Немам речи. Не ги гледав последни 15 минути од што бев убеден дека нема ништо да направиме и овој Кастињос ме заеба.
Замените му беа чувај боже. Формацијата бетер. Станкович и Камбиасо не знам до кога ќе играат, ваљда дур не умрат на терен. Оби го жртвуе десно крило, Кастињос лево крило. Уште Нагатомо да го играше треквартиста, барем ќе разберев нешто, вака ништо не ми е јасно од замисливе на Тинкеров.
Што сте се запнале со Пацини? Не ли разбравте дека типот е искористувач на шанси, ако нема шанса нема да го видиме. Јасно е како ден. Ете лани, колку-толку имавме некоја концепција на игра со Лео, па се истури од голови Пацини. Секое второ добро нафрлување на Маикон беше гол од Пацини. Над десет гола да даде во полусезоната, доволен доказ дека он игра кога игра и тимот. Не е Роналдо па сам да си направи шанса и да даде гол. Класичен штекач, како Инзаги, Виери, Ван Нистерлој и други шеснаесетник играчи.
Проблемот е во концепцијава на тренериве после Мурињо. Сите како да сакаат да победуваат со тимот на Мурињо, а тимот на Мурињо умре во Мадрид, 2010. Има нови дечки кои плачат за прв тим, како Алварез, Оби (особено овој, ама на природна позиција, кај што е Камбиасо) и Џонатан, а он уште запнал со Камбиасо и Станкович.
Бреј колку се напнав. А на крајот, славеа како да освоиле пак Лига на шампиони, тоа беше најбедното.