Змија да те апне или магаре да ти го бапне

.
Аслани не прави ништо. Еднаш во 20 кола ќе асистира со Каљари, сите 19 други ќе пружи партии како да има 0 енергија и заинтересираност за играта. Гаљардини ќе трча како улав ќе дае гол, после голот епик фејл у одбрана ќе го издрибла некој просек и гол ќе примиме ако не си даде.
Anyway вчера многу добра утакмица, изгледаше како Баерн да е тимот што контролира се за некој што не го гледа Интер, а реалноста е дека Интер направи се како по упатство дадено пред утакмица. Дури и кога примија гол, истрчаа напред си дадоа лабавко голче коа демек у секој момент можевме да ви дадеме ама не мрзеше да се мачиме секако планиравме со 1 гол предност да си одиме. Мастерклас на Дон Инза у секој потег вчера на играчите се гледаше дека знаат како ќе се одвива дуелот и кога ќе паднат голови кога ќе се дрибла кога ќе се брани.
Баерн нема пораз дома 24 утакмици у ЛШ, ама и во гости Баерн е јака екипа, не се ни осети дека им фалеа првотимци вчера, а и Баерн е класика екипа германска додека не свирне судијата наредна среда крај има да се борат до максимум, не смее да се земе победава како гарант за минење напред, мора да запнеме ние нив да им доминираме кога ќе дојдат на Меаца наредна среда.