Aбе лани серијата ја направија со класична 442 формација со која успех Интер никад нит имал нит ќе има, играа 442 без крила, со деструктивци во средина и со бекови ко крила, Фараони и Алварез некад играа, или Занети и Алаварез, нападот целосно отсечен, тој период едноставно Милито влезе во форма, исто и Мота и останатите у пакет со нив и почнуваа да редат победи на сила, прашање на време беше кога ќе пукне таквиот пристап на Раниери, издржаа извесен период со таа серија поради одредени индивидуалци кои злато вредат за овој тим.
Тоа што Снајди не играше беше само коинциденција, фактот што Снајдер потоа не можеше да биде имплементиран во таа тактика на Раниери доволно говореше каков тренер имаат, да немаш место за играч ко Снајди у тим, профил на фудбалер што секој голем клуб на планетава го поседува ( Јунајтед - Сколс, Клевери; Челзи - Оскар, Лампард; Барса - Чави, Иниеста; Реал - Модрич, Озил и тн и тн ), ама Ранко знаеме дека сеуште живее у ерата на Битлси и дека дома слуша музика на грамофонска плоча, а у авион на вокмен. Не верувам дека овој проблем би го имал и Страмачиони, т.е. ова глупо е воопшто и да се нарекува некаков проблем.
Снајди и кога играше сезонава за Интер, играше у недефинирана тактика, у недфинирана филозофија, недифинирана идеја, не само он, сите не штимаа ( хинт, Ранокија, Самуел, поготово он, Милито, Гуарин исто мизерен беше, Камби просечен и тн и тн ), за Страма веќе имам кажано, практикант е, го отеков со тој збор, нормално е дека ќе греши и сеуште очекувам да прави извесни пропусти, јебига, нормално е тоа за него ко фигура у модерниов фудбал, нов е у овој занает али сега за сега е скоро перфектен.
Тек од наредна сезона од него имам огромни очекувања и убеден сум дека ќе го достави она што сите го бараат од тимов, поготово ако летово што следи му овозможат активно да биде вклучен во трансфер политиката и неговиот збор да е последен, пред Се за оние клучни засилувања, Мурињо пример никад не дал зелено светло за Арнаутович, самиот кажа, не го знам ко фудбалер, го следеле долго време го донесоа и немам никаков проблем да му дадам шанса во тимов, ако истата ја заслужи.
п.с. Једино нешто што ме загрижува е тоа што Алварез тешко дека ќе се пробие у првиов тим, а не сакам да биде продаден. Не е у години да се согласува за позајмици иако тоа би било најидеално во моментов.