Фан Клуб: Интер

Ниту еден од нив не можеше да се донесе летоска, за Хамшик и Пасторе да не се објаснува подетално зашто е тоа така, додека пак за Озил, он јавно кажа дека нема намера да игра во лига ко италијанската и беше иницијатор за премин во Шпанија, дилемата беше само дали Барса или Реал.

Инаку се согласувам со тебе дека имало и други опции, секогаш ги има али ете, Интер се дрзнаа најмногу за оние кои беа желба на Рафа и искрено ја бар воопшто не ' тагувам ' поради фактот што не се реализираа тие трансфери зашто веќе и се изјаснив што ќе следеше потоа.

Не е работата само да се инвестира, многу е битно за што ќе се трошат парите а 40м евра за Кајт и Маскерано според мене ќе беше голема грешка, ко што и сметам дека ќе биде грешка евентуалната реализација на шпекулацијата која вели дека постои договор помеѓу Сити и Интер за Тевез со тоа што Интер нема да се обидат да ги ангажираат Санчез и Сахин ( играчи за кои и пешки би идел до Милано само за да ги видам у Интер ). :toe:
 
658j.jpg


Таман е составов според мене. Добро е што Нагатомо ќе игра, офанзивно сме мнооогу поопасни со него. Добро е што Мота нема да игра зашто ако играше, пак ќе седеше меѓу Лусио и Ранокија џао Бускец а Камби ќе дремеше напред. Вака Камби ќе си игра тоа што најдобро го знае, Занети ќе го покрива Маикон кој би требало да дреме напред а Деки ќе дава голови од центар.
 
Вечер ке плачат баварциве за Шалке ко шо плачеа на 22 коа проаѓавме од Ајриш \m :P
 
Вечер во 8 кај Гоцета се чекаме пак. :wink:

Aко не сме таму во кафичот сме.
 
Момцуи ајде вечер одиме на победа,убаво да си поминете ...штета што се разболев у последен момент
Ајде па заедно да славиме !!:toe:
 
Момцуи ајде вечер одиме на победа,убаво да си поминете ...штета што се разболев у последен момент
Ајде па заедно да славиме !!:toe:

Што бе ке си поминеме убаво? пак ке си кинеме нерви вечер осекам,кај ке змрзнам па и нервози ке трпам одзгоре !!! :)
 
'' Интелигентен човек во ваков тим ништо не треба да менува '' - Мурињо.
Не смени Леонардо, и? Интер 2 - 5 Шалке 05, Милан 3 - 0 Интер.
Не, мора да се менува, знаеме дека Мурињо беше можеби 50% од Интер во ЛШ, секој нареден тренер ќе беше само 10%, тие 40% мораше да се надокнадат. Ова за ЛШ.
За Сериа А е друг муабетот...
 
Не смени Леонардо, и? Интер 2 - 5 Шалке 05, Милан 3 - 0 Интер.
Не, мора да се менува, знаеме дека Мурињо беше можеби 50% од Интер во ЛШ, секој нареден тренер ќе беше само 10%, тие 40% мораше да се надокнадат. Ова за ЛШ.
За Сериа А е друг муабетот...
E да, играта во одбраната е идентична ко во периодите со Мурињо ...
Лео се врати на 4312 форматот, нешто што Рафа не го преферираше, али има разлика од 4312 до 4312, ко и од 4231 со Рафа и 4231 со Мурињо.

Башка за Леонардо 100 пати имам кажано, не го зема тимот во летен период, кога постои простор за подготовки, кога играчите немале проблеми со повреди и тн и тн, туку зема тим кој имаше преголем број на повредени играчи у тек на 6 месеци и тим што се бореше за Лига Европа, не можеш да ми кажеш дека и тоа нема негативен удел врз работата на Леонардо, кој нема големо тренерско искуство.

Како и да ја вртиш, Рафа промени Се, од стил на игра, од однос со играчи, од тренинг систем до ентериер у Апијано Џентиле, едностанво не можеше да поднесе секој негов нареден успех да му го препишуваат на Мурињо ( нешто што сакал нејќел мораше да биде случај ), и ради тоа негово валкано его Интер и те како патеше, се упропасти цела сезона.
Во сите интервјуа дебелиот се бламираше со тоа што велеше дека моменталниот успех на Интер се должи на кхм, КУПЕР и Манчини, никаде Мурињо не го спомнуваше, тоа доволно говори за неговата луцидност, луцидност поради која, ко што реков, Интер како клуб и те како трпеше.

Затоа, Рафа е причината број 1 зашто Интер ќе има многу лоша сезона, све остало е секундарно, секој си сноси дел од вината, али оној најголем дел од истата паѓа на Бенитез и неговата работа у Интер по превземањето на клубот па се до Декември.
 
Да, 5 -2 од Шалке е дело на Бенитез, и да, бламирачките 3-0 од Милан е дело на Бенитез, незалагањето на играчите на овие два натпревари е дело на Бенитез.
 
Да, 5 -2 од Шалке е дело на Бенитез, и да, бламирачките 3-0 од Милан е дело на Бенитез, незалагањето на играчите на овие два натпревари е дело на Бенитез.

А ти да го сменеше аватарот?:)
 
Не смени Леонардо, и? Интер 2 - 5 Шалке 05, Милан 3 - 0 Интер.
Не, мора да се менува, знаеме дека Мурињо беше можеби 50% од Интер во ЛШ, секој нареден тренер ќе беше само 10%, тие 40% мораше да се надокнадат. Ова за ЛШ.
За Сериа А е друг муабетот...

Колку сакаш да не убедиш дека Бенитез бил боље... Гарант тоа ти било желбата на Дедо Мраз што му ја кажа. :) „Дедо Мраз, кој и да дојде да не биде подобар од Бенитез, да ги убедам на форум дека е најдобар тренер“. :)

Соочи се, Леонардо со тим утепан на психолошко поле, да ги тргнеме на страна повредите, тортурите со читање филозофија што им ги давал на играчите и што уште не, успеа да го врати Интер на она место (во Италија зборам), што за дебелиот беше научна фантастика.

И сам знаеш дека е така.
 
Дело на Бенитез е следново, од можни 39, освоени 24 бодови, од 11 послендни утакмици на Интер до негов отказ само 3 победи, од кои и прв пораз по 49 меча чинам дома ... од Милан, кои играа со играч помалце цело второ полувреме каде Интер создаде 0 шанси за гол.

Тимот 6 месеци беше уништуван од неговата работа, искршен на мал милион парчиња кои ги составуваше бивши скаут, ти реплицирав пред некој ден на она твоено '' ништо не е сменето од ерата на Рафа '' што е типична лага и класична невистина колку да ти се истера муабетот Рафа не бил крив ( поента која не постои начин за да се докаже ), колку всушност нештата се сменети еден бивши скаут ни докажа дека тимов може многу повеќе од она што го гледавме со дебелиот во пакет со повредите '' кои не биле дело на работата на Рафа ''.

Интер сезоната во Италија ја загуби од Септември до Декември, а не од Јанаури па до ден денешен, тоа е факт, а мене од прв ден ко фан на Интер секогаш приоритет ми било скудетото, сезонава освојувањето на истото ќе беше нов рекорд во Италија, али ете, се случи Рафа, све остало ми е нерелавтно иако оние 2-5 не смееа да дозволат да се случат ...
 
А ти да го сменеше аватарот?:)
Зашо? :) (не губам јас кладби :D)

ФА и Син, не се губете, не се врти цел свет околу Бенитез. И да, ФА, ми ја исполни желбата дедо мраз :pos: (сериозно, боље тренер од Рафа, хмм.. Фергусон, Мурињо, Хидинг,... и уште неколку, но тие немаше шанси да се донесат, и решивме да донесеме скаутче :), и не,не е он крив што е скаут и што нема поим од тактики и фудбал, крив е некој друг, истиот оној што вика дека не ни биле потребни засилувања а што потоа донесе засилувања како нагатомо, пацини и каржа, и бјамбјани да не го заборавам, талентот... )
 
Па баш едно скаутче му покажа дека овој тим може повеќе од 7-мо место во Италија и баш со такви засилувања како Каржа, Пацини и Нагатомо успеа да се врати во битка за титулата, како што кажав, нешто што беше научна фантастика за келнерот.

Јас освен тебе, не познавам друг фан на Интер (и Марли :)) кој толку го брани Бенитез, човек со кој Интер беше седми во Италија, а еден скаут, непозналица во буквална смисла на зборот, успеа да освои толку поени колку што Бенитез можеби немаше да освои цела сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom