Најпрво да ви се заблагодарам на сите Вас за трпението и довербата која ни ја пруживте. Во продолжение во кратки црти ќе би објаснам што како е со фан клубот:
1. Во врска со подароците и членските картички делумно е завршена работата, односно само подароците ги подигнавме а картичките сеуште не беа готови за што одговорното лице од CCICни се извини лично и не увери дека штом ќе бидат готови (според него тоа би било најдоцна до наредната недела) ќе ни ги испратат од Милано на нивни трошок со оглед на тоа дека вината лежи кај нив за задоцнувањето. Откако ќе ги добиеме ќе закажеме ден за генералното собрание на кое ќе бидат делени подароците и членските картички, ќе ги потпишете пристапниците и ќе го донесете пополнет следниов документ (објаснување имате подолу)
http://ccic.inter.it/documenti/201112/tesseramento/MODULO ISCRIZIONE 11_12.pdf како и изјавите заверени на нотар (ова важи за малолетните членови).
2. За новите членови што беше кажано останува истото, односно до 31 декември оваа година од CCICпримаат уплати за нови членови меѓутоа да напоменам дека ние Ви препорачуваме уплатата најдоцна до 08 ноември да ја извршите бидејќи да имаме време да ги испратиме парите во Милано за картичките и подароците да ви бидат спремни и да не чекаат кога ќе одиме на натпреварот Интер – Удинезе на 03 декември. Вие може да уплатите и подоцна меѓутоа ние не може да ви гарантираме дали ќе бидат готови до 03 декември или пак кога нареден пат ќе одиме за Милано за да ги подигнеме за оние кои ќе уплатат подоцна па можно е подолг период да сте без нив.
Документот се пополнувана следниот начин:
· DATARILASCIO – датум кога го пополнувате документот
· INTER CLUB – пишувате АРМАТА – МАCEDONIA
· COGNOME – презиме
· NOME – име
· SESSO – пол (пречкртајте со X)
· DATADINASCITA – ден, месец и година на раѓање
· CODICE FISCALE – матичен број
· NAZIONE – пишувате MACEDONIA
· INDIRIZZO – адреса на живеење
· N. – број на улицата
· CAP – поштенски број на градот
· PROV. – пишувате EE
· CITTA – град во кој живеете
· TELEFONO – телефон (фиксен)
· CELLULARE – мобилен
· E-MAIL – мејл
Интер Клуб Армата – Македонија
Претседател:
M.С.