Трибиани
Ванда Вештерката
Не е неочекувано вака да се бламираат,ова веќе станува контиунитет како што спомна Ipoole и уште некој претходно секогаш после зимскиот период да ги фати бродолом..мене ми е чудно за големите очекувања што се имаат секое лето за после резултатите да не вратат во реалноста...можеби и немаме така добри играчи како што си мислиме и ги преценуваме,тука е нашата субјективност кога се работи за омилениот клуб каде одредени играчи ги преценуваме и очекуваме од нив перформанси еднакви за екипа што се бори за шампионска титула а тие толку му е капацитетот и подоцна се тешиме дека ќе напреднат и има време за нив.
На пример она на Мартинез што го промаши од 6 метра со глава е срамно и мизерно за професионален играч ,а камоли за играч што имавме огромни очекувања за него и прв стрелец во Аргентинското првенство со огромен потенцијал,или зицерите на Икарди каде реагираше аматерски неколку пати а ние и цел Интерашки фудбалски свет го правиме класа напаѓач со вредност од 150 милиони рамо до рамо со Кејн.
И јас сметам дека Спалети е виновен но не мислам дека е единствен виновник само што тој е единствениот механизам за нешто да се промени бидејќи нормално дека неможиш 20 играчи да смениш..ете и утре да дојди Конте пак тимот ќе игра со центрашутеви и ќе го бараат Икарди..сигурно нема да застанат акции ала Барселона да направат и да прават вишок со триаголници и дупли пасој...едноставно толку сме предвидливи што секој просечен тренер не научи како играме,правење изолации на Брозович и цела игра е блокирана бидејќи нема друг играч на средина на неговото ниво што можи да повлечи и да направи вишок со едноставен пас ,а Наионгал наркоманот ништо не игра и тука е проблемот.

И? Еве и да тепаме, што ќе се постигне со тоа? Ќе почне тимот магично преку ноќ да игра добро? Значи да разграничиме некои работи, има периоди кога тимот игра лошо, буквално во секоја екипа се дешава тоа во текот на една сезона, ама проблемот со Интер е што не играме фудбал веќе 2 месеци, односно од мечот со ПСВ навака. И лани беше исто, што значи дека има некој проблем во екипата, а нормално најголема кривица сноси тренерот, оти тој е одговорен за тактиката, изборот на играчите и мотивацијата. Од сите овие набројани работи Спалети не прави ниту една добра работа, нарочито кога е мотивацијата во прашање во минус е навлезен.