменталниот Ханданович е Бог и Батина во секое време ...
 
хех, и у прв дел на сезона баш пред Киево се натегаа да сменат тактика и сменија, али сега нештата се каде каде поразлични, едно е старт на сезона друго е ова, и моралот е бајаги паднат кај фудбалериве, бајаги.
 
Не само морал, туку тактикава што ја фураме веке година дена е широко отворени нозе за контри, ама скоро на секоја утакмица Мандинго ни се дешава. Не силуваат од контри оваа година,,,и тоа тимови како Сиена ,Парма и остало дно.
 
Не само морал, туку тактикава што ја фураме веке година дена е широко отворени нозе за контри, ама скоро на секоја утакмица Мандинго ни се дешава. Не силуваат од контри оваа година,,,и тоа тимови како Сиена ,Парма и остало дно.
Не е до тактиката Ико, проблемот е до играчите и нивните карактеристики, да не цепидлачам и 1 по 1 да ги кажувам али претпоставувам дека од цел тим, поголем е процентот на оние кои се со дефанзивен карактер отколку оние играчи со офанзивен менталитет, кои поседуваат креативност и универзалност и можат да се снајдат и во напад и во одбрана, дел од нив.

Кога на терен ти излага дефанзивен Интер, под дифолт знаеш дека нема пресинг на противничка половина туку противникот со одење стига до половината на Интер и таму Интер почнува да ги напаѓа, тоа им е влезено у гени на Интер ( Интер играат игра што мала екипа ја игра против голем, нешто што мора од корен да се смени зашто тоа е 1 од условите за да се адаптираат на барањата на денешниов фудбал, за ова и Панчев говореше кога коментираше со Бранко Милан - Интер, 0-4 кога тепаа нашиве. Затоа и кажа дека грешка му било што отишол во клуб со таква филозофија, ич не му одговарало тоа на неговиот стил на игра што е и 1000% точно.

Со пресинг на половина на противникот истиот се уморува, нема сили во остатокот од мечот да игра на високо ниво, реално, за тимови ко Киево, Сиена и остали тоа и те како ќе пали зашто Интер се поквалитетни од нив, односно, поентата ми е дека процентот на победи против овие тимови ке е далеку поголем ако се преферира асален фудбал, со напад на нивниот гол од старт, а не кога Интер имаат негатива. Се знае дека кај сите тие тимови има еден fear фактор и они под дифолт почнуваат да се бранат а напаѓаат не со 6-7 играчи што Интер им го овозможува со пристапот на терен и профилот на играчи што го поседуваат, туку напаѓаат со 3-4, преку контри, и одма губат посед на топка, почнуваат со оние високи подавања у празно кои знаат да се карактеристика и за Интер.

Интер треба тотално да го смени начинот на пазарење за играчи и во напад и во средина, дури и воопшто може и да не користат деструктивец ко Камби, умре веќе тоа време, Кузманович може да игра таму, Ковачич исто ала Пирло во Јуве ( ете еден пример каде 1 тим не користи класичен копач на тој дел од теренот ). А за да промениш генетски материјал на еден тим, треба да имаш тренер кој уз луѓе од раководството ќе негуваат еден проект долгорочно, не секоj 6ти месец да се менува тренер, ова го потенцираше Куман критикувајќи ги Интер дека они немаат идентитет, немаат игра која е карактеристична за нив поради 1000те промени на тренери а секој од нив си е приказна за себе. И он ко и Панчев, потполно е у право.
 
Со пресинг на половина на противникот истиот се уморува, нема сили во остатокот од мечот да игра на високо ниво, реално, за тимови ко Киево, Сиена и остали тоа и те како ќе пали зашто Интер се поквалитетни од нив, односно, поентата ми е дека процентот на победи против овие тимови ке е далеку поголем ако се преферира асален фудбал, со напад на нивниот гол од старт, а не кога Интер имаат негатива.
Значи high-defense? :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom