Фан Клуб: Интер

Доминација да, ама последниве 6-7 минути многу непотребни грешки, изгубивме интензитет. Ајде нека додадат гас во второ и да ја решиме.
 
Не знам за каква доминација зборите. Цела игра им е препуштена на Милан, стварно не ја сфаќам оваа филозофија на игра на Конте, слично беше и со Лацио. Мораа да ја искористат психолошката предност после голот, а и секако имаме супер напад, расположен Лаутаро и доминантен Лукаку. Играта против Јувентус кога ги тепавме, тоа ни треба во моментов, тотална контрола на играта. Ова не ми изгледа добро воопшто.
 
Ќе ја усерат 100%, осеќам дека ќе им "поклонат" еден глуп гол, и ќе заврши 1-1.

Многу несигурни ми делуваат овие во одбрана.
 
Мора уште еден гол да дадат пошто вака ништо не е сигурно. Треба да се фокусираат повеќе на посед на топка и да се игра повеќе на половина на противникот, вака сме под константен притисок назад и прашање на време е кога ќе направиме грешка во одбрана.

Барела врие, каква техника има, мајко мила.
 
Не знам за каква доминација зборите. Цела игра им е препуштена на Милан, стварно не ја сфаќам оваа филозофија на игра на Конте, слично беше и со Лацио. Мораа да ја искористат психолошката предност после голот, а и секако имаме супер напад, расположен Лаутаро и доминантен Лукаку. Играта против Јувентус кога ги тепавме, тоа ни треба во моментов, тотална контрола на играта. Ова не ми изгледа добро воопшто.

4 шанси имавме за 0-2...не знам како тоа ова не ви е доминација, а со Лацио ви беше иако Лацио буквално ни ја скрија топката и ни играа викторија во нашата половина
 
До кај 35 минута беше чиста доминација, последните минути се малку загрижувачки, не дека тие не притиснаа туку од ништо си правиме проблеми, посебно одбраната не ги чисти топките како што треба. Очекувам да влезат во второ како на почетокот на првото, да нагазат на топка.

Исто имам впечаток дека Милан се сконцентрирани да ја бранат страната на Хакими и Барела, затоа Перо има многу простор кога ќе добие топка и веќе направи две шанси.
 
Зборам за доминација во игра. 4те шанси што ги збориш горе-долу дојдоа од контра. Не сум фан на ваква игра, не знам што ги спречува да играат со сигурност и самодоверба како што играа против Јуве, а не вака да препуштаат на случајноста. Чалханоглу да не добиеше мозочен удар сега ќе беше 1-1 и толку од 4те шанси за 2-0.
 
Дај нека престане Лукаку да им се дере на сите на терен, мене ми иде да му влезам на терен за да го рашамарам (нормално, кога хипотетички би бил доволно физички импозантен, за да можам да го направам тоа).
Страшно нервира со тоа, а во 90% од случаевите он е крив за тоа што топката не доаѓа до него.
 
Да му влезам на терен и да го удрам со палка за безбол од позади :D
 
многу несигурни се назад, не знам што се глупираат, ако нешто не се смене во второ полувреме ќе примат сигурно еден гол..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom