loophole
За Скелото се согласувам, ја му давам повеќе шанси да флопне отколку да успее, но у секој случај секогаш постои просторот, ние, обичните смртници да бидеме демантирани, многу е млад за да го отпишеме туку така ( Прандели почна да го вика за репрезентација па може да му се склопат коцките и него у кариера ), истото важи и за Кузманович, иако не се согласувам дека е класичен просек, во Фиорентина беше еден од подобрите фудбалери за кого се интересираа сите јаки тимови од Италија али на крајот ги одбра Штутгард каде сезонава се испокара со тренерот инаку и таму беше редовен но со стагнација во формата. Они беа екипа распад систем, дург ги крои коцките у тоа првенство, едноставно изборот негов да премине во тој тим се покажа ко доста лош за него па се надевам овој сега е исправниот, за разлика од Скелото, за овој мислам дека повеќе шанси има да се наметне во тимот само ако редовно се смета на него а не на Гаргано и Камби.
Ќе оставам да заврши утре преодниот рок да видам што тим ќе склопат, мислам дека тука не застанаа, па потоа ќе коментирам на реалните шанси за оваа година, за титула секако глупаво е да се збори, но не и за ЛШ иако и евентуалниот пласман во тоа натпреварување сезонава пак за мене ќе биде неуспешна.
Штетата е веќе направена за да бидеме задоволни од нешто годинава, со оглед дека во период кога ги имаа сите услови за битка за титулата, они го замрзнаа Снајдер што резултираше со губење накај 15 драгоцени бодови кои убеден сум дека со него немаше никад да ги загубат ( тим у форма, Касано плус Милито плус Гуарин плус Снајдер ).
После овој класичен автогол на менаџментот, ако не паднат жртви, ондак стварно незнам што треба да се деси, полошо за мене од ова е само испаѓање у втора лига.
Ма морони живи се, морони. Кажи си, не биди политички коректен.
На чело на клубот да е човек што ќе го плаќаат да го уништи клубот, нема да прави толку грешки и глупости. Ја и не памтам друг клуб кој менаџментот на овој начин самиот го саботира. Не е дека сакам да бидам негативен кенкач на форумов, ама овие не даваат друга алтернатива, невозможно е да бидеш оптимист

. Ако направи листа човек на сите потези во овие 3 години гледано од оваа перспектива, ја гарантирам дека 80% од нив ќе испаднат конфузни, контрадикторни и дури и штетни за клубот гледано од денешна перспектива. А по тоа се оценува оној top-tier менаџмент секогаш, по тоа каква им била визијата и какви се резлутатите од нејзе,ДЕНЕС. Уште поодвратно е што пробуваат да го маскираат тоа на некој детски начин, што мене најмногу од се ме нервира од целава денешна ситуација.
Оваа сезона само два пати си го саботираа тренерот, на најглупав начин.
За играчиве. Како ќе изиграат во Интер, тоа нормално не можеме со сигурност да го знаеме, зошо ако знаев сеа ќе праев пари од тоа во кладилница

. Ама затоа можеш да работиш со веројатности базирани на инфорамциите што ги имаш и да дадеш претпоставка. Ја Скелото кога сум го гледал во Аталанта и претходно кај беше во Чезена(?), секогаш истото си го мислев, трчач. Само атлетски способности на него, добра градба и тоа е тоа. Не доволно добра техника за да биде опасен доволно во офанзива и недоволно добар во дефанзива. Некоја полоша верзија на Маџо. Може ќе се го планираат за офанизивен бек некаков, ама и така мислам дека нема нешто што веќе нашите други бекови го немаат, а нашите други бекови не се многу добри.
Исто и за Кузманович, се слагам добар беше во Фио, ама од тогаш не успеа да си го претвори потенцијалот во некоја предност, добар во многу работи, многу добар во ниедна. Некоја физички послаба верзија на Гуарин, што исто мислам дека нема да ни смени многу во играта. Сеа, него и не сум го гледа многу, се надевам сум грешка.
Работата е што поправаме нешто во средината, одкога растуривме нешто друго, што во принцип е карактеристично за Интер.
Ја најголема надеж да се смени нешто во Интер,како резултат на зимава, ја гледам во хрватот и затоа и ме интересира како ќе игра во Интер, на првите утакмици, зошто од нив многу ќе зависи за неговата кариера тука. И не зошто мислам дека стварно имаат некаков проект

, туку заради малата надеж дека можда е толку ретко талентиран, што ќе успее барем да е толку добар уште од почеток за да има помалку ненормална линија на развој од другите млади играчи во Интер. Има талент тоа е сигурно, ама колку е спремен за тоа што го чека во Интер, тоа без да го гледаме не може да се знае.
Само стартот, за како Интер ќе се однесува, не ветува многу. Ќе го изгорат детето, уште не заиграно за клубот. Огромен притисок му ставија на грб ни крив ни должен. Па 10та на Снајдер му ја дадоа, па медиумите го најавуваат како Меси, па цел клуб го чека како супер ѕвезда што ќе ни ја сврти сезоната. Ќе им стават и на навивачите очекувања за него и сите ќе се фокусираат на неговата игра и ќе му замерувааат за проблеми што он не може да ги реши. Прават глупост. Едноставно незнаат средина да најдат, или ги третираш како маргиналци или им ставаш притисок што не треба да го имаат. И со Кутињо исто направија ако се сеќавате, па еве како заврши тоа.