Фан Клуб: Интер

Syn

Остај ти со формацијата. Раниери ја врати заради него на 4-3-1-2 едно време, немаше фајде па си фураше негови формации во остатокот од неговиот престој. Дечкото глуми супер ѕвезда, се расправа со секого за секој промашен пас, гестикулации нешто на секое негово вадење, не помага у одбрана, не се поздравува со тренер при вадење... Дај боже Страмачиони да го уклопи добро во тимот и да го врати Снајдер од 2010, али скептик сум.

Ќе видиме што даље со него, али како што гледаме, не е незаменлив и без него можеме, а 30 милиончичи и не е така лоша сума со која имаме класа, па дури и две класи бек.
Точно така,изгледа нервозно секоја натпревар што го изигра досега (иако повеќето време беше повреден).Не видов ниту една утакмица каде што покажал тоа што умее и знае,просечно или потпросечно.Класа играч што не помага ич во одбрана (n).

Колку што знам "најзагреани" беа Манчестер Јунајтед за негово ангажирање,стигна сумата до кај 35-40 милиони,но вие не сакавте да го дадете.Да бидеме реални сега и 20 милки да ти дадат премија е со оглед на тоа што неговата форма е опадната со неговата повреда (неиграњето).
 
Snajder ako go sitneme ke bide okolu 15 m i ke ne ubeduvaat deka ni go preplatile. Na strana toa, mislam deka Yolante e vinovna za situacijata. Snajder da vleze vo ritam ke bideme mnogu pojaki.
 
Милито и Ранокиа нема да бидат за натпреварот со Партизан. Ранокиа имал мали проблеми, и Страма не сака да ризикува, го чува за натпреварот со Аталанта. Милито е ослободен за тој натпревар, нека одмори малку :icon_lol: Со Аталанта играме во Недела, 20:45h ќе има пренос на Телма.
 
Не го банирај остај го нека ги стави сите пари на 1X и нека пише по утакмица како се осеќа :)
 
Снајдер делува нервозно од една едносавна причина, напред можеше да игра само со 1 играч, толку, или евентуално двајца од кој еден класика статика, Пацини, нит бочно некој се уфрлаше нит ништо, во тим он коа играше имаше 1 до 2ца способни да создадат шанса за гол или да дадат гол, за кросеви од страна да не зборам, нула, играше во убер дефанзивни формации и играта пред Се на Интер, а потоа и неговата, беа читани ко селски буквар. Е затоа Снајди беше нервозен, така беше и на стартот со Страма, па ви текнува каков состав извади со Торино ? Лево Переира, десно Занети, напред он и Милито, позади Гаргано и Камби ако не зе лажам, или Гуарин, сеедно.

Е сега нештата се дефинираа бајаги, прво, бековиве играат доста офанзивно и константно се уфрлаат во напад, истото важи и за играчите од среден ред, Камби се остави од идење напред и константо е вклучен во акциите за гол односно обидите да се истера шанса за гол, се прави пресинг на половината на противникот кој е принуден да поставува игра за повеќе играчи напред, бековите, плус играчите од средината, плус тројцата во напад со што се остава поголем простор и за Снајдер и за Милито и останатите.

Единствено проблем е што моментално во средината само Гуарин е поофанзивен а Камби добива улога несвојствена за него во последниве 3 години, не и во ерата на Манчини каде знаеше ко и сега редовно да се уфрла во напад, даваше по 5-6 гола у сезона и имаше 3-4 асистенции и редовно учествуваше у акциите за гол. Е сега затоа Паулињо е играч кој ќе дојде ко џокер у покер и ќе е една од оние појдовни точки у оваа револуција, или еволуција сеедно, што Страмачиони сака да ја постигне со тимов, бидејќи средината ќе добие сосем поинаков изглед од она на кое ние сме навикнале, ќе биде подинамична, покреативна и многу полесно Интер ќе игра во ситуациите кога ќе напаѓа.

Треба да се остави простор на Страма, оваа година целта беше пред Се да се пласираат во ЛШ, све друго ќе е само плус, поготово доколку третманов на судииве остане ист, рачунајте дека лани беше целосен крах, 7мо место, мизерна сезона, една од најлошите, ретко кога у фудбал наеднаш нештата се менуваат после неколку месеци во следната сезона, поготово зашто Јуве веќе имаат дефиниран систем и шампионска формула која лани им донесе титула без пораз.
 
Eве што фатила камерата од реакциите на Страма


Ваљда после 2 години добивме тренер у права смисла на збор а ? :) На крај им направи и она со ушине, ко Пандев што прави, незнам зашто али и он беше мета на навивачите на Јуве со лоши скандирања, па на крај до грло им го стави ... до грло.
Памтам еден коментар на еден фан на Јуве кога Мур беше тренер а нив тренер им беше Чиро боксерот, вика, кога ќе го видам Мурињо како објаснува од клупа со тефтерчето што нонстоп го држи у раце, сваќам дека Јуве немаат тренер. Тој стил беа нешто и Интер во пост Мурињо ерата.

Иначе денес бил кај Комби на преглед, можно е да има фрактура на раката зашто ја удрил у плексигласот кај клупата кога Лихштајнер не доби втор жолт.
Самуел можно е да ги пропушти Аталанта, Ранокија исто се жалел на болки во бутниот мускул али ова веќе трае извесен период па бил и он на преглед али би требало да игра со Аталанта. Со Партизан ќе се изротира бајаги составот, небитен меч е тоа за Интер.

п.с.

533915_509076105778018_1200438862_n.jpg


:icon_lol: Страма млад, на Таљавенто личел :pos:
 
Снајдер се нервира со играчи кои не се ѕвезди, што не му се курчеше на Ето, ќе му врзе 2 шамари и ќе го седне на клупа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom