Фан Клуб: Интер

Кога играт интер во лигата која дата и колку часот и ќе има ли пренос некаде или треба сам да си барам пренос на интернет
 
Брат ти од кога се појави на форум јас прејдов во оптимисти :)

Епа брат ај демантирајме ако не се согласуваш со моето размислување бидејќи сепак форум е и секој има право да си го искажи своето мислење ....јас сум далеку од песимист како личност но сум и тоа како реален кога се однесува за спортски колектив во овој случај нашиот омилен клуб Интер...во подготвителните натпревари кога ги гледав како играат на моменти помислив дека всушност следам натпревар од втората МФЛ лига...разбирам дека лето е ова она и дека играчите не се доволно подготвени за да изиграат комплетен натпревар но реално целиот тим е катастрофа и со ваква основа не ветуваат ни Морати ни Гасперини дека евентуално ќе гледаме силен Интер кој ќе се бори за Скудетото оваа сезона(и тоа ќе ни станува сон пополека)...
 
Излеа нас највеќе ни одговара да не започне првенството на 28 август,и така Морати мисли на крај да купува па таман додека малце се уигра играчот ке дојде второ коло:)! Сега бидете среќни ако го купиме и Форлан,да не останеме со празни раце на крај:mad:!Морати вети силен Интер,рече кога ке го дадат Ето ке купеле,ајде го чекам денот кога ке купиме 2 асални играчи!
 
Епа брат ај демантирајме ако не се согласуваш со моето размислување бидејќи сепак форум е и секој има право да си го искажи своето мислење ....јас сум далеку од песимист како личност но сум и тоа како реален кога се однесува за спортски колектив во овој случај нашиот омилен клуб Интер...во подготвителните натпревари кога ги гледав како играат на моменти помислив дека всушност следам натпревар од втората МФЛ лига...разбирам дека лето е ова она и дека играчите не се доволно подготвени за да изиграат комплетен натпревар но реално целиот тим е катастрофа и со ваква основа не ветуваат ни Морати ни Гасперини дека евентуално ќе гледаме силен Интер кој ќе се бори за Скудетото оваа сезона(и тоа ќе ни станува сон пополека)...
Е ако де ја не ти реков нешто лошо, само сум среќен што ме надмина пошто порано јас мрчев :)

Не се согласувам дека сме катастрофа ама решив и предходно да почекам да дојде 31ви за да видиме комплетна слика од тимот. За жал 31-ви, ќе беше подобро веќе да ги имавме засилувањата и да се уиграа...

Сега како што стојат работите ако земеме два за едно ќе можам да дадам колку толку позитивно мислење. Мене ме плаши само да не ги влошиме работите со ликови како Паласио...

Се согласувам за левата бековска позиција дека ни свири, не сум преголем фан на Нагатомо а Сантон упорно ме разочарува. Маикон штом се опорави ќе биде ОК десно. Во одбраната не ме плашат играчите туку формацијата, ама овој решил да ја турка па останува да видиме.

Немам многу што да кажам, се надевам на уште едно засилување во средината и тоа офанзивно настроен играч, и ќе чекам да видиме како ќе ја пополниме дупката која ја остави Ето... за Милито се надевам дека ако остане ќе игра во старата форма.
 
Во што го потценувам ? Милито направил нешто што ниту еден играч во историјата на Калчото не направил, доволна е оваа реченица, повеќе нема што да зборам ...

Во овие 2 сезони од кога се они двајца тука кажи ми што патамат фановите на Меаца, оние најтврдокорните што и на тренинзи им одат, сезоната кога освоија тројна круна а Милито беше оној што со своите голови удри печат на сите три трофеи, кога Милито беше прогласен за најдобар играч во Лигата на Шампионите таа година од УЕФА, или Ето и неговите 6 гола повеќе во една мизерна сезона на Интер која фановите ја памтат токму по тоа, дека Интер биле мизерни а не по феноменалните игри на Ето каде се иживуваше против помалите тимови а против големите кога се кршеше сезоната го снема а на крајот ќе биде и запаметен дека отиде у некое си место Махачкала ( ваљда вака се пишува ) зашто му понудиле пребогат договор ...

Тоа е тоа, Ето ќе си остане Ето во историјата на Интер, дел од тим што испишал феноменална историја со тројната круна, а Милито ќе остане запишан како лидер на таа екипа и како једини човек што ги постигнал единствените голови што ја запечатија таа тројна круна.

Ја реално гледам на работите, ја не го валкам она што Ето го направил за Интер, ама да го ставам во ист кош со човек кој доби еден статус на легенда за само една сезона ( сезона која пред да почне сите кукаа за Ибра, како тоа немало кој да го замени ) поради она што го даде на тимот и фановите нема шанса, не само Ето, било кој друг играч на Интер у последниве 15 години е под Милито, он ти е уникат и не знам како може фан на Интер да не разбере што уствари направи типот во сезоната кога освоија тројна круна.

Не споредуваме сезони туку споредуваме играчи. Многу нормално дека сите навивиачи ќе ја памтат сезоната на требле како нешто неверојатно за разлика од минатата сезона. Милито не играше сам во требле сезоната и не беше единствениот играч што беше ненормално добар цела сезона. Скоро цел тим играа како лудаци. Маикон, Камбијасо, Ето, Снајдер беа еднакво заслужни за освојување на трите титули.
Милито цела сезона играше како најистурен напаѓач и единствена работа му беше да игра пресинг на централните и да игра најистурен напаѓач додека цел тим работи за него и нормално да дава голови:). И не сакам да кажам дека Милито не бил гол-машина или дека немаше ненормална сезона која ретко кој напаѓач ја има, туку не ми е јасно како од цел тим кој играше сензационално баш он беше лидерот. Ако ме прашуваш мене кој беше лидерот, ја би кажал Мурињо (за жал), зашо без неговиот систем и работа не верувам дека ќе одигравме така под било кој тренер.
Ја си останувам на ставот дека и Ето и Милито подеднакво придонеле за Интер во нивните кариери во клубот и дека неможеш да го издвоиш едниот од другиот. А како иде кариерата на Милито во Интер, осеќам дека ќе има се помалце фанови :)
 
Оди обеси се многу души ќе спасиш на форумов. :pos:
После тебе сум јас женските ко тебе имат предност така да повели:)
--- надополнето: Aug 22, 2011 9:59 PM ---
Точно оти че ја памтетат ама тоа е веќе во минатото милито беше во минатото добар сеаг во иднината е само вишок
--- надополнето: Aug 22, 2011 10:01 PM ---
Сам да си бараш
Епа ќе бараме друго чајре нема :D
 
После тебе сум јас женските ко тебе имат предност така да повели
Хахахахахахаххахаххахахахахѕхахахаха се правиш со сила паметен а не приметуваш дека само правиш будала од себе. Греота си!!!
 
1.Милито не играше сам во требле сезоната и не беше единствениот играч што беше ненормално добар цела сезона. Скоро цел тим играа како лудаци. Маикон, Камбијасо, Ето, Снајдер беа еднакво заслужни за освојување на трите титули.
Милито цела сезона играше како најистурен напаѓач и единствена работа му беше да игра пресинг на централните и да игра најистурен напаѓач додека цел тим работи за него и нормално да дава голови:). И не сакам да кажам дека Милито не бил гол-машина или дека немаше ненормална сезона која ретко кој напаѓач ја има, туку не ми е јасно како од цел тим кој играше сензационално баш он беше лидерот. Ако ме прашуваш мене кој беше лидерот, ја би кажал Мурињо (за жал), зашо без неговиот систем и работа не верувам дека ќе одигравме така под било кој тренер.
Ја си останувам на ставот дека и Ето и Милито подеднакво придонеле за Интер во нивните кариери во клубот и дека неможеш да го издвоиш едниот од другиот. А како иде кариерата на Милито во Интер, осеќам дека ќе има се помалце фанови :)
Цел тим играа како лудаци, ама он пак даде над 30 голови, дури и кога имаше кој да го редуцира неговиот потенцијал он имаше уникатна сезона за Интер, до сега невидена од моите и твои очи ( претпоставувам си фан на тимов 15 години, нека бидат и повеќе ).Тука бил еден од најдобрите играчи во историјата, Роналдо, тука бил еден од 5те најдобри напаѓачи на денешницата, Ибра, никој, буквално никој не бил ниту приближно до она ниво на игра на Милито од таа година.

За Мурињо не негирам дека е главна причина за тој успех, али ја потенцирав дека правам муабет стриктно за играчкиот кадар, доколку го иземеш Милито и го ставиш Ето на таа позиција, Интер никогаш немаше да го имаат тој успех, зашто ? Зашто Ето никогаш ниту имал ниту ќе има таква завршница ко онаа на Милито, нешто што е круцијално за системите на Мурињо ( што мислиш, зашто инсистираше он да биде доведен принцот ).

И сеа моментот, заедно со Ето придонеле подеднакво ... ?! За што придонеле подеднакво ? Кога Милито беше прв играч на тимот, он беше најдобар стрелец на екипата и освоија тројна круна а он ги доби следниве признанија, од УЕФА најдобар играч за 2010 и најдобар напаѓач за таа година, од Серија А, најдобар играч за сезоната 2009-2010 што доволно говори што бил Милито за Интер.
Кога Ето беше прв играч на тимот, Интер остана запаметен по лошата сезона и по нишо повеќе, Ето се иживуваше против помалите тимови, на моменти не делуваше како тимски играч на што многумина му замеруваа и потфрли кога беше најпотребно ( читај, се посрамоти ), тоа беше Ето лани, најдобар играч во лош тим, тим кој цела сезона мака мачеше со повреди., Милито од друга страна, најдобар играч во шампионски Интер.

Да кажеш дека Ето подеднакво придонел ко Милито ти е буквално исто ко да кажеш дека и Киву придонел подеднакво ко Самуел за да се има оној успех од 2010.

п.с. А Милито ќе има помалку фанови да, оние на интернет што се, што незнаат кој бил Интер до 2005, што мењаат мислења ко чорапи и само серат зашто нештата не им одговараат, што незнаат колку долго се чекало на оноа од 2010 ( једини случај во Калчото ), ама кај овие тоа никогаш нема да биде случај зашто они Интер го гледаат од една друга перспектива

304827_10150347807265309_305655805308_10358446_4061884_n.jpg
 
Го гледам Интер прилично долго и можам да кажам дека ни еден напаѓач го немал придонесот на Милито. Принцот направи нешто уникатно, нешто со што ќе остане запишан во историјата со златни букви, засекогаш, што би рекол Калински. Во сезона на тројна круна човекот ги реши сите финални натпревари. :cuc:

Мене засекогаш ќе ми остане омилен Роналдо, а се надевам дека еден ден некој напаѓач ќе направи нешто слично на она што го направи Милито.

Со ова не сакам да го омаловажам учинокот на Ето од минатата сезона затоа што играше ѕверски и беше едниствен кој играше на свое ниво, во екипа од туристи на продолжен одмор.
 
Сан Киву Самуел споредуваш.Не ти е омилен се гледа и јас не можев да ги трпам Златан па имав субјективни мислења.
Ето Мурињо го стави да игра бек зошто Милито не го стави човекот се уби от трчање по крилата.
Но што било поминало Ето има голем придонес во екипата доволно ќе беше и да седеше и на клупата Ето и Мурињо Ибра се карактери победници кога другите фудбалери гледат во нив го губат стравот имат самодоверба.Токму заради таквите ликови кој дојдоа во Интер,Интер го изгуби лузерскиот дух.
 
Syn, да не те цитирам ќе треба да скролам многу :)

Прво не сум толку стар ( мада почнувам да се осеќам веќе, никогаш не е добар знак кога некој копиљ у лифт ќе ти се обраќа со "добар ден") :D. Фан сум некои 13 години, груба проценка, и да во право си до сега не сум видел толку добро одиграна сезона од еден напаѓач во Интер, ама и не сум видел толку добар Интер воопшто. Интер што сум го гледал до сеа, освен таа сезона, бил неколку нивоа подолу од она што го гледавме во 2010.
Ето е уствари многу ефикасен шпиц. Ја незнам од каде искачаа тие теории дека он бил wasteful кога всушност типот е еден од најефикасните шпицови во последниве години. Земи ја и Барса земи го Интер. Еве погледни ја последната сезона во Интер и освен она промашување со Јувентус ( со Милан не му го земам толку за зло зш се работеше за инстинктивна реакција што не секогаш поминува добро), колку пати на ситуации еден на еден има зезнато шанса. Се слагам дека Милито во форма е далеку поубиствен од него, ама и Ето да го имавме тогаш ко шпиц немаше да ни биде лошо, воопшто, иако ова е што би било кога би било.
А и плус за мене Ето и таа сезона изигра неверојатно. Играше за тимот цело време, работеше тактичка работа и во исто време беше опасен во напад. А и 16 гола не се малце. Познато е дека ради него и Пандев и нивната игра на крило ние уствари ја освоиме ЛШ.
Работата е што ти ги споредуваш играчите врз основа на двете сезони, и тоа "сезона 2010- Милито, сезона 2011- Ето". Не можеш така да гледаш на работите зошто минатата сезона работите во Интер беа ужас и ниеден од играчите освен Ето не си ја оправда формата од ланската сезона. Ето дури и играше подобро со оглед на тоа што пак најчесто играше на крило и од таму тргаше. Во моментот кога имаше повеќе простор за него напред, он одма врати со ненормални бројки. Тоа за мене е сензационална кариера во Интер и искрено не памтам и многу играчи ко Ето да сме имале во тимот.
Со една реченица, не зависеше оваа сезона само од Ето исто како што не зависеше 2010 само од Милито. А ако погледнеш во двете сезони само Ето имаше две константни светска класа сезони.

Иначе добро те разбирам што значи таа сезона за нас интерашите и што значат играчите што играа тогаш. Такво нешто ретко се доживува ( и изглеа нема во брзо време ни да помислиме на тоа како стојат работите) , ама и треба да гледаме објективно на работите а не во емоционален контекст. Така се слагам дека секој навивач ќе ти каже дека тогаш бил најсреќен ама у тоа нема простор да цениш кој играч бил подобар за тимот.
Исто јака tatooe, само кажи му да избегнува плажа со миланези :D
 
Сан Киву Самуел споредуваш.Не ти е омилен се гледа и јас не можев да ги трпам Златан па имав субјективни мислења.
Ето Мурињо го стави да игра бек зошто Милито не го стави човекот се уби от трчање по крилата.
Но што било поминало Ето има голем придонес во екипата доволно ќе беше и да седеше и на клупата Ето и Мурињо Ибра се карактери победници кога другите фудбалери гледат во нив го губат стравот имат самодоверба.Токму заради таквите ликови кој дојдоа во Интер,Интер го изгуби лузерскиот дух.
Aбе како може Ето да не го сакам, никогаш ниту сум го мрзел ниту ќе го мразам како фудбалер, многу добро се сеќавам и што пишував на темава кога Ибра замина а Ето дојде, обожавам такви универзални фудбалери како него и никогаш нема да ги спорам неговите фудбалски квалитети, затоа и сакам тимот да го довете Тевез зашто негува сличен фудбал.

Али има едно АМА, секој е приказна за себе, Ето бил, е и ќе остане фудбалер кој реално не е добар во завршницата, секогаш потребни се повеќе шанси за да он се запише во листата на стрелци, дека Ето е победник, точно, е, ама дека Ето истата работа ќе ја завршеше ко Милито во тим кој не создава многу шанси во еден меч и тим кој не негуваше напаѓачки фудбал тешко.
Тој проблем сега Мурињо го има во Реал, нема убиец напред од типот на Милито или Дрогба, затоа воопшто не бев изненаден кога се поврзуваше Милито со Реал.

За Киву и Самуел, може претерана беше споредбата зашто Киву е ипак дрвце, али беше дел од онаа феноменална одбрана на Интер и прва опција за Мурињо па го спомнав, има разлика од придонес до придонес на одреден фудбалер, кога е во прашање нападот од таа сезона, на прво место убедливо води Милито, потоа доаѓа се останато.

Еве ти само еден пример од 09-10, меч каде Интер беше пред елиминација во групна фаза од ЛШ против Динамо Киев гости.

Eto'o: 5 - Despite his incredible scoring rate over his career, Eto'o has never been super-clinical and it was proven tonight as he missed an open goal and a one-on-one.

Milito: 7.5 - Rather anonymous outing from the Argentine until the final five minutes where he scored the equaliser and was instrumental in the winner.

Обрни внимание на болдираното, на оној сегмент super-clinical, тука е разликата Милито - Ето во Интер.
--- надополнето: Aug 22, 2011 11:28 PM ---
Со една реченица, не зависеше оваа сезона само од Ето исто како што не зависеше 2010 само од Милито. А ако погледнеш во двете сезони само Ето имаше две константни светска класа сезони.
Да не ти го цитирам цел пост, тоа што го кажав на Мите и за тебе важи, освен ова сега што го спомна.
Фудбалот е тимски спорт, нормално дека за било каков успех на екипите удел има цел тим, вклучувајќи ги и оние на клупата. Во сезоната 09-10, неколку фактори придонесоа за тој успех, фантастична одбрана, одлична трансформација од напад во одбрана и обратно, и супер финишот на нападот.

Од сево ова, за мене најважен фактор е она последното, се двои за нијанса од останатите 2 набројани фактори зашто во фудбалот победува оној со гол повеќе од противникот, Милито беше оној кој ја направи разликата на теренот. Во Барса се Чави, Иниеста и останатите, ама Меси ја правел разликата во многу наврати, така и Милито, во тој фантастичен тим ја правеше разликата кога беше најпотребно, доволно е да се видат двата гола од финалето во ЛШ, поготово вториот, а и оној со Рома од Купот, сам против цела одбрана на Рома.
Обрни и ти внимание на болдираниот дел од погоре ...

Е сега за она двете константни сезони, па извини ама Милито во една сезона се повреди 5 пати, на стартот од истата имаше проблеми со Рафаел Бенитез, самиот Ето кажа дека по 5то коло нешто пукна во соблекувалната, и Меси да е, 5 пати да се повреди во една сезона, да е раскаран со тренерот, нормално, нема да има перфектна сезона и ќе се мачи во истата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom