Навистина не разбирам што има потреба од лепење етикети еден на друг. Зборови како експерти и такви срања, навистина не се потребни тука. Ако некој не се сложува со некој друг, не е крај на светот. Аман ко деца веќе.
Еве за мене на пример MVP лани за Интер беше Мота, и годинава тоа го повторував нека се повредат сите, само он да не се повреди, ама никој досега не рекол нешто за Лео и за неговите “експертни“ тактики и тоа каде ги игра играчите, а за Мунтари кога играше крило на времето на Бени викавте и се деревте како да е крајот на светот. Зборов ми е, и јас сега кога некој го пцуе Мота треба одма ’’експерт’’ да го наречам? Пошо нели јас знам све, така? Затоа Син-е, полека, не дека нешто се навредив (или некој трет се навреде) ама да не го правиме фан клубот како тој на Јуве или такви клубови каде што повеќето се деца.
Сантон го критикуваш, значи пази, критикуваш дете кој Липи го повика за репрезентација да игра на 18 годишна возраст, затоа што на времето на Бени изиграл бедно. Ај вака да почнеме:
1. Лани па и годинава од Цезар, првиот голман на Бразил примивме минимум 10 гола. Од него само, не од одбраната, од Цезар.
2. Годинава од капитенот на Бразил, Лусио, сме примиле минимум 5 гола како ништо.
3. Од капитенот наш, тракторот, исто, минимум 5 гола.
5. Кастелаци, Киву, Кордоба... исто и од овие во времето на Бени беа најкриви за многу гола.
Ама не, тебе Сантон ти смета, го памтиш Сантон под водство на Мур? Мислиш годинава со Мурињо ке го земевме Нагатомо? Не, искрено те молам одговори ми, ама пред да ми одговориш мене одговори си себе си, дали Мур ке го купуваше и во најлудите соништа Нагатомо? Од примери погоре, гледаш дека нашите најдобри поединци под водство на Бени беа крш, некои уште се, ама сите знаеме дека Талахасе ништо не знае, Занети уште е 22 години. Овие се само одбранбените, да не зборувам за средината и за нападот. Навистина се чудам што гледате во Нагатомо за во иднина, убаво рече Бене, а и сите знаете и сами зошто е донесен Нагатомо, сите сме свесни не беше некоја сензација во Чезена, беше куп од ѓубре играчи, и ѓубре ќе остане, ме заболе мене дека играл во Интер, сум го пцуел Златан кога промашувал не пак овој, кој е никој и ништо и таков ке остане.
Тоа дека на ТВ ништо не се гледа, не се сложувам воопшто. Има работи кои на ТВ не може никогаш да ги гледаш ама најважното секогаш се гледа, како пример само, пушти во една соба 20 луѓе да гледат ист натпревар и после натпреварот прашувај кој бил најдобар поединец, 20 луѓе од стадионот и тие 20 што гледале на ТВ, 90% ке ти кажат ист одговор. Ама да, има работи кои не можеме никогаш да ги глеаме на ТВ, а тоа на тренинг што се случува да не правиме муабет. With this said (на мкд не знам фраза ваква) Краја од Кутињо е 1000 години назад во се. Во шут, во брзина, во техника, во памет, во све. Со живот се кладам на ова.