Aко се разгледа историјата на Интер, големи трансфери во Јануари не правеле, голем трансфер во Јануари можат да си дозволат Сити, или Челзи ... Реал Мадрид.
Јануари е најделикатниот месец за преговарање, сред сезона е, не можеш да очекуваш дека Наполи ќе го дадат еден од своите лидери, т.е. според мене и главен играч во пакет со Хампик, сега, на сред сезона а заостануваат и во трката за ЛШ за наредната година а и сакаат добар пласман и во самото натпреварување сезонава.
Друга работа, тродупло им растат цените на ваквите играчи сега, лесно условуваат претседателите и ко што гледате, еден Керол кој преку сила тогаш вредеше 15м евра, беше продаден за над 30 ако не се лажам, а тоа се суми кои Интер ниту во периодите кога трошеа, не ги даваа во овој дел од годината.
Составот и ваков каков што е, може да дојде до третото место сезонава, Удинезе и Лацио се тимови кои се лесно достижни па последниов период со добри резултати ми врати надеж дека ќе успеат во намерата уште наредна година да бидат дел од Лигата на Шампионите.
--- надополнето: 28 декември 2011 во 01:36 ---
Како почнаа со трансфериве на играчиве стануваат поголеми лузери од Гасперини и Раниери заедно
Пола од шпекулациите врска немаат со реалноста, уште во периодот кога Диего отиде во Јуве со голема доза на резерва ги земам сите шпекулации, зашто според форумиве Јуве наводно у последен момент го украле Диего а татко му подоцна кажа дека Интер од старт му посочиле дека немаат намера толку да даваат за него и имаат друг план за тој дел од теренот, 10 милиони евра поевтин план, Снајдер.