Тоа никој не го оспорува, управата на Јуве одлично ја врши својата работа, купува ефтино а всушност тоа им се исплати бидејќи тоа што ќе го купат им се вклопува во тимот.(Бендтнер не го рачунам тој дома не го сакаат) Но, муабетот е дека ниту Јуве а уште помалку некоја друга италијанска екипа може да се спореди на финансиски план со екипите до Англија, Шпанија, Германија или ПСЖ. Интер цело лето преговараше со Лукас, се натегаа и се ценкаа за секое ебано евро и при крајот на трансфер периодот улета ПСЖ, понудија огромна цифра и одма се знаеше дека Интер нема што да бара во овој трансфер. Не знам што ќе се случува во иднина ама ова со италијанскиве екипи не мириса добро, никогаш Интер не се довел до ова дереџе да купува играчи ко Роки и Скелото а притоа тоа да им биде максимумот... Можеби со изградбата на новиот стадион ќе тргнат некои работи но до тогаш ќе кркаме вакви бламови ко со Роки.