Фан Клуб: Интер

Затоа ти реков за цитатот. Тоа го зборевме кога Камби беше во форма а овој Леива береше јаготки. Не знам сега како е ситуацијата не пратам Премиер.
 
Скрши нога Леива, до крај на сезона капут.
 
Па овој Леива нели со една нога бил моментално? :)

Туку прееска читав Борусија Дортмунд го барала Мунтари, баш да видам дали и нив ќе ги отера у пм. Мунтари ѕвер! :)
 
Само Реал или Барса би ги прифатил. Се друго е скалило подоле за него. Нема лабаво!
 
Незнам дали можеме да им веруваме на Тутоспорт, но прочитав дека Интер веќе платил 15М за Лавеци, и најверјатно би дошол летово. Знам дека сеа се шпекулира на големо, но истотака и агентот на Флоро Флорез(Паоло Палермо) вика сигурен сум дека Лавеци летово ќе заврши во Интер.

Но јас се прашувам зошто летово? Што ќе правиме ние до тогаш, дали воопшто ќе успеваме да се пласираме во ЛШ?
 
Не им верувам ја ништо, и да го признаат Калчополи пак нема да им верувам.
На лето е логично, Наполи жртвуваше многу за да стигне во оваа фаза на ЛШ, сега нема шанса да продадат играч.
 
Бидете среќни ако ќариме некоја нова камиказа зимава инаку нешто поквалитетно нема шанси ...
 
Како почнаа со трансфериве на играчиве стануваат поголеми лузери од Гасперини и Раниери заедно
 
Aко се разгледа историјата на Интер, големи трансфери во Јануари не правеле, голем трансфер во Јануари можат да си дозволат Сити, или Челзи ... Реал Мадрид.
Јануари е најделикатниот месец за преговарање, сред сезона е, не можеш да очекуваш дека Наполи ќе го дадат еден од своите лидери, т.е. според мене и главен играч во пакет со Хампик, сега, на сред сезона а заостануваат и во трката за ЛШ за наредната година а и сакаат добар пласман и во самото натпреварување сезонава.
Друга работа, тродупло им растат цените на ваквите играчи сега, лесно условуваат претседателите и ко што гледате, еден Керол кој преку сила тогаш вредеше 15м евра, беше продаден за над 30 ако не се лажам, а тоа се суми кои Интер ниту во периодите кога трошеа, не ги даваа во овој дел од годината.

Составот и ваков каков што е, може да дојде до третото место сезонава, Удинезе и Лацио се тимови кои се лесно достижни па последниов период со добри резултати ми врати надеж дека ќе успеат во намерата уште наредна година да бидат дел од Лигата на Шампионите.
--- надополнето: 28 декември 2011 во 01:36 ---
Како почнаа со трансфериве на играчиве стануваат поголеми лузери од Гасперини и Раниери заедно
Пола од шпекулациите врска немаат со реалноста, уште во периодот кога Диего отиде во Јуве со голема доза на резерва ги земам сите шпекулации, зашто според форумиве Јуве наводно у последен момент го украле Диего а татко му подоцна кажа дека Интер од старт му посочиле дека немаат намера толку да даваат за него и имаат друг план за тој дел од теренот, 10 милиони евра поевтин план, Снајдер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom