Фан Клуб: Интер

Белфодил до утре да шутира пенали нема да даде гол...

А од кај го ископаа овој Капело? Ке го биде детето... Алварез не знам што уште треба да покаже, заедно со Ковачич треба да биде еден од недопирливите играчи во Интер.
 
Рики гол, асистенција, и 2 пенали над него направени хаха Белфодил 2та ги промаши, едниот му го одбрани, другата пречка.
 
Оној Мира добар е (y)

Само знам дека и годинава ќе бидеме тиња.
 
А од кај го ископаа овој Капело?
Oд Болоња го купија летово.
А за Мира, Олсен и М`баје секоја чест подобро изигра и од играчи кој се во првиот тим на Интер.
 
Мислам дека треба првин да видиме како ке изиграме со Хамбург, Челзи и Реал Мадрид, па после да даваме коментари што, како и зошто.
 
Мислам дека треба првин да видиме како ке изиграме со Хамбург, Челзи и Реал Мадрид, па после да даваме коментари што, како и зошто.

Абе ни тие утакмици не се некое мерило за тоа како ќе играме следната сезона, ова се контролни утакмици каде е допустливо да се праат грешки. Како и да е, не гледам причина зошто оваа сезона би била полоша од таа ланската.

П.С. Вие што сте така песимистички расположени јас би ви предложил да си смените тим, еве ви го Наполи, Фиорентина, Сити, ПСЖ, Монако, Анжи..
 
Исла во Интер за 6,7м евра. Можеби и ќе се врати како што играше во Удинезе, ама коцка е трансферов за Интер. Добро, пак кој трансфер не е коцка...
 
Исла во Интер за 6,7м евра. Можеби и ќе се врати како што играше во Удинезе, ама коцка е трансферов за Интер. Добро, пак кој трансфер не е коцка...

Јас сум убеден дека со константна игра у стартни 11 и те како ќе си ја врати формата од Удинезе.

Според последните информации сумата што ќе ја плати Интер не е 6.7 или 6.85, туку 7 плус 500 000 во бонуси.
 
Одма doomsayers. :D

Пријателскиве се чисто да се испробаат некои замисли и тактики на тренерот. Друга е мотивираноста во пријателска и плус никој не сака да ризикува можна повреда. Башка што 2 недели ни е тренер типот и само што го реформиравме тимот, има доста работа пред нас не рипајте одма.
 
Џонтра Волта јас не сум песимистички расположен....само го коментирав предходниот коментар.
Гледам коментари што тука, што на ФБ лавина негативни коментари за една Тренинг-утакмица.

ке го дадам Манч. Јунајтед како пример од минатото каде на пред сезонските утакмици имал повеке порази, него победи, а ја освојувал титулата.
 
Вие па од прва знаете кој е патетик кој не како ке биде сезонава како нема да биде, ондак нема резон да го глеате Интер, стварно, коа више знаете што следи, нема поента, Гигли пуштете си го :)

Јунајтед од тајландски олстар изгубија, гол не дадоа, прв меч е по пауза, стварно незнам од кај ви е капацитетот да укапирате што ќе следи сезонава после овој меч, ја иначе не ни знаев дека играле, само глеам Белфглобил утнал 2 пенала :pos:, на строг пост е човекот, сватете го. :D

p.s. Да не налвагам у муабетите колку нови играчи има у тимов, тоа под дифолт се знае што значи во оваа фаза од подготовките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom