Фан Клуб: Интер

Денес да се расправам со Конте затоа што прави тројна измена при водство, или да оставам за утре?

Ги издоминиравме како што се очекуваше, ама нешто се случуваше денес во одбраната, многу недоразбирања... имавме критични моменти кои не смеат да се повторат во наредниве натпревари.

Мислам дека разликата сега ја прави нападот, се разбудија од зимски сон, почнаа да погодуваат. Ако продолжат вака нема да имаме никаков проблем до крај.
 
Ги имаа и Милан нивните шанси, но нашите уште еднаш покажаа дека контрите кои ги правиме се убиствени за противниците.

Браво, сега класика да не киксираме на следниот натпревар и ќе биде супер.
 
Еј фала курцу што се вразуми Конте, искрено не очекував дека ова ќе се деси, ама гледајте го Ериксен на терен бреејј, разигрува па и трча назад во одбрана. На крај првпат да го видам и да се смее... многу ми е ќејф за Данецов, премногу. Тажно ќе беше да изгубиме ваква класа на играч, искрено мислев дека во јануари ќе добие шут карта.

Барела уште сега во моментов би го стаил капитен, абе гомново мало дава 200% од себе, на крај дури и ризикуваше повреда во тотално небитен дуел во 90та минута, врие и од борбеност и од технички аспект. И што се дешава не знам со Перишиќ, после прошлото дерби го прогласив за умрено, ама си ги повлекувам зборовите пошто денеска ги уништи оние мртовциве од Милан. Мноогу дисциплиниран е во одбрана, свака част.

И чекај за малце ќе заборавев... ПУШИ ГО БОСАНСКИ ЦИГАНУ!
 
Хеххе .
Хехеххехехехе .
Хехехеххехехехехеххее.

Шо се радувате бе, ако им свирнеа 3 пенала 3 - 3 ќе беше резултатот, алоо!!
 
Не знам само зошто цел Милан, беше толку убеден дека ќе победат на дербиво. Убаво е да имаш самодоверба, ама играш со директен конкурент за прво место. Потценувачки е такви изјави да даваш пред утакмици со кандидат за испаѓање, а не па пред една од најбитните утакмици во сезоната.
И тоа Кеси, од сите играчи, најде гомна да јаде како бил сигурен дека ќе тепаат. Не дека се надевал, не дека очекувал, туку сигурен бил човекот.
Малку повеќе понизност следниот пат ќе молам. :)
 
Ериксен и Перишич имаат драстично подобрување на форма и огромна самодоверба . Со Лацио изиграа одлично и го потврдија истото денес.
Битно е да немаме повреди и уигран тим поготово во овој дел од сезоната каде што со години сме влагале во криза.

Тука огромна заслуга на Конте , да беше сезонава со слична филозофија на почеток ќе бевме издвоени апла и во нокаут фаза во ЛШ.

Но и со скудето верувам нема навивач на Интер што нема да е презадоволен после 10 години суша. Иако има уште премногу да се игра ова е огромен чекор напред.

форца
 
Ериксен и Перишич имаат драстично подобрување на форма и огромна самодоверба . Со Лацио изиграа одлично и го потврдија истото денес.
Битно е да немаме повреди и уигран тим поготово во овој дел од сезоната каде што со години сме влагале во криза.

Тука огромна заслуга на Конте , да беше сезонава со слична филозофија на почеток ќе бевме издвоени апла и во нокаут фаза во ЛШ.

Но и со скудето верувам нема навивач на Интер што нема да е презадоволен после 10 години суша. Иако има уште премногу да се игра ова е огромен чекор напред.

форца
Март за интер е ко јануари за арсенал. Ако го поминеме добро ја веќе ќе ставам скудето :)
 
Прегледај го приврзокот 285176

Конечно насмевка на Данецот.
Уште стојам на тоа дека му лежат екипи кои ни играат отворено, а има проблем со бункер екипите. Се надевам дека брзо ќе ме демантира.
Автоматски споено мислење:

За една судбинаааааааа :pijani:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom